Скопје
Дел од Зелениково, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 17:00 часот, корисниците во околината на Железничката станица Зелениково во општина Зелениково;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од делови од улиците: Пролет, Кузман Ј. Питу, Крушевска Република и ул. Страшо Пинџур (реон околу Веро Џамбо) во општина Центар;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Кленоец во општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За седум дена санкционирани 82 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 29.06. до 06.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 82 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе нешто за ова што ѝ се случува на оваа установа, во која од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и поставувајќи ги своите ‘професионални’ кадри за директори, во Скопје ЗОО пцовисаа повеќе од 40 егзотични животни, некои од нив под сомнителни околности!“, напиша советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, на социјалните мрежи.
„Пред 4 или 5 дена починале две лами за кои неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберкулоза, а пред само нешто повеќе од еден месец исто така починаа две лами за кои се знаело наводно дека боледуваат од истата болест – туберкулоза!
Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос. Од страна на директорот во сенка, Стаменов, и другиот на хартија, Попов, на вработените им е наредено за смртта на овие лами да се скрие и да не се објави и до таму одат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ, тие тоа не го прават, а таа утрово дозна од мене.
Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на ламите без никаква ХТЗ или заштитна опрема за што тие реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберкулоза и симптомите биле видливи, но овие животни не биле дислоцирани во изолација и сите посетители биле изложени на ризик ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболеното животно.
За ова, како и за сѐ претходно што се случува во Скопје ЗОО, некој мора да поднесе одговорност и да одговара! Данела Арсовска, што уште ќе му направиш на Скопје“, прашува Кирков.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.