Спорт
Познати се сите учесници на историското клупско СП, главно Бразилци
Фудбалерите на Ботафого се последните учесници на историското Светско клупско првенство, кое следното лето ќе се одржи во САД.
Во бразилското финале на Копа Либертадорес во Буенос Аирес, Ботафого го победи Атлетико Минеиро со 3:1 и со тоа стана последниот тим, 32., кој ќе го видиме во борбата за светската клупска титула.
Иако Ботафого играше со десет играчи од втората минута, победи со головите на Луис Енрике, Алекс Телес и Жуниор Сантос. Стрелец за Атлетико беше Едуардо Варгас.
Светското клупско првенство во новиот формат ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година, со учество на 12 селекции од Европа, шест од Јужна Америка, по пет од Северна и Централна Америка, по четири од Азија и Африка, и еден од Океанија.
Бразил ќе биде најзастапен со четири претставници, а ждрепката ќе се одржи на 5 декември годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен: Расел нека оди да се е.е
Макс Ферстапен, светски шампион во Формула 1, победи на трката за Големата награда на Катар во неделата. Сепак, по трката, наместо победата вниманието го привлече неговата расправија со Џорџ Расел, возачот на Мерцедес.
Ферстапен ја обезбеди пол-позицијата во квалификациите за прв пат по Големата награда на Австрија, но остана без неа три часа подоцна.
Официјалните лица долго го разгледаа инцидентот во кој Холанѓанецот наводно го блокираше Расел, во неговиот последен летечки круг и на крајот го казни светскиот шампион со едно место на гридот, промовирајќи го Расел на пол-позицијата. Инаку, Ферстапен ја освои пол-позицијата со 55 илјадити делови од секундата подобро време од Расел.
По трката, дојде до расправија во просторијата за состаноци, а Холанѓанецот беше видно изнервиран.
“Бев изненаден од се што се случи и што беше кажано. Тој секогаш се однесува многу убаво пред камерите. Но кога ја знаете приказната внатре, тогаш знаете дека тој е сосема друга личност. Не можам да издржам. Многу пати сум бил во салата за состаноци со луѓето со кои се тркав.
И никогаш не сум видел некој да се обиде да за.бе некого толку силно. Изгубив секаква почит кон него. Беше смешно како се обиде да изнуди казна, јас бев многу лут“, изјави Ферстапен.
И шпанска „Марка“, објави дека во интервју за холандските медиуми, Ферстапен дополнително ги загубил нервите: „Може да оди и да се е.е, не сакам повеќе да имам работа со него“.
Спорт
Кимих во јануари ќе донесе одлука дали ќе остане во Баерн
Една од најважните задачи што го чека Баерн се преговорите со Јозуа Кимих околу продолжувањето на неговиот договор.
Актуелниот договор на германскиот репрезентативец истекува на лето. Ситуацијата со Кимих внимателно ја следат неколку врвни европски клубови.
„Нема да чекам да заврши сезоната. Ќе седнам во следниот период да размислам и да ја видам поголемата слика. Дефинитивно ќе донесам одлука во јануари“, изјави Кимих.
Кимих во Баерн дојде во 2015 година од Лајпциг. Ова е негова 10-та сезона во најголемиот германски клуб. Одигра вкупно 409 натпревари во сите натпреварувања, постигна 42 гола и учествуваше во освојувањето на осум титули во германскиот шампионат, три купа, шест Суперкупа, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Спорт
Саво Милошевиќ ненадејно го напушти Партизан
Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ, ненадејно поднесе оставка, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите, Милошевиќ поднел оставка бидејќи не успеал да постигне договор со челниците на клубот околу намалувањето на платата. Милошевиќ претпладнево се појавил во клубот, се поздравил со вработените и си заминал.
„Милошевиќ се реши на тој чекор ненадејно, иако немаше индикации дека такво нешто може да се случи, со оглед на фактот дека во претходниот период го стабилизираше тимот и успеа да забележи шест победи од осум натпревари, со две ремија“, пишува српски „Телеграф“.