Спорт
(Видео) Аталанта не запира, го победи и Милан

Фудбалерите на Аталанта го победија Милан со 2:1 (1:1), во локалното дерби кое се одигра во 15.коло во Серија А.
Аталанта со оваа победа, деветта во низа, се искачи на првото место на табелата во италијанскиот шампионт. Триумфот над Милан беше 11. за Аталанта од почетокот на сезоната во Серија А. Ла Деа има два бода повеќе од Наполи, кој в недела ќе го одигра својот натпревар од оваа рунда.
Аталанта поведе по 12 минути игра, со голот на поранешниот фудбалер на Милан Шарл Де Кетеларе.
Сепак, Милан брзо одговори, пет минути подоцна Алваро Мората израмни по брз и ефикасен напад.
Со овој резултат заврши првото полувреме, но во второто Аталанта сепак беше подобрата екипа.
Доминираа во поседот, па на крајот сосема заслужено стигнаа до вториот гол кој го постигна Адемола Лукман во 87. минута. До крајот Милан не успеа да се доближи до голот на Карнесеки, а Ретеги не успеа да го постигне третиот гол за Аталната, во ситуација „еден на еден“ Мењон беше посупешен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Хрватскиот ракометар суспендиран на две години поради груб прекршок

Хрватскиот ракометар Иван Хорват (32), член на австрискиот прволигаш Алпла ХК Хард, е суспендиран дури 26 месеци поради груб прекршок на четвртфиналниот натпревар од австриското ракометно првенство против Брегенц.
Во 42-та минута од играта, Хорват со рака го удри противничкиот ракометар Маркус Мар во лицето, кој претрпе повеќекратна фрактура на носот. Махр беше итно однесен во болница и опериран.
Судиите му покажаа на Хорват црвен, а потоа и син картон, но Брегенц побара подолга суспензија од еден натпревар за Хорват.
Дисциплинската комисија на Австриската ракометна федерација конечно одлучи за драстична казна и му забрани на Хорват да игра 26 месеци, оценувајќи го неговиот потег како „крајно неспортско однесување“.
Хорват има право да поднесе жалба на одлуката.
Спорт
Бријаторе го презеде Алпин и веднаш го промовира Колапинто

Тимот Алпин објави дека Франко Колапинто ќе го замени Џек Дуан барем за следните пет трки од Формула 1, откако Оливер Оукс поднесе оставка од функцијата шеф на тимот, а неговите должности ги презеде Флавио Бријаторе.
Оукс наводно го напуштил францускиот тим токму поради одлуката на Бријаторе да го отфрли Дуан по само шест трки и да му даде шанса на Колапинто, за што се шпекулираше откако Аргентинецот беше доведен како тест возач.
Колапинто ќе го има своето деби во Алпин на трката за Големата награда на Емилија Ромања следната недела, а Дуан ќе ја преземе улогата на тест возач. Францускиот тим објави дека трката во Австрија на крајот на јуни ќе биде моментот кога ќе размислат дали ќе има нови промени.
Дури и пред почетокот на сезоната, имаше шпекулации дека Дуан има шест трки за да се докаже и дека доколку не успеа ќе биде заменет со Колапинто, што беше демантирано од Алпино. Сепак, по трката во Мајами, беше јасно дека Бријаторе ќе ги реализира своите намери.
Колапинто пристигна во Алпин помеѓу две сезони, откако не успеа да обезбеди постојано место, и покрај одличните настапи минатата година, кога го замени Логан Сарџент во Вилијамс. Младиот Аргентинец освои вкупно пет бода, а неговиот најдобар резултат беше осмото место во Баку, на трката за Големата награда на Азербејџан.
Големата награда на Емилија Ромања на програмата од 16. до 18. мај во Имола.
Спорт
Токо Шенгелија се договорил со Барселона

Ден по елиминацијата во четвртфиналето, во Евролигата, шпанските медиуми објавија дека Барселона постигнала договор со Торнике Шенгелија (34).
„Како што моментално стојат работите, Шенгелија ќе го напушти италијанскиот гигант и ќе ја продолжи кариерата во Барселона“, пишува „Марка“.
Според овој извор Грузиецот ќе потише тригодишен договор.
Шенгелија, кој има статус на домашен играч бидејќи пораснал во Валенсија, ќе ја дели позицијата во Барселона со Џабари Паркер и доаѓа да ја пополни празнината што ја остави повредениот Чимези Мету.
Клубот имал намера да го продолжи договорот на Мету пред тој да претрпи сериозна повреда на Ахиловата тетива на десната нога. Многу европски клубови, вклучувајќи го и Реал Мадрид, беа заинтересирани за Шенгелија.
„Марка“ пишува дека Реал дури имал усмен договор со Шенгелија, но дека поради финансиската понуда се одлучил за Барселона.