Спорт
Пресврт, Дејвис ќе остане во Баерн

Реал Мадрид ќе извиси за потписот на Алфонсо Дејвис (24). Канаѓанецот, наводно донел одлука да го продолжи договорот со Баерн.
Баерн не сака да ја повтори грешката со Давид Алаба, кога фудбалерот без обесштетување замина во Реал. Слично сценариот „кралскиот клуб“ подготвуваше со Дејвис, чии договор истекува на крајот од сезоната, но како што сега стојат работите Реал ќе извиси во овој случај и покрај тоа што според медиумите постигнал договор со фудбалерот.
Баерн не сакаше дупло да му ја зголеми платата на Дејвис и тука настанаа недоразбирањата. Но, како што тврдат германските медиуми, левиот бек решил да ги намали барањата.
„Постигнат е значителен напредок во разговорите меѓу двете страни. Работите се движат во позитивна насока. Потребно е само да се разјаснат уште некои детали“, напиша Флоријан Плетенберг, еден од најверодостојните германски новинари, а го пренесоа бројни медиуми.
Платата ќе му биде зголемена но не дупло. Според новиот договор неговата бруто плата ќе изнесува околу 15 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се за пари – Виљареал и Барселона ќе играат во Мајами

Натпреварот од 17-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона треба да се игра на 20 декември во Мајами, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
„Одборот на директори на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) денес го одобри барањето на Виљареал и Барселона натпреварот од 17-то коло од Ла Лига да се игра во Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.
Формален домаќин на овој дуел ќе биде Виљареал. „Марка“, известува дека по ова одобрување, RFEF ќе поднесе барање до Европската фудбалска унија (УЕФА) за започнување на процесот на одобрување од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона да се игра на 20 декември оваа година на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, во согласност со меѓународните прописи на ФИФА и имплементациските прописи одобрени од RFEF.
Истиот извор понатаму наведува дека ова ќе биде прв пат во историјата натпревар од Ла Лига да се игра надвор од Шпанија.
Финансиските детали за проектот не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за поголема сума за Ла Лига и клубовите.
Новата сезона во Примера започнува веќе следниот викенд, на 15 август.
Спорт
Роналдо ќе се жени

Кристијано Роналдо наскоро ќе застане пред олтарот, објавуваат сите влијателни медиуми во Шпанија и Португалија.
По толку години „бегање“ од брак, суперѕвездата конечно ќе се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез.
Токму таа се пофали со големиот прстен што го добила од него на социјалните мрежи и така информацијата стигна до јавноста.
Џорџина, која е по потекло од Аргентина, го запознала Роналдо додека работела во бутикот „Гучи“ во Мадрид, кога фудбалерот го носеше дресот на Реал Мадрид.
Од 2016 година, двојката е неразделна, а во меѓувреме добија две деца.
Фото/ Принтскрин
Спорт
ПСЖ го отстрани Донарума од екипата

Иднината на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен е под голем знак прашалник.
Италијанскиот голман не е вклучен во составот на „Светците“ за натпреварот во среда против Тотенхем во Европскиот Суперкуп.
Донарума имаше една од клучните улоги во освојувањето на Лигата на шампионите, но Луис Енрике и клупските челници решија да го отстранат откако тој одби да го продолжи договорот. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува наредното лето.
За 40 милиони евра, ПСЖ го донесе Лукас Шевалие од Лил, кој ќе биде прв избор, а тука се и Матвеј Сафонов и Арно Тенас.
Менаџерот на Донарума, Енцо Раиола е во контакт со гиганти како Манчестер јунајтед, Челзи и Интер, кои внимателно ја следат ситуацијата.
Минатата сезона, Донарума прими 43 гола на 47 натпревари, а во 17 од нив не прими гол.