Спорт
(Видео) Страшни сцени во Фиренца: Бове се онесвести, дербито прекинато
Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер во 14. коло од Серија А беше прекинат, откако на теренот колабираше играчот на домашниот тим Едоардо Бове.
Во 17. минута играчот од средниот ред на Виола се наведна да си ја врзе врвката од копачката и сам се струполи.
⚽️🇮🇹 ALERTE – Edoardo Bove, joueur de la Fiorentina, vient de s’effondrer au sol lors de la rencontre entre l’Inter Milan et la Fiorentina. (témoins) pic.twitter.com/hu8wtcsGbw
— AlertesInfos (@AlertesInfos) December 1, 2024
Тој остана да лежи неподвижен, а потоа дотрчаа да му помогнат играчите, лекарите и членовите на стручниот штаб. Бове потоа на носилки бил однесен во Брза помош, која го однела во болница.
Бове има само 22 години, во клуб од Фиренца пристигна минатото лето.
Италијанецот е дете на Рома, чиј дрес го носеше претходните четири сезони.
Prayers for Edoardo Bove who was down in the Fiorentina and Inter Milan game today. This is very sad 🥹💔💔🤦♂️
pic.twitter.com/VJ9zSR6Zda— Tema Mayor 🇬🇭 🇬🇧 (@Pro_designer_) December 1, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По дебаклот против Атлетико Ваљадолид го отпушти тренерот
Уругвајскиот стручњак Пауло Пеколано повеќе не е тренер на фудбалерите на Ваљадолид, соопшти шпанскиот клуб.
Шпанските медиуми пренесуваат дека челниците на Ваљадолид решиле да го отпуштат уругвајскиот тренер поради лошите резултати во Примера.
Ваљадолид, синоќа на домашен терен беа прегазени од Атлетико Мадрид (0:5) во натпреварот од 15. коло. Ваљадолид моментално е на последното, 20. место на табелата со само девет бодови.
Пеколано (41) стана тренер на Ваљадолид од април 2023 година, на 71 натпревар забележа 28 победи, 15 нерешени и 28 порази.
Спорт
Фиорентина: Бове е свесен и дише без помош на апарат за кислород
По страшните сцени кои се случива вечерва на „Артемио Франки“ во Фиренца, кога колабираше фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове, се позитивни вести се огласи клубот.
Фиорентина и Интер го играа дербито од 14. коло на Серија А, во 17. минута, домашниот играч за врска Едоардо Бове сакаше да си ги врзе врвките од копачките и само се сруши на тревата.
Реагираа фудбалерите на теренот, медицинските тимови, а Бове со возило на итнат помош веднаш е префрлен во болница.
„ФК Фиорентина и Универзитетската болница Кареџи соопштуваат дека фудбалерот Едоардо Бове, кој беше спасен на теренот откако се онесвести за време на натпреварот Фиорентина – Интер, моментално е под фармаколошка седација и хоспитализиран на интензивна нега“, објави Фиорентина, додавајќи дека Бове е свесен и дише без помош на апарат за кислород.
Брзата реакција на медицинскиот персонал била клучна во оваа ситуација.
Натпреварот во Фиренца е прекинат, Фудбалскиот сојуз на Италија дополнително ќе го одреди терминот кога тој ќе продолжи.
Спорт
Салах: Ова беше мојот последен натпревар против Сити
Мохамед Салах, најдобриот играч на Ливерпул, уште еднаш навести дека оваа сезона веројатно е последна за него во клубот.
Договорот на Египќанецот истекува во летото 2025 година. Исто така договорите им завршуваат на Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд. Нема индикации дека Ливерпул им понудил нови договори.
По натпреварот против Манчестер Сити (2:0), на кој постигна гол и асистираше, Салах изјави дека во неговата глава ова бил последен меч против „граѓаните“.
„Искрено… Тоа е во мојата глава. Засега, ова е мојот последен натпревар за Ливерпул против Сити. Уживав, ќе уживам во секоја секунда овде. Се надевам дека ќе ја освоиме лигата. Ќе видиме што ќе се случи “, изјави Салах за „Скај Спорт“.
Египќанецот најверојатно мислеше дека ова ми бил последен меч против Сити на „Енфилд“, бидејќи двата тима ќе се сретнат на „Етихад“ на 22 февруари.