Македонија
Ѓоргиевски на телефон со граѓани: „Нeкои немаа проблем, туку потребен им беше пријателски разговор, па произлегоа идеи“

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го користел саботниот ден од продолжениот викенд за комуникација со граѓаните.
Од општината информираа дека жителите во изминатиот период изразиле желба да контактираат со него, да го информираат за некаков проблем или да споделат некоја своја идеја, а дел дошле и на средба во општината.
„Денес, сабота, од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив телефонски разговор со повеќе од 80 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле свој контакт на службите во општината. Со оние кои имаа потреба од лична средба, веќе ја остваривме или ќе ја остваривме во текот на денешниот ден. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање. Она што особено ме радува е тоа што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што досега е сработено. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото немале шанса да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен и тоа е уште еден показател дека сме на вистинскиот пат. Ќе останам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.