Контакт

Култура

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ „Охридско лето“

Објавено пред

Магистер доцент Ѓор­ѓи Цуцковски, оперски пејач, пр­ве­не­ц на Опе­ра­та при Националната опе­ра и Ба­лет (НОБ), е нови­от директор на НУ „Охрид­ско ле­то“. Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Анита Алоска која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци.

dobivaj vesti na viber

Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера, која вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и во Европа. Освен како истакнат македонски уметник, има дадено особен придонес за македонската култура и како пoранешен уметнички директор на Македонската опера и музички селектор на фестивалот Охридско лето.

„Охридско лето за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата директор на НУ ‘Охридско лето’ со надеж дека ќе ја продолжиме долгата и богата традиција на успешни и спектакуларни настани на најголемите светски уметнички имиња и дека фестивалот ќе продолжи да ја негува богатата традиција од 64 години“, вели Цуцковски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Моја бесмртна љубов“ со Моника Лесковар и Лубнан Балбаки во Филхармонијата

Објавено пред

Овој четврток, со почеток во 20 часот, во Македонската филхармонија, ќе се одржи концертот насловен „Моја бесмртна љубов“ на кој како солистка ќе настапи виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, а диригент е Лубнан Балбаки од Либан. На програмата се симфониската поема „Апотеоза“ од македонскиот композитор Михајло Николовски, Концерт за виолончело и оркестар во ха-мол од Антонин Дворжак и Симфонијата бр.3 од Лудвиг ван Бетовен.

dobivaj vesti na viber

Лубнан Балбаки е роден во 1981 година во Бејрут и е најмладиот редовен диригент во Либанскиот филхармониски оркестар. Низ целиот свој живот, Балбаки бил опкружен од уметници од блиското семејство: сликари и музичари, кои ја создале инспиративната атмосфера што помогнала да се изгради неговиот музички пат. Музичкото патување на Балбаки започнува кога се запишал на часови по виолина на Националниот конзерваториум за музика на Либан, во Бејрут, на 12-годишна возраст. Неколку години подоцна тој го започнал своето академско патување на додипломски студии по музикологија на Универзитетот „Свет Дух“ во Каслик (УСЕК). Во 2009 дипломирал на Одделот оркестарско диригирање на Академијата за музика „Георге Дима“, под менторство на маестро Петре Шбарцеа во романскиот град Клуј-Напока, со нагласок на изучување на Oдделот композиција со Шего Петер. Балбаки магистрирал во 2011 година на Oдделот за оркестарско диригирање на Националниот универзитет за музика во Букурешт, под менторство на д-р Хориа Андреску. Во 2017 ги започнал докторските студии, каде што тема на неговото истражување била „Психолошката врска помеѓу диригентот и оркестарот“ под менторство на д-р Дан Диу. Помеѓу 2018 и 2019 година Лубнан Балбаки се здобива со уште една диплома по оркестарско диригирање на Универзитетот за музика и уметности во Виена (Австрија), со професор Јоханес Вилднер, како негов ментор. Паралелно со своите студии, учествувал и на повеќе мастер часови по оркестарско диригирање со познати европски диригенти како Курт Мазур, Колин Метерс, Конрад фон Абел и Кристијан Бадеа. Во 2013 е назначен за редовен диригент на Либанскиот филхармониски оркестар и го основал Националниот младински оркестар. Откако ја започнал својата музичка кариера, Балбаки работи како музички советник и шеф диригент со Маџида ел Руми и Марсел Калифе. Во 2016 година е награден од страна на либанското Министерство за култура, за неговиот исклучителен придонес кон уметничката и културната сцена во Либан.

Хрватската виолончелистка Моника Лесковар (Кројцтал, Германија, 1981) почнала да свири виолончело на шестгодишна возраст во класата на Добрила Берковиќ Магдалениќ, во Загреб. На 13 години го привлекла вниманието на јавноста кога ја освоила првата награда на Меѓународниот натпревар „Чајковски“ во Сендаи, Јапонија, во 1995 година. Во Загреб била и ученичка на Валтер Дешпаљ, пред да ги продолжи студиите во Германија, каде што добила диплома и завршила постдипломски студии во класата на Давид Герингас на „Hochschule für Musik Hanns Eisler“ во Берлин. Во 2006 година станала негова асистентка во истото училиште. Моника Лесковар посетувала мастер часови кај Мстислав Ростропович и Бернард Гринхаус. Била победник на многу меѓународни натпревари, како ARD во Минхен (2001), „Мстислав Ростропович“ во Париз, „Роберто Каруана“ во Милано (1999) и „Адам“ во Нов Зеланд (2003). Како солистка настапувала со значајни оркестри, под диригентската палка на имиња како Валериј Гергиев, Томас Хенгелброк, Кшиштоф Пендерецки…, а е и честа гостинка на престижни фестивали низ светот. Лесковар редовно настапува во камерни проекти, соработувајќи со интернационални уметници, вклучувајќи ги и Ивана Шварц Генда, Борис Березовски, Софија Губајдулина, Јуриј Башмет, Џулијан Рахлин, Стефан Миленковиќ, Миша Мајски, Итамар Голан, Гидон Кремер, Марио Брунело, Пати Смит, Јанин Јансен и други. Во сезоната 2010/2011, била прва виолончелистка во Минхенската филхармонија. Од 2012 година предава на Конзерваториумот „Звицера Италијана“ во Лугано, а од 2017 година е доцент на Музичката академија при Универзитетот во Загреб. Свири на виолончело изработено од италијанскиот мајстор Мантегаце од 1765 година, дадено на заем од Академијата „Кронберг“. Свири и на виолончело од неаполскиот мајстор Винченцо Постиљоне од 1884 година, кое ѝ било доверено на користење од Градот Загреб и Загрепската филхармонија.

Прикажи повеќе...

Култура

„Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети на 11 декември на сцената на Националната опера и Балет

Објавено пред

На 11 декември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од големиот италијански композитор Гаетано Доницети.

dobivaj vesti na viber

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е гостинот Дарио Салви (Шкотскa/Италија), режисер и сценограф е Лев Пулиезе (Италија), костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Во оперската претстава ќе настапи врвна домашна солистичка екипа, предводена од нашата првенка Ана Дурловски во насловната улога, која продолжува да остварува блескави успеси на европската и светска оперска сцена восхитувајќи ги критичарите и публиката со својата совршена техника и интонативна прецизност, Марјан Јованоски, Ѓорѓи Цуцковски, Никола Стојчески, Александар Стефаноски, Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го напишал либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. Операта премиерно е изведена на 26.09.1835 г. во Театро Сан Карло во Неапол. Дејството во оригиналното дело на Сер Волтер Скот се базира на вистинска случка во историјата на фамилијата Стер. Настанот се одвива во Ламермур, место во Шкотска во 1669 г. Либретото на операта ја содржи основата на приказната на Сер Скот но Салваторе Камарано во драматуршката разработка на дејството воведува и други личности кои во делото на Скот не постојат.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на фотографии и промоција на фотокнига „Треперење“ на Боро Рудиќ во МКЦ

Објавено пред

Во вторник, (03.12.2024) во 19 часот, во МКЦ (галерија на Младински Културен Центар) ќе се отвори изложба на фотографот Боро Рудиќ, под името „Треперење“.

dobivaj vesti na viber

На истиот настан ќе биде промовирана и неговата најнова фото книга „Треперење“.

Преку оваа изложба и фотографска књига, авторот истражува можност за редефинирање на перцепцијата на естетиката во однос на традиционалните норми. Природата е најчестиот мотив во фотографијата, често окована со одредени правила и табуа кои ја обликуваат нашата визуелна перцепција. Што се случува со нашата перцепција како набљудувачи (или фотографи) кога излегуваме надвор од зоната на удобност и ја гледаме природата на сосема поинаков начин?

Оваа изложба има за цел да ги предизвика воспоставените визуелни концепти, поттикнувајќи ги гледачите да ја преиспитаат и да го реинтерпретираат она што го сметаат за естетско во природниот свет.

Изложбата тежи кон ослободување од стандардните канони на убавина, овозможувајќи нов поглед на природата преку иновативни и неконвенционални техники на фотографирање. Преку овој проект, авторот се надева дека ќе се отвори дијалог за флексибилноста на естетските норми и ќе се поттикне креативно размислување надвор од традиционалните рамки.

За оваа изложба и фотокнига, Ферид Мухиќ вели: …„Како оригинално истражување на границите на човечката перцепција и можностите на современата технологија во сферата на визуелните уметности, во кое е максимално нагласен и личниот стил на уметникот и неговите преференци во изборот на естетските конпоненти, изложба на Боро Рудиќ претствува крупен иновативен чекор во истражувачките техники во подрачјето на фотографија и возбудливо визуелно-естетско доживување“…

Изложбата ќе трае до 15.12.2024.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јаневска: Политиката најмалку треба да ја има во училиштата, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е законско а инспекторите да работат по закон, информира министерката за образование...

Македонија4 часа

ДУИ: Скандалот во Судскиот совет – огледало на заробената држава

Оставката на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претставува уште еден драматичен момент кој ја одразува алармантната состојба на заробената...

Економија4 часа

Струјата нема да поскапи повеќе од еден процент, а дополнителна евтина тарифа засега нема, најави Бислимоски

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, денеска ги соопшти цените за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија,...

Македонија5 часа

Никому нема да му дозволам да го валка мојот образ: Дамева, претседателката на Судскиот совет, си поднесе оставка

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка. На денешната прес-конференција таа изјави дека изминатиов период од страна...

Македонија7 часа

Прибрани се траги за вештачење и се врши увид во снимките од надзорните камери, велат од Обвинителството по опожарувањето автомобили и објект во Куманово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на локациите на кои беа опожарени два автомобила и една...

Македонија7 часа

Алијансата за Албанците: Непотизмот на „Вреди“ – Фатмир Лимани ги „теши“ роднините во МЕПСО и ЕСМ

„Непотизмот и партизацијата на државните и јавните институции е главната агенда на функционерите од коалицијата „Влен“. Уште од првите месеци...

Македонија8 часа

Во Маврови Анови 61 сантиметар снег, најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово, најладно беше на Попова Шапка, каде што се измерени -3 степени, во Маврови Анови -2, -1 во Крушево, 0...

Македонија8 часа

ЈО на чело со Љупчо Коцевски, наместо да го санкционира криминалот, ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ ја заробија правосудната власт и ја претворија во алатка за политички клиентелизам, што резултира со институционална инерција....

Свет9 часа

(Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток е свекорот на ќерка му Тифани

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неделата објави дека либанско-американскиот бизнисмен Масад Булос ќе биде висок советник за арапски и...

Европа9 часа

(Видео) Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово пристигна во Киев за прв пат по две и пол години на разговори со украинскиот...

Свет9 часа

Захарова: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да...

Свет10 часа

САД, Германија, Франција и Велика Британија повикуваат на деескалација од сите страни во Сирија

Соединетите држави, Германија, Франција и Обединетото Кралство повикаа на итна деескалација во Сирија по ненадејната офанзива на бунтовничките фракции предводени...

Свет10 часа

Џо Бајден го помилува синот осуден за оружје и даночно затајување: Се надевам дека Американците ќе разберат

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер, што е прилично пресврт за претседателот кој постојано изјавуваше...

Свет11 часа

Бербок ја обвини Кина дека ѝ дава оружје на Русија за војната во Украина и дека го загрозува мирот во Европа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Кина дека и дава оружје на Русија за војната против Украина...

Македонија11 часа

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила во Маврово, кон Пониква една коловозна лента

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена...

Македонија11 часа

ЦУК: Заглавени гости од хотелот „Радика“ во Маврово, извлечени со помош на специјално возило

Гости од хотелот „Радика“ во Маврово, што беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени...

Македонија20 часа

Жителите на Леуново се евакуирани и безбедни

Жителите на Мавровско Леуново се евакуирани поради неповолни услови, со успешно спроведена операција од надлежните служби. Сите жители на Мавровско...

Македонија1 ден

Бразилки од 26 до 38 години давале сексуални услуги во изнајмени станови во „Џевахир“ во Скопје

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти на МВР вчера уапсила четири лица за посредување при вршење проституција и...

Македонија1 ден

Без струја останаа триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар

Без електрична енергија се пелагониските села, а во моментов без напојување со струја се соочуваат жителите на триесетина села од...

Македонија1 ден

Семејство со две мали деца заглави со возило во снег кај Леуново, надлежните се на терен

Семејство со две мали деца се заглавени со возило во снегот пред хотелот Радика кај Леуново. Од Центарот за управување...