Свет
Повеќе туристи, но и зголемување на криминалот: и Неапол воведува наплата на билети во градот
Советникот на општина Неапол Џенаро Еспосито предложи, поддржан од голем број комисии, во одредени периоди од годината да се воведе билет за центарот на градот по цена од пет евра, за да се стави крај на преголемиот број туристи кои ги затрупуваат италијанските градови и го оштетуваат културното наследство и ги спречуваат жителите да живеат нормален секојдневен живот, пренесува РТС.
Исто како Венеција, која оваа пролет воведе билети за центарот на градот во одредени делови од годината, а кои ќе се повторуваат во 2025 година со повисока цена и поголем број денови, и Неапол би можел да стане еден вид музеј на отворено во одредени периоди, бидејќи за пешачење по улиците Спаканаполи, Сан Грегорио Армено и Декумани особено за време на Божиќ, ќе треба да се плати влезница од пет евра, што е купен преку апликацијата, пренесува овој медиум.
Историскиот центар на Неапол е прогласен за светско наследство од УНЕСКО и го посетуваат милиони туристи секоја година.
Меѓутоа, зголемениот број на туристи во последно време доведува до тоа дека е невозможно да се движат во одредени области, до зголемен број на криминал т.н џепароши и сл., туристите не можат да видат за што дошле, а староседелците се практично спречени да живеат нормален живот, пренесува РТС. Има и атмосферско и звучно загадување и оштетувања на спомениците.
Еспосито изјавил, како што е соопштено, дека не се работи за наметнување данок, туку за средство кое може да го олесни протокот на туристи и да ги подобри услугите на трговците и квалитетот на животот на староседелците.
Често се случува туристите кои доаѓаат во Неапол само на еден ден да не придонесуваат за градот кој не е во состојба да го заштити неговото историско и уметничко наследство, пишува овој медиум. Неговиот предлог ги исклучува лицата кои живеат во Неапол, студентите, вработените во овие зони, како и ранливите категории.
Предлогот доведе до различни реакции. Од една страна се луѓето кои се за воведување на оваа картичка исто како онаа во Венеција и одредени картички во Рим за јавни споменици како што е Фонтаната ди Треви, а од друга страна се особено трговците и вработените во туристичкиот сектор, кои сметаат дека тоа ќе донесе само негативни последици за градот и неговата економија.
Оние кои се за воведување наплата на билетите сметаат дека тоа што билетот ќе се продава само во одредени периоди од годината нема да доведе до нарушување, додека другите сметаат дека градот е на сите, пишува РТС.
Советничката за туризам Тереза Армато изјави, како што е наведено, дека смета дека воведувањето на картичката би било контрапродуктивно бидејќи Неапол е познат како град со големо срце кој ги прифаќа сите и е познат по својата гостопримливост.
Џенаро Еспосито на својот Фејсбук профил и на профилот на Комитетот за подобар живот во Неапол објави како изгледа туризмот во Неапол во одредени зони и улици, заклучува РТС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн
Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
„Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките.
Тој призна дека имал лоша проценка и „несоодветна комуникација“, но негираше вмешаност во какви било кривични дела, нагласувајќи дека пораките биле „само глупави машки разговори“.
Лајчак објасни дека пристигнал во Њујорк во 2017 година на едногодишна функција во Обединетите нации и дека бил запознаен со Џефри Епштајн од страна на висок странски дипломат. Според него, Епштајн бил широко познат и се сретнал со бројни бизнис и политички личности од САД и од странство.
Лајчак рече дека не гледа причина да не се сретне со него, тврдејќи дека воспоставувањето контакти е дел од неговата работа, пишуваат медиумите.
„Зошто јас, човек од Словачка, не би го прифатил тоа? Тој беше вреден контакт“ – рече Лајчак, истакнувајќи дека подоцна дознал за пресудата на Епштајн за сексуален прекршок во 2008 година, но забележал дека многу влијателни личности продолжиле да се дружат со него и по тоа.
Ова, додаде тој, го навело да верува дека „не е проблем да се прави истото“.
– Мојот однос со него се темелел на зборови, а не на дела. Денес ја плаќам цената на комуникацијата и познанството со него – рече Лајчак.
Тој ги осуди злосторствата што излегоа на виделина по апсењето на Епштајн во 2019 година.
Тој, исто така, потврди дека го посетил станот на Епштајн, но рече дека биле присутни и други бизнис и политички личности.
„Немало девојки. Овој дел од животот на Епштајн ми беше непознат. Тој не зборуваше за тоа, а јас не го прашав. Мојата совест е чиста“ – нагласи Лајчак, според написите.
Фото: ЕПА
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.

