Спорт
Бове повеќе не може да игра во Серија А, му вградија дефибрилатор

На Едоардо Бове (22), играчот од средниот ред на Фиорентина, кој во неделата доживеа срцев удар на натпреварот Фиорентина-Интер, му е вграден пејсмејкер во болницата Кареџи во Фиренца.
Ова значи дека тој нема да може да ја продолжи кариерата во Италија, бидејќи постои правило кое не им дозволува на фудбалерите со дефибрилатор да играат во оваа земја.
Бове е играч на Рома, кој како позајмен настапува во Фиорентина, најпрвин ќе треба да го раскине договорот, па потоа да бара ангажман во странство.
Инаку, Бова го чека операција во следните неколку дена, а лекарите се сомневаат дека има миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.
Во 2021 година, Данецот Кристијан Ериксен, откако доживеа срцев удар среде натпревар на Европското првенство мораше да го напушти Интер бидејќи му беше вграден дефибрилатор.
Ериксен замина во Брентфорд, а потоа во Манчестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи и Манчестер јунајтед го следат Коло Муани

Челзи и Манчестер јунајтед се приклучија во трката за Рендал Коло Муани. Француските медиуми тврдат дека двата клуба од Премиер лигата бараат напаѓач. Францускиот напаѓач ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Јувентус откако не се снајде во Пари Сен Жермен.
Тој постигна осум гола во Серија А, а моментално игра со Јувентус на Светското клупско првенство на ФИФА. Во првиот натпревар од турнирот, тој постигна два гола против Ал-Аин.
Јувентус сака да ја продолжи неговата позајмица, но според „Лекип“, тој би можел да се соочи со конкуренција од Англија бидејќи Челзи и Манчестер јунајтед внимателно ја следат ситуацијата.
Челзи го следи Коло Муани веќе долго време, додека неговите физички карактеристики се она што Јунајтед во моментов го бара. ПСЖ би претпочитал да реализира траен трансфер, иако би претрпел значителна финансиска загуба.
Коло Муани пристигна во ПСЖ од Ајнтрахт во 2023 година за околу 90 милиони евра, но 26-годишникот не ги оправда очекувањата. Неговата моментална цена наводно е околу 59 милиони евра.
Спорт
Милан ја одреди цената за Мората

Фудбалскиот клуб Милан одреди цена за Алваро Мората. Заинтересираните клубови ќе мора да платат од 15 до 18 милиони евра за него, објавија италијанските медиуми.
Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората, кој сака да го засили тимот за следната сезона.
Мората е на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година.
„SportMediaset“, објави дека Милан бара најмалку 15 милиони евра за Мората, но дека прво ќе мора да се договори со Галатасарај за прекин на позајмицата.
Медиумите објавија дека Милан е заинтересиран за Мојсе Кен од Фиорентина. Фудбалерот има клаузула за откуп во износ од 52 милиони евра, која ќе биде активирана на 1 јули.
Манчестер јунајтед е исто така заинтересиран за тој италијански напаѓач.
Кен сезоната ја заврши во Фиорентина, постигна 19 голови и беше втор стрелец во Серија А.
Спорт
(Видео) Сити го декласира Ал Аин, реми меѓу Салцбург и Ал Хилал

Манчестер сити обезбеди пласман во нокаут фазата на клупскиот Мундијал во САД. Во второто коло тимот од Обединетите Арапски Емирати, Ал Аин со 6:0.
Натпреварот го обележа дебитантскиот гол на Клаудио Ечевери за Сити. 19-годишникот, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Ривер Плата, постигна прекрасен гол од слободен удар за 2:0.
Илкај Гундоан му донесе водство на Сити во осмата минута, предноста беше удвоена во 27-та минута, а на крајот од првото полувреме, Ерлинг Холанд беше прецизен од пенал.
Во последните дваесет минути, Сити постигна уште три гола, прво Гундоан во 73-та минута, Оскар Боб во 84-та минута и Рајан Шерки во 89-та минута.
Во Групата Г, Сити и Јувентус сега имаат по шест бода, додека Видад и Ал Аин немаат ниту еден.
Во текот на ноќта имаше се одигра и еден натпревар во Групата Б, немаше голови во пресметката помеѓу Салцбург и Ал Хилал и покрај фактот дека видовме вкупно 32 удари кон голот.
Ал Хилал беше поблиску до победата, но не успеа да дојде до неа. По две кола, Реал Мадрид и Салцбург имаат по четири бода, Ал Хилал два, а Пачука нема бодови. Во последното коло се среќаваат Реал и Салцбург, односно Ал Хилал – Пачука.