Контакт

Македонија

Валентина Пурдеска, единствена карате – судијка со сите лиценци: Ми префрлаа дека е спорт за мажите, но потоа ги запишуваа децата на карате

Објавено пред

Единствената жена, карате-судијка во земјава, која ги има сите европски и светски лиценци, е прилепчанката Валентина Пурдеска. Повеќе од четириесет години Пурдеска е посветена на борбата каратето да биде препознато и признато како спорт со кој жените можат да се занимаваат подеднакво со мажите. Патот не бил лесен, но вели дека успеала да ја постигне целта, па денес бројот на каратистките е речиси ист со оној на каратистите.

dobivaj vesti na viber

„Многу од луѓето кои не се доволно информирани за овој спорт мислат дека е груб спорт, машки спорт, насилен… Тоа не е така. Каратето не е само спорт, тоа е вештина, начин на живеење, со него се стекнува почитување, дисциплина, самодоверба, самоконтрола, координација, социјализација, а се учи и самоодбрана. Имало многу ситуации во кои ми префрлале дека ова е спорт за мажи и дека жените не можат да го достигнат тоа ниво, но тоа не е така. Откако ќе им објаснам за што се работи, многумина го менуваат мислењето и или тие или нивните деца почнуваат да вежбаат карате“, вели Пурдеска.

Се опишува себе си како спортистка во душата. Од мала се занимавала со различни спортови и вели дека сите добро ѝ  оделе, но најмногу се пронашла во каратето.

„Во каратето нема топка или некој друг реквизит туку со рацете и нозете правиш прекрасни техники за кои не си бил свесен дека се возможни. Со нив сопственото тело го подготвуваш за одбрана, кога тоа е потребно. Каратето е вежба за одбрана во непредвидени ситуации, но не е за напад.  Карате почнав да вежба на осумгодишна возраст. Потоа имав пауза, но повторно интензивно почнав со тренинзи. Од мала имав интерес за боречките вештини. Тогаш беа актуелни филмовите со Брус Ли и така се роди желба кај мене да се занимавам со ваков спорт“, вели Пурдеска за „Мкафакс“.

Таа е репрезентативец на Југославија со две освоени трети места во борби, а истовремено работела и кати. Се натпреварувала и во кати и во борби, како поединечно така и екипно, но најдрага победа вели дека ѝ  е онаа од 1992 година кога првпат победиле под македонско знаме.

Ако си доволно квалитетен како судија, нема разлика дали жена-судија го суди мечот или судијата е маж, вели Пурдеска

„Во 1992 година на Светското првенство во карате во Гранада, Шпанија првата победа под македонско знаме ја донесов јас. Во борби ја победивме екипата на Америка. Таа година бевме прогласени за  најдобра женска екипа заедно со ракометарките од Кометал. Има уште цела низа медали и признанија во мојата натпреварувачка, тренерска и судиска кариера“, скромно раскажува Пурдеска.

Во 1995 година го формирала нејзиниот карате-клуб „Бонсаи Прилеп“ кој функционира и денес со многу челнови и големи резултати во сите категории. Таа истовремено е тренер и судијка. Во клубот е главна инструкторка, а заедно со неа работат и нејзините внуци Дамјан и Филип Ристески кои се мајстори-инструктори, а истовремено и судии. Дамјан е балкански судија, а Филип државен судија. Исто така и многумина ученици на клубот се судии и инструктори.

Токму отворањето на клубот ја навело да направи чекор повеќе во каратето и да полага за судијка.

„Оттаму почнува и мојата судиска кариера. Полагав прво за државен судија во кати и во борби ( 3 лиценци во кати, 5 лиценци во борби). Ментор за меѓународните полагања ми беше Словенецот Примож Дебенак. Тој ме забележа и ме насочи кон меѓународните полагања. Континуирано ги полагав и европските лиценци, две во кати и четири во борби, а паралелно со европските почнав да ги полагам и светските лиценци, исто така две во кати и четири во борби. Последната лиценца ја положив во октомври оваа година на Светското првенство во Валенсија со што станав првата жена карате – судија која ги има завршено сите европски и светски лиценци со кои можам да судам се од елиминации и финалиња на европско и светско ниво “, рече карате – судијката Пурдеска.

Патот на обуката и полагањето за судија од овој ранг Пурдеска го опишува како многу тежок, макотрпен, финансиски чини многу, а бара и многу одрекувања за да се стигне до целта. Силната желба ѝ  помогнала да се издржи сѐ што ѐ се испречило на патот.

„Мојата цел е постигната. Сакав да го постигнам судискиот врв и да привлечам што е можно повеќе млади и женски судии да го следат мојот пат. Потребни сме ѐ на Македонија, на нашите натпреварувачи и најмногу на Карате федерацијата на Македонија. Ако си доволно квалитетен како судија, нема разлика дали жена-судија го суди мечот или судијата е маж. Повеќе сме ценети и почитувани во светот отколку дома. Македонските судии кои котираат на светско ниво се многу повеќе ценети во светот како квалитет и професионалци отколку дома, за жал“, вели Пурдеска.

Таа работи во Казнено поправниот дом Прилеп и кажува дека каратето и помогнало во изборот на професијата со која ќе се занимава, а речиси секојдневните тренинзи ѝ се од голема помош во работата.

Во нејзиниот клуб редовно доаѓаат многу деца. Соодносот машки – женски е околу 50 отсто. За многумина вели дека доаѓаат, пред сѐ,  да научат самоодбрана, па вовеле посебни часови за самоодбрана, а наскоро ќе почнат и со курсеви за самоодбрана.

Македонските судии кои котираат на светско ниво се многу повеќе ценети во светот како квалитет и професионалци отколку дома, за жал, вели Пурдеска.

Во Карате федерацијата на Македонија Пурдеска е претседателка на комисијата за жените во спортот, па од тука каратистките редовно ги следат сите предавања, семинари и обуки за родова еднаквост и ги применуваат препораките и заклучоците.

Дејан Чалески, претседател на Карате федерацијата на Македонија потврди дека низ годините женското карате е во постојан подем па сега педесет отсто и од натпреварувачите и од судиите се жени и тоа во сите категории, а на ист начин 50:50 се делат и финансиите за овој спорт кога се во прашање мажи и жени каратисти.

За оние кои ги изложуваат на јавен линч каратистките оти се занимаваат со машки спорт Чалески, на шега вели „таквите подобро да внимаваат и да не им го вртат грбот“.

Колку и на каков се начин спортиските се изложени на дискриминација, потсмев и јавна осуда покажа анализата „Родовите дезинформации препрека за жените во спортот“. Ја изработи Институтот за комуникациски студии (ИКС) за време на годинашните Летни олимписки игри во Париз. Анализата откри низа сексистички коментари на социјалните платформи на медиумите кои известуваа за постигнувањата на спортистките, утврди ширење родови дезинформации, говор на омраза, родово стереотипизирање и прикажување на жените исклучиво прекижу нивниот надворешен изглед наспроти успесите што ги постигнаа на Летните олимписки игри.

Македонија

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Чаир денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија2 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет2 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија15 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија15 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија17 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија20 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија20 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија21 час

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија22 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија22 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија22 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија23 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија23 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија24 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет1 ден

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа1 ден

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија1 ден

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...