Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција на граничниот премин Деве Баир, приложил фалсификувана возачка
Вчера, во 9.30 часот, на граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 52-годишниот Ч. Ј. од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола.
Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Крива Паланка, а Ч. Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со пушка пукал кон ловечко куче и го усмртил: кривична за 83-годишен маж
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено на 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил.
Црна хроника
Со закана од оружје сакал да краде во продавница на патот Струга – Дебар, па се исплашил и побегнал
Синоќа во 19.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во продажен објект на магистралниот пат Струга – Дебар, едно лице со закана со огнено од оружје се обидело од вработената да одземе пари, но кога почнала да бара помош, лицето се откажало и заминало од местото.
Увид извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Возило излета од булеварот Јане Сандански, четири лица пренесени на Клиника
Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Љ.Т., излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници од Скопје и уште една сопатничка В.Т.(64) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.