Свет
(Видео) Падна француската влада
Францускиот парламент денеска и’ изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Мишел Барние.
За недоверба на владата гласаа 331 пратеник, значително повеќе од потребното мнозинство од 288.
Малцинската центристичка влада предводена од беше на немилост на левичарскиот сојуз на Новиот народен фронт (НФП) и екстремно десничарскиот Национален собир (РН) предводен од Марин Ле Пен, кои заедно имаа доволно претставници за да ја соборат од власта.
BREAKING: French Prime Minister Michel Barnier has effectively been ousted in a historic no-confidence vote. @DominicWaghorn explains what could happen next 👇https://t.co/LPERc5MdlQ
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/dmrhfsel5l
— Sky News (@SkyNews) December 4, 2024
Францускиот претседател Емануел Макрон има намера брзо да постави нов премиер откако парламентот и изгласа недоверба, јавува „Ројтерс“.
Еден од изворите за „Ројтерс“ рече дека Макрон се надева дека ќе има некого веќе во сабота, кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе пристигне во посета по повод отворањето на црквата Нотр Дам.
Макрон сè уште не одлучил, но луѓето на неговата листа се левичарот Бернар Казнев, поранешниот министер Ксавиер Бертранд и министерот за вооружени сили Себастиен Лекорну.
Останува да се види дали екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ќе биде подготвена да го поддржи предложеното име на Макрон или ќе се обиде да го собори кандидатот со итно гласање недоверба, најверојатно во договор со левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Се согласивме со Трамп за нов мировен договор од 20 точки
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека најпредизвикувачките елементи на мировниот план се прашањето за територијата и парите, осврнувајќи се на замрзнатите руски средства во Европа, како и безбедносните гаранции, но исто така дека сега повеќе од кога било постои шанса да се стави крај на војната, објави Би-Би-Си.
На прес-конференција во Даблин со ирскиот премиер Мајкл Мартин, Зеленски рече дека вчера разговарал со американскиот претставник Стив Виткоф, кој денес ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, и дека Украина сега ги чека резултатите од таа средба.
„Ќе реагирам според тие резултати, ако почувствувам дека можеме да сметаме на вистински, конкретен дијалог… ќе се сретнеме“, рече тој.
Украинскиот претседател, исто така, рече дека разговарал со Мартин за користењето на замрзнатите руски средства и дека е крајно време да се искористат за поддршка на напорите на Украина за војна и реконструкција.
„Крајно време е тие да се префрлат на Украина за да можеме сигурно да ја обезбедиме нашата одбрана и закрепнување, бидејќи тоа ќе ни користи не само нам, туку и на нашите партнери“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина, исто така, смета на силни безбедносни гаранции и од САД и од Европа.
Во врска со мировниот план, тој рече дека некои работи „сè уште треба да се разработат“, но исто така рече дека САД преземаат сериозни чекори за да ја завршат војната „на еден или друг начин“.
Зеленски откри дека САД и Украина се согласиле за нов мировен договор од 20 точки. Украинскиот претседател рече дека оригиналниот план од 28 точки предложен од САД е преработен во нов договор по разговорите меѓу функционерите, објавува Индепендент.
„Сега повеќе од кога било постои шанса да се заврши оваа војна“, рече Зеленски.
Висок украински извор денес изјави дека украинската делегација би можела да се сретне со американскиот амбасадор Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, утре по нивните разговори во Москва.
„Украинската страна… не го исклучува тоа и е подготвена“ да се сретне со нив, изјави изворот, кој сакаше да остане анонимен, за агенцијата Франс Прес.
Тој ја спомена можноста за состанок во Брисел, каде што во среда се одржува средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, нема да учествува на состанокот.
Свет
Руте: Нема консензус за членство на Украина во НАТО во овој момент
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е уверен дека американските напори за завршување на војната во Украина ќе вродат со плод.
„Сите работиме на завршување на војната против Украина со праведен и траен мир. Ги поздравуваме напорите на Соединетите Американски Држави и сум убеден дека овие напори ќе доведат до мир во Европа“, рече Руте на прес-конференција пред утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, престојуваат во Москва и се среќаваат со рускиот претседател Владимир Путин.
„Сакаме војната да заврши со суверена Украина и Русија никогаш повеќе да не може да ги нападне своите соседи“, истакна генералниот секретар, додавајќи дека е завршена многу работа за безбедносните гаранции за Украина.
Кога беше прашан за почетниот американски план од 28 точки, кој предвидува Украина да се откаже од членството во НАТО, Руте рече дека проширувањето на Алијансата бара консензус од земјите-членки и сега нема консензус за Украина.
Руте рече дека во последните месеци, европските и канадските сојузници обезбедија милијарди долари за купување американска опрема и оружје за Украина.
„Очекувам дека сојузниците ќе објават нови придонеси во наредните денови“, рече генералниот секретар.
Според иницијативата ПУРЛ (Список на приоритетни барања на Украина), со која сојузниците на НАТО и другите партнери финансираат и организираат набавка на американско оружје, муниција и воена опрема за Украина, треба да се обезбедува една милијарда месечно.
„На вистинскиот пат сме, почнавме во август со една милијарда месечно, а досега се обезбедени четири милијарди. За следната година, исто така, треба да обезбедиме најмалку една милијарда месечно за купување основна опрема од САД“, рече Руте.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО утре ќе разговараат за мировните напори за запирање на руската агресија врз Украина и за зајакнување на одбранбените капацитети и одвраќањето.
Американскиот државен секретар Марко Рубио нема да учествува на состанокот.
„Не сакам да извлекувам никакви заклучоци од неговото отсуство“, рече Руте.
„Не се сеќавам на нешто слично во поновата историја“, рече поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску, истакнувајќи дека неговото отсуство би испратило погрешен сигнал, особено во време кога е потребна поблиска координација со европските сојузници за Украина.
Наместо Рубио, САД ќе ги претставува неговиот заменик Кристофер Ландау.
Свет
Путин: Немаме намера да војуваме со Европа, но ако таа сака и почне, подготвени сме
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија не сака војна со европските сили, но дека ако Европа сака војна, Русија е веднаш подготвена да се бори.
Путин рече дека европските сили поставуваат барања за можно мировно решение за Украина, што Москва го смета за апсолутно неприфатливо.
„Немаме намера да војуваме со Европа, но ако Европа го сака тоа и почне, ние сме подготвени од овој момент“, изјави Путин пред новинарите пред средбата со американскиот претставник Стив Виткоф во Москва.
Тој ги обвини Европејците дека сакаат да ги попречат американските напори за завршување на војната во Украина.
„Тие немаат мировна програма, тие се на страната на војната“, додаде.

