Регион
Момче остана без вид поради петарда во Хрватска

Откако активирал петарда што ја нашол на улица, малолетник во Загреб завршил во болница со тешки повреди.
Со запалка активирал пиротехничко средство, најверојатно фрлено, соопшти хрватската полиција, повикувајќи ги родителите да ги предупредат своите деца за опасноста од пиротехнички средства.
ТВ „Хрватска Нова“ објави дека се работи за 14-годишно момче кое ја нашло петардата на улица и ја запалило со запалка.
„Тешки физички повреди, значи се работи за повреда на десното око со губење на видот, добил и повеќе изгореници на лицето и двете раце, како и повеќекратни скршеници на левата рака“, изјави Марио Куртањек, детски хирург н во Загреб.
Поради ваквите случаи, петардите од секаков вид се целосно забранети во последните три години, потсетува порталот. Сепак, наскоро ќе започне продажбата на дозволените средства за возрасни. Од 27 декември до 1 јануари може да се користат пиротехнички средства од категоријата Ф2 и Ф3, пренесува медиумот.
„Таканаречената ознака Ф3 е малку посилно пиротехничко средство како што се некои ракети, огномети и слично, тоа се средства чија употреба го зголемува ризикот“, забележува Раде Стојадиновиќ, судски експерт за оружје и балистика.
„Секогаш постои ризик – дали ќе пука, дали нема да пука, дали ќе пукне порано или не. Ова обично не се случува, но може да се случ“, истакнува Стојадиновиќ
Од полицијата посочуваат дека некористењето пиротехнички средства и други смртоносни средства е најдобрата превенција од повреди. Хрватскиот МУП ги повика родителите, но и другите граѓани, да не купуваат пиротехнички средства за деца кои не се соодветни за нивната возраст и да ги предупредат на опасностите од нивното користење.
Пиротехничките средства не се играчки и нивната употреба може да доведе до сериозни повреди, па дури и доживотно нарушување на функцијата на одредени делови од телото како и нивно губење, потсетува полицијата. Пораката на полицијата е – воздржете се од употреба на пиротехнички средства, а доколку ги користите, задолжително прочитајте ги упатствата на производителот за безбедно ракување и следете ги.
„Не фрлајте пиротехнички средства под или врз возила, на балкони или под стакло, не користете ги под дејство на алкохол, не фрлајте ги на места каде што има домашни миленици и други животни“, се вели во апелот на хрватската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.