Спорт
Реал ќе отвори преговори за Диого Дало
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид прави планови за зимскиот и летниот преоден рок во 2025 година.
Од пред неколку месеци е познато дека позицијата лев бек најверојатно ќе ја заземе Алфонсо Дејвис. Канаѓанецот по завршувањето на актуелната сезона кога ќе пристигне како слободен играч, додека Трент Александер-Арнолд се уште е голема желба и има најави дека Реал сака да го донесе оваа зима поради повредата на Дани Карвахал.
Но Трент не е единствената желба на Реал на позицијата десен бек. Имено, Реал Мадрид се фокусирани и на Диого Дало и наводно во Манчестер јунајтед биле свесни за интересот. Јунајтед нема да се противат да преговараат околу Дало но само доколку понудата е над 50.000.000 евра.
Дало минатата сезона беше најдобар играч на Манчестер јунајтед избран од соиграчите, а со доаѓањето на неговиот сонародник Рубен Аморим, неговата важност за тимот уште повеќе се зголеми. Постои извесна можност Јунајтед да се согласи да вклучи и други фудбалери во зделката, покрај паричниот надомест. Но, Рубен Аморим ќе сака да го задржи.
Како што е познато, Трент и понатаму е прва цел, но бидејќи постои можност тој да остане во Ливерпул, Реал мора да има и „План Б“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

