Свет
(Видео) Фрлени молотови коктели врз синагога во Мелбурн, верниците биле внатре

Синагога во предградието на Мелбурн, Австралија, денеска е запалена додека внатре имало верници, а едно лице е повредено. Пожарот пред зори во синагогата Адас Израел, ги принуди верниците собрани на утринската молитва да побегнат на улица во 4:10 часот.
Оние кои избегале од пожарот велат дека напаѓачите ги искршиле стаклата и фрлиле молотови коктели во синагогата.
Штетата од пожарот е голема, а до 5 часот е изгаснат од екипа од 60 пожарникари и 17 возила, пренесува австралискиот медиум „Ејџ“.
🚨 Synagogue FIREBOMBED in Melbourne overnight
I'll be on the scene all day to cover the story and hold elected officials accountable for doing nothing to combat the shocking rise of anti-Semitism in our city.
SIGN UP: https://t.co/LUukKKteWt pic.twitter.com/SeqU7uxbhV
— Avi Yemini (@OzraeliAvi) December 5, 2024
„Недвосмислено го осудувам нападот на синагога во Мелбурн рано утринава“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанес. „Имам нулта толеранција за антисемитизмот. Апсолутно нема место за тоа во Австралија“.
Тој додаде: „Луѓето вклучени во овој напад мора да бидат фатени и соочени со целосна сила на законот“.
TERROR: Two men attempted to burn Jews alive inside their synagogue in Melbourne, Australia. They smashed windows and poured gasoline inside and set the building ablaze. pic.twitter.com/Fc5es6Jxzn
— Breaking911 (@Breaking911) December 5, 2024
Бенџамин Клајн, член на управниот одбор на синагогата, за Сиднеј Морнинг Хералд изјави дека според верниците, освен што фрлале молотови коктели и кршеле прозорци, напаѓачите фрлале и запалива течност. Едно лице е повредено поради изгореници на раката, додаде тој.
„Тие слушнаа удирање по вратите и прозорците, а пројде некоја течност која гореше“, рече тој. „Целиот простор брзо се запали“.
STRONTZIEK >> 🇵🇸
De 'Adass Israel Synagogue' in Melbourne, Australië, is ernstig beschadigd nadat deze met brandbommen werd bestookt.
Dit is de realiteit voor Joden in Australië in de 21e eeuw. Mislukt immigratiebeleid en zwak leiderschap zijn de oorzaak hiervan.#Halsema… pic.twitter.com/QUlbW6cDoB
— Rafael Dahan ✡︎ (@rafaeldahan) December 5, 2024
Нападот се случи откако австралиската еврејска заедница извести за четирикратно зголемување на антисемитските напади откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година. Физичките напади врз Евреите се зголемија од 11 во претходната година на 65 оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Блиска сојузничка на Орбан ги плаши Унгарците со влезот на Украина во ЕУ: објави снимка од маж врзан во багажник

Унгарската опозиција го осуди видеото објавено од Александра Сенткираљи, блиска сојузничка на премиерот Виктор Орбан.
Сенткираљи објави видео на „Фејсбук“ на кое се гледа маж врзан во багажникот на автомобил, додека Сенткираљи зборува за наводното зголемување на заканите поврзани со трговија со луѓе, шверц со дрога и трговија со органи доколку Украина се приклучи на Европската Унија.
Подоцна се дозна дека човекот на видеото е вработен во канцеларијата на унгарскиот премиер.
Until yesterday, Fidesz Party had only one well-known female politician. But no longer.
Alexandra Szentkirályi was someone you could either like or dislike. You could agree with her or criticize her.
One thing is certain: as of today, Alexandra Szentkirályi has no place in… pic.twitter.com/MeA99i3QyD— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeter102) June 14, 2025
Ференц Геленчер, пратеник од опозицијата од партијата Моментум, изрази негодување поради видеото и најави дека ќе поднесе полициска пријава против Сенткираљи. Тој тврди дека лагите што би можеле да го загрозат јавниот ред, да шират опасни шпекулации или да сугерираат закани за јавната безбедност се кривични дела.
„Како некој може да биде толку глупав за вака да напаѓа земја во која живеат и Унгарци?“, рече Геленчер повикувајќи ја Сенткираљи да го избрише видеото.
Сенткираљи му беше портпаролка на Орбан од 2020 до 2024 година. Минатата година таа објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Будимпешта како претставник на владејачката партија, но подоцна ја повлече својата кандидатура во корист на друг технички кандидат поддржан од Орбан.
Орбан неодамна повтори дека Украина не треба да биде примена во Европската Унија тврдејќи дека земјата е домаќин на измамници што ги лажат Унгарците и заработуваат пари наводно дејствувајќи од украинска територија. „Украина е опасна земја“, нагласи Орбан.
Свет
Русија: Подготвени сме да посредуваме меѓу Израел и Иран

Русија сè уште е подготвена да дејствува како посредник во конфликтот меѓу Израел и Иран, а претходните предлози на Москва за складирање ирански ураниум во Русија остануваат на маса, објави денес Кремљ.
„Претходните предлози на Русија за решение на конфликтот се сè уште на маса, но меѓусебните напади меѓу двете земји ја комплицираа ситуацијата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Пред повеќе од три години Русија почна целосна инвазија на Украина и ги отфрла сите предлози за прекин на огнот, и украински и американски.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во интервју за „Еј-би-си њуз“ изјави дека е отворен за можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Иран.
Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја отфрли таквата идеја.
„Не верувам дека Русија, која моментно е вклучена во конфликт со висок интензитет и со години ја игнорира Повелбата на ОН, може да биде посредник“, рече Макрон.
Кина исто така упати повик за дипломатија. Таа ги повика Израел и Иран да преземат итни мерки за смирување на тензиите по израелските напади на иранска територија и одговорот на Техеран со лансирањето ракети во израелски области.
„Ги повикуваме сите страни да преземат итни мерки за смирување на тензиите што е можно побргу, да спречат понатамошна нестабилност во регионот и да создадат услови за враќање на дијалогот и преговорите за решавање на разликите“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун.
Свет
Израелски министер утрово им се закани на граѓаните на Техеран, сега вели: Не мислев така

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денес околу 11.30 часот дека „Израел нема намера физички да им наштети на жителите на Техеран“. Ова е обид да се ублажат заканите што беа упатени утрово и вчера до жителите на иранската престолнина, објави „Ројтерс“.
„Сакам да го разјаснам очигледното: нема намера физички да им се наштети на жителите на Техеран, како што убиствениот диктатор им прави на жителите на Израел“, рече министерот Кац во соопштението.
Сепак, тој додаде дека „народот на Техеран ќе мора да ја плати цената на диктатурата и да ги евакуира областите во кои ќе биде потребно да се извршат напади врз режимски цели и безбедносна инфраструктура во Техеран“.
Што рече тој утрово, а што вчера?
Оваа изјава доаѓа само неколку часа откога Кац јавно изјави дека „народот на Техеран ќе ја плати цената, и тоа набргу“ нарекувајќи го иранскиот врховен лидер кукавички убиец, кој напаѓа израелски цивили за да ги спречи акциите на ИДФ.
Еден ден претходно тој отиде чекор понатаму велејќи: „Ако Хамнеи продолжи да лансира ракети врз израелски цивили – Техеран ќе гори“.