Спорт
Познати се групите за првиот клупски Мундијал со 32 екипи
Официјално е одржана ждрепката за Светското клупско првенство кое во 2025 година ќе се одржи во нов формат, а домаќин ќе бидат Соединетите Американски Држави.
Натпреварувањето ќе започне на 15 јуни следната година, а финалето ќе се игра на 13 јули. Познато е и дека ФИФА за сите отвори специјален преоден рок кој ќе трае од 1 до 10 јуни за да можат дополнително да се засилат за Мундијалот.
Што се однесува до финансиите, ФИФА се уште не ги објави бројките, но се очекува клубовите да поделат фонд од околу две милијарди евра. Секако, најголемиот дел ќе им припадне на европските клубови, додека победникот ќе биде побогат за 100 милиони долари.
Комплетна ждрепка за Светското клупско првенство на ФИФА
Група А: Палмериас, Порто, Ал Ахли, Интер Мајами
Група Б: Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид, Ботафого, Сиетл Саундерс
Група Ц: Баерн Минхен, Оукленд, Бока Јуниорс, Бенфика
Група Д: Фламенго, Есперанца, Челзи, Леон
Група Е: Ривер Плата, Урава, Монтереј, Интер
Група Ф: Флуминенсе, Борусија Дортмунд, Улсан, Мамелоди
Група Г: Манчестер сити, Видал, Јувентус, Ал Аин
Група Х: Реал Мадрид, Ал Хиал, Салцбург, Пачука
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фудбалер на Динамо пред трансфер во Интер
Хрватскиот фудбалер Петар Сучиќ наскоро би можел да стане нов член на Интер.
Според Фабрицио Романо, Сучиќ ги договорил личните услови со Интер, останува само клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.
Се очекува зделката да биде комплетирана во овој преоден рок, но Сучиќ да остане во Загреб до крајот на сезоната како позајмен играч.
Сучиќ е роден во Ливно, Босна и Херцеговина, но по настапот за младинската репрезентација на БиХ, реши да ја претставува Хрватска, за чија А репрезентација дебитираше на Европското првенство во 2024 година.
Тој е во Динамо од 2022 година, дојде преку младинската академија на Зрињски Мостар.
Спорт
Прашање на време е кога Вокер ќе се пресели на „Сан Сиро“
Кајл Вокер (34), капитенот и легенда на Манчестер сити денеска или најдоцна утре го очекуваат во Милано на медицински прегледи и потпишување на договор за позајмица до крајот на сезоната.
Вокер е во Сити седум и пол години. За клубот одигра 319 натпревари и освои шест трофеи во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.
Вокер има договор со клубот до летото 2026 година.
Спорт
Барселона во Лисабон, Атлетико го чека Леверкузен
По пауза од еден месец се враќа Лигата на шампионите. Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од седмото коло.
Денешната програма ќе ја отворат натпреварите во Бергамо и Монте Карло, Аталанта и Штурм Грац, односно Монако и Астон Вила од 18:45 часот.
Дербито на колото ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кои се во директна борба за пласман во Топ 8, додека Барселона ја очекува тешко гостување кај Бенфика. Српскиот шампион Црвена звезда го пречекува холандскиот тим ПСВ.
За потсетување, најдобрите осум екипи директно се пласираат во осминафиналето, додека екипите од деветтото до 24. место ќе играат за преостанатите осум места. Тимовите се рангирани од 25. до 34. место ќе го завршат учеството во Лигата на шампионите.
Од 18:45 часот:
Аталанта – Штурм
Монако – Астон Вила
Од 21 часот:
Атлетико – Баер
Бенфика – Барселона
Болоња – Борусија Дортмунд
Клуб Бриж – Јувентус
Црвена звезда Белград – ПСВ
Ливерпул – Лил
Слован – Штутгарт