Македонија
Стоилковиќ на средба со министерот за безбедност на БиХ, Нешиќ
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес оствари средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, кој е во неколкудневна работна посета на земјава.
На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми кои се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации.
Двајцата министри се согласија дека добрите односи треба и мора да се негуваат, дека треба да се потпираме едни на други, како и дека единствениот пат и на РС Македонија и на Босна и Херцеговина е приближување до европското семејство, па во таа насока останувањето на иста патека и, секако, соработката треба да го задржат досегашното ниво.
Потпретседателот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна босанскиот колега Нешиќ со досега сработеното и идните планови за работа, по што двајцата соговорници заклучија дека освен што меѓу двете пријателски земји постојат заеднички приоритети, постојат и многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес сончево време со температура до 24 степени
Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Македонија
Ноќва почнува зимското сметање на времето
Ноќва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад.
Со тоа, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Македонија
Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може да се стави ред во урбанизмот, спречувајќи прекумерно градење.
Тој најави формирање експертски урбанистички тим кој ќе работи на растеретување на централното градско подрачје и насочување на развојот кон периферијата.
„Ќе формирам урбанистички тим од врвни експерти кој ќе помогне да се запре прекумерното градење во центарот“, рече Ѓорѓиевски.
Потсети дека како градоначалник на Кисела Вода бил првиот што спровел постапки и против индивидуални и против колективни објекти.
„Законот мора да важи еднакво за сите. Барам Град Скопје да има сопствена градежна инспекција или државата да го преземе тој дел, за да нема поделба на одговорност“, нагласи тој за „Трилинг“.
Ѓорѓиевски додаде дека дел од дивоградбите се објекти во кои живеат граѓани и истите мора да бидат безбедни. Според него, многу од овие објекти постојат веќе 15-20 години, но тоа не ја исклучува потребата за проверка на истите. Ѓорѓиевски додаде дека, кога станува збор за нови дивоградби, би бил уште поригорозен во санкционирањето.

