Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патот Битола – Ресен преку превојот Ѓавато
Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на патниот правец Битола – Ресен на превојот Ѓавато е укината за забраната за тешки товарни возила.
Врнежите од снег во текот на завчерашниот и вчерашниот ден во одредени делови од државата предизвикаа проблеми и го отежнаа сообраќајот на државните патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Санкционирани 𝟤𝟣𝟤 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 25.11. до 01.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 212 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопшти ПОЦ.
Македонија
МВР објави оглас за вработување на над 100 лица
Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 101 извршител за работа на неопределено време. Како што е наведено во огласот се бараат:
– 48 извршители (приправници – со или без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС.
– 53 извршители (приправници – со или без работно искуство) со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно средно образование во областа.
Вработувањата се предвидени во различни Сектори за внатрешни работи. Во СВР Тетово ќе бидат примени тројца извршители со завршено средно образование.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните општи услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија,
– да се полнолетни,
– активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
– да се здравствено и психофизички способни,
– да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование,
– со безбедносна проверка да е утврдено дека за истите не постои безбедносен ризик од вработување,
– со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
– да не се членови на политичка партија или членови на органи и тела на политичка партија и
– да имаат положено тест за интегритет.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните посебни услови:
– основно познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност) и познавање на работа со компјутери.
Огласот е отворен 15 дена, а деталите може да се најдат на веб страницата на МВР.
Македонија
Прибрани се траги за вештачење и се врши увид во снимките од надзорните камери, велат од Обвинителството по опожарувањето автомобили и објект во Куманово
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите на кои беа опожарени два автомобила и една деловна просторија.
Од Обвинителството велат дека се преземени се сите дејства и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето.
Прибрани се траги од самото местом, кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видеонадзор.
Како што извести Обвинителството, еден од автомобилите е на јавен обвинител.