Македонија
Ќе се прават вонредни инспекциски надзори за да се намали загадувањето
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, согласно усвоениот Акциски план за краткорочни мерки за намалување на емисии на загадувачки супстанции во воздухот на Владата, започнале со вонредни инспекциски надзори без претходна најава на инсталации со А Интегрирана еколошка дозвола.
Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, вчера, во периодот од 18:30 до 23:30 часот, од страна на три тимa составени од државни инспектори за животна средина и стручни лица од Управата за животна средина при Министерството извршиле надзор на 11 инсталации од кои Макстил, Цементарница, Те-То, ЕСМ Топлана Исток-ЕСМ ТопланаЗапад, ЕСМ Когел и Либерти Македонија, се посочува, биле во работен режим, додека ЕСМ Енергетика, БАУЕР и ЈП Улици и Патишта-не работеле при надзорот, а за Скопски легури се наведува дека не работи повеќе години.
-При инспекциите се изврши контрола на режимот на работа на инсталациите, емисиите во амбиенталниот воздух и фрекфенцијата на мерење. На посетените инсталации им се дадоа препораки, во рамки на активностите за зголемување на општествената одговорност, да ги зголемат зелените површини што дополнително влијаат на подобрување на квалитетот на водухот. Дел од нив веќе имаат преземено бројни активности во овој правец, стои во соопштението.
Вонредните инспекциски надзори без претходна најава продолжуваат согласно утврдена динамика на територијата на целата држава, а информации за надзорите ќе бидат дополнително споделени, најавуваат од МЖСПП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

