Спорт
По осум години и заработени 200 милиони евра Оскар го напушти Шангај

Бразилскиот фудбалер Оскар (33) по осум години го напушта Шангај Порт. Офанзивниот играч за врска се прости од навивачите кои го скандираа неговото име по ремито со Гвангжу (1:1). За Шангај Порт, Оскар одигра 248 натпревари, постигна 77 гола и забележа 141 асистенција, освои пет трофеи.
Кариерата ја започна во Сао Паоло, а потоа замина во Интернасионал од Порто Алегре. Неговиот најдобар период беше од 2012 до 2017 година, кога постигна 38 и запиша 33 асистенции во 203 натпревари во Челзи, двапати ја освои Премиер лигата, по еднаш Лига Европа и Лига Купот на Англија.
Со оглед на тоа што играше во Челси и беше репрезентативец на Бразил, неговиот трансфер на 26 години во клубот од Шангај во 2017 година беше изненадување.
Шангај на Челси му плати 60 милиони евра за Оскар. „Дејли Мејл“, пишува дека во текот на осум години заработил околу 200 милиони евра. Не се знае дали ќе ја заврши кариерата, ќе дојде во Европа или ќе се врати во Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер јунајтед за Мбуемо нуди 70 милиони евра

Манчестер јунајтед се насочи кон камерунскиот напаѓач Брајан Мбеума. Толку многу што по одбивањето на првата понуда од Брентфорд, од „Олд Трафорд“ во Лондон испратија втораа, значително подобрена.
„Црвените ѓаволи“ веќе потрошија над 78 милиони евра за Матеус Куња и Диего Леон. Но, тие немаат намера да се уште да го завршат преодниот период.
Рубен Аморим сериозно е заинтересиран за Брајан Мбеумо. Јунајтед испрати втора понуда за најдобриот стрелец на Брентфорд минатата сезона.
По одбивањето од 53 милиони евра со 11 милиони преку бонуси, од „Олд Трафорд“ беше испратена понуда од 70 милиони евра.
Сепак, не е само Јунајтед заинтересиран за Мбуемо. Тотенхем е исто така сериозно заинтересиран за Камерунецот. Адут на Тотенхем е новиот тренер Томас Франк, кој со Мбуемо имаше извонредна соработка во Брентфорд.
Спорт
(Видео) Атлетико победи и испадна од клупскиот Мундијал

ПСЖ и Ботафого изборија место во нокаут фазата, од Б групата, на клупскиот Мундијал. Турнирот од оваа група заврши за Атлетико Мадрид и Сиетл. Во последното коло, Атлетико го победи Ботафого со 1:0, а ПСЖ против Сиетл победи со 2:0.
ПСЖ, Ботафого и Атлетико, Б група ја завршија со по шест бода (по две победи и пораз), на мини табелата најлош скор имаше екипата од Мадрид.
Атлетико, дури во 87.минута го скрши отпорот на бразилскиот тим. За нешто повеќе „јорганџиите“ немаа време.
Имаше тимот на Диего Симеоне неколку шанси. Алварез промаши неверојатна шанса во првото полувреме, Гризман и Аргентинецот продолжија да промашуваат во второто, а голот дојде доцна. Две минути по голот на Гризман, голманот на Ботафого се истакна кога го одбрани ударт на Лино. Ботафого имаше неколку е закани во првото полувреме, додека во второто го чуваше резултатот.
Во вториот натпревар, ПСЖ лесно го победи Сиетл со 2:0. Кварацкелија постигна гол во 35-та минута, а Хакими да го постави конечниот резултат во 67-та минута.
Спорт
22 милиони евра за трансфер: Бијол потпиша договор со Лидс

Поранешниот фудбалер на Удинезе и словенечки репрезентативец Јака Бијол потпиша договор со повратникот во Премиер лигата, Лидс Јунајтед, до 2030 година, објави денес англискиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, но британските медиуми наведуваат дека Лидс издвоил 22 милиони евра за овој трансфер.
Бијол (26) е член на Удинезе од 2022 година, а пред тоа играше за Хановер, ЦСКА Москва и Рудар од Велење.
Минатата сезона за клубот од Удине одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.