Свет
Јужнокорејскиот парламент донесе резолуција со која се бара укинување на воената состојба

На пленарната седница на јужнокорејскиот парламент денеска е усвоена Резолуција со која се бара укинување на воената состојба, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Резолуцијата со која се бара укинување на воената состојба во таа земја е донесена со 190 гласа „за“, од 190 присутни пратеници.
Претседателот на Националното собрание Ву Вон-сик рече дека, според резолуцијата, јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол мора веднаш да ја прекине воената состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Постигнат договор за новата германска влада

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за заеднички коалициски договор. Оваа среда во 15 часот раководството на двете партии ќе ѝ се обрати на јавноста и ќе го презентира постигнатиот договор. Според пишувањата на германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства.
СПД на тој начин треба да ги преземе Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда. Според весникот „Билд“, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи ќе им припаднат на демохристијаните, пренесува „Дојче веле“.
Претходните денови најголем дел од преговорите беа за мигрантската политика, како и за даночните и за пензиските прашања. Изминативе денови некои од претставниците на ЦДУ го предупредија лидерот на партијата Фридрих Мерц да не прави премногу отстапки на СПД, што може да ја загрози промената на политичкиот курс најавена во кампањата.
ЦДУ на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите и со тоа стана најсилната политичка сила, но сепак беше принудена да најде коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во Бундестагот, стои во написите.
Свет
(Видео) Стаорци големи колку мачки се шетаат во вториот по големина град во Велика Британија

Бирмингем, најпознат како центар на британската индустриска револуција во последните години, се соочува со финансиски тешкотии, а сега купишта вреќи со ѓубре се трупаат на улиците додека работниците од комуналните претпријатија штрајкуваат поради спорот со градскиот совет во врска со платата.
Според извештаите, градот се соочува со зголемување на наездата на стаорци како резултат на оваа ситуација, пренесува Си-ен-ен.
Медиумите јавуваат дека во градот шетаат стаорци со големина на мачки.
Свет
Кина одговори – ги зголемува царините за увоз од САД на 84 отсто

Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека ги зголемува царините за увоз од САД од 34 на 84 отсто како одмазда за давачката што ја воведе Вашингтон на нејзиниот извоз.
Претходно денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси.
Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од своето легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.
Денеска, стапија во сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите во светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина.