Македонија
ЈО на чело со Љупчо Коцевски, наместо да го санкционира криминалот, ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ ја заробија правосудната власт и ја претворија во алатка за политички клиентелизам, што резултира со институционална инерција. СДС и ДУИ предизвикаа ерозија на довербата во јавните институции и судскиот систем“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ го повредија владеењето на правото и ја поткопаа јавната верба во способноста на државата да обезбеди правда без да има присуство на пристрасност, особено кога политичките елити на СДС и ДУИ се вклучени.
Врхушката на СДС и ДУИ се исплашени за милионите кои што ги спечалија на грбот на обичниот народ и поради тоа што се плашат дека доаѓа време за правда тие посегнаа по примитивни методи, со што ја уназадуваат државата.
Обвинителите и судиите избрани во Струмица и Зајас не смогнаа сили да се издигнат над ситуацијата и да делуваат професионално.
Само обвинителите на кој Коцевски им е одговорен и Коцевски не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино, МЕПСО, Онкологија, ЈПДП, Државна лотарија и многу други.
Обвинителите и судиите на Заев и Ахмети за стотици предмети кога треба да се одлучува и да стави потпис на налог за увид, претрес или лишување од слобода, тие се трудат со сите средства да ги опструираат процесите.
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција.
Неактивноста на Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај граѓаните од правосудниот систем, со тоа што се обидуваат да ги заштитат своите разбојници од правни последици, а на тој начин ја прошируваат корупцијата како да е нормална појава и комплетно го блокираат правосудството. Поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти.
СДС и ДУИ ги окупираа институциите со нивните функционери за да ги заштитат нивните интереси и да ја задржат власта.
На тој начин СДС и ДУИ ја лишија јавноста од правичност и отчетност.
ЈО да се разбуди и почне да работи, граѓаните очекуваат правда и владеење на правото“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево, со температури до 19 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 до 3, а максималните од 15 до 19 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 17 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.
Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели.
Во објавата, Лога се извини на сите што можеби се почувствувале повредени од негов збор или однесување, нагласувајќи дека секогаш ги кажувал своите ставови без да ја пресметува цената.
Тој потсети дека бил генерален секретар, а потоа и потпретседател на Алијансата за Албанците, и им се заблагодари и на гласачите на Европскиот фронт и Националната алијанса за интеграција.
Лога зборуваше и за своето семејно и политичко потекло, опишувајќи ја средината во која израснал, обележана со притисоци и прогони во поранешниот југословенски систем.
Во пораката наведе дека Северна Македонија заслужува да биде слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани и повика на заедничка одговорност во градењето на земјата.
На крајот, Лога порача дека ќе остане меѓу граѓаните, но отсега на послободен и независен пат, како што рече, како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето.
Македонија
„Супорт Кочани“ ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите од пожарот
Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“ истакнуваат од Support Kocani.
Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.

