Свет
Mарин Ле Пен ја омекна својата позиција, засега нема да бара оставка од Макрон

Француската екстремна десничарка Марин Ле Пен изјави дека притисокот врз претседателот Емануел Макрон се зголемува откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние.
Ле Пен, сепак, кажа дека сè уште не бара оставка од Макрон.
Таа најави дека екстремната десница има одредени барања за поддршка за можниот наследник на Барние, но ќе му дозволи на следниот премиер да ја преземе работата.
Жан-Лук Меланшон, кој ја предводи крајно левичарската партија „Франција неосвоена“ (LFI), која е дел од поширокиот левичарски сојуз, го изрази своето задоволство од падот на владата.
„Дури и со нов Барние на секои три месеци, Макрон нема да издржи три години“, додаде тој, мислејќи на преостанатото време на претседателот Макрон на функцијата.
Следните претседателски избори се закажани за април 2027 година, но пред гласањето за доверба, некои го повикаа Макрон да поднесе оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земнотрес ја погоди Турција

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот беше почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, објавија медиумите.
Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Свет
Илон Маск – првиот полубилионер во светот

Илон Маск, директорот на компанијата „Тесла“, е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 500 милијарди долари (приближно 425 милијарди евра).
Богатството на Маск накратко достигна 500,1 милијарди долари во попладневните часови на 1 октомври по њујоршко време за пред малку да падне на нешто над 499 милијарди долари, според листата на милијардери на „Форбс“.
Покрај „Тесла“, вредностите на другите компании на Маск исто така се зголемија, како што се стартапот во областа на вештачката интелигенција „хВИ“ и компанијата „Спејс икс“.
Сето ова дополнително го зајакнува статусот на Маск како најбогат човек во светот далеку пред конкурентите во глобалниот технолошки сектор.
Втор најбогат човек во светот моментно е Лари Елисон, основачот на технолошката компанија „Оракл“, чие богатство се проценува на речиси 350,7 милијарди долари.
Елисон накратко го престигна Маск минатиот месец кога акциите на „Оракл“ скокнаа за повеќе од 40 проценти по оптимистичките деловни прогнози во областа на вештачката интелигенција.
Огромното богатство на Маск е главно поврзано со неговиот удел од над 12 проценти во „Тесла“, чии акции значително пораснаа оваа година.
Во средата, на затворањето на берзата во Њујорк, акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од 3,3 проценти, а од почетокот на годината забележаа раст од повеќе од 20 проценти.
Инвеститорите позитивно реагираат на фактот дека Маск во последно време повеќе се посветува на своите компании, а помалку на политиката.
Неодамна, тој беше цел на критики за неговата работа со администрацијата на Трамп, првенствено со Одделот за владина ефикасност, кој беше задолжен за намалување на владините трошоци и бројот на вработени во јавниот сектор.
Маск, кој е и сопственик на социјалната мрежа „Икс“, често јавно ги искажува своите ставови за теми, како што се имиграцијата и програмата за разновидност, еднаквост и вклучување (DEI), што исто така предизвикува големо внимание.
Тој сега е целосно посветен на „Тесла“, изјави Робин Денолм, претседател на управниот одбор на „Тесла“, во септември.
Управниот одбор исто така објави бонус од една милијарда за Маск ако постигне многу амбициозни цели во следните десет години.
За да го постигне ова, тој би морал да ја зголеми вредноста на „Тесла“ осумпати, да продаде милион роботи базирани на вештачка интелигенција, дополнителни 12 милиони автомобили и да исполни голем број други барања.
Минатиот месец Маск објави дека купил акции на „Тесла“ во вредност од речиси една милијарда долари, што многу инвеститори го протолкуваа како знак на доверба во иднината на компанијата.
Сепак, во последните години „Тесла“ се соочи со сериозна конкуренција, првенствено од кинескиот гигант BYD, како и со предизвици поврзани со трансформацијата во компанија што се занимава со вештачка интелигенција и роботика.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Цврсто ќе ја бранам позицијата на Унгарија за Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека на самитот во Копенхаген цврсто ќе стои зад унгарската позиција за Украина посочувајќи дека лидерите на ЕУ сакаат да финансираат испораки на оружје и да го забрзаат пристапувањето на Украина во Унијата.
„Копенхаген, втор ден. Ситуацијата е сериозна. На маса има отворени предлози за војна. Тие сакаат да ѝ ги предадат средствата од ЕУ на Украина. Тие се обидуваат да го забрзаат пристапувањето на Украина со секакви правни трикови. Тие сакаат да ја финансираат испораката на оружје“, рече унгарскиот премиер на социјалните мрежи и нагласи дека цврсто ќе стои зад унгарската позиција, објави „Ројтерс“.
По вчерашниот неформален самит на лидерите на ЕУ со фокус на заедничката одбрана и поддршката за Украина, денес во Копенхаген ќе се одржи самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што ќе се дискутира за безбедноста, трговијата со луѓе и миграцијата, со учество на 40-ина шефови на држави или влади.
Фото: принтскрин