Македонија
АХВ откри нерегистрирана кујна и оштетени површини каде што се готви за деца
Агенцијата за храна и ветеринарство при спроведени контроли во 36 училишни кујни утврдила дека една кујна не била регистрирана, а во кујните во четири училишта биле оштетени работните површини. Земените примероци од храна биле во ред, а од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детекирале незадоволителни резултати.
За нерегистрираната кујна изречена е прекршочна санкција и наредено е итно регистрирање.
Издадени се и решенија со мерки за отстранување на недостатоците утврдени во четирите училишни кујни каде биле оштетени работните површини.
– Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна на територијата на цела држава, со акцент контролите во кујните во училиштата и установите каде се згрижуваат граѓани од ранливите категории, каде контролите ќе се спроведуваат континуирано, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РКЕ ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).
АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач.
Оваа цена ќе има влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според него, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.
Македонија
Укината е забраната за тешки товарни возила на патот Битола – Ресен преку превојот Ѓавато
Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на патниот правец Битола – Ресен на превојот Ѓавато е укината за забраната за тешки товарни возила.
Врнежите од снег во текот на завчерашниот и вчерашниот ден во одредени делови од државата предизвикаа проблеми и го отежнаа сообраќајот на државните патишта.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, во останатите делови врнежите се од дожд
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија,додека во останатите делови врнежите се од дожд.
„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема ( ланци )“, соопштија од АМСМ.