Спорт
Јокиќ не може сам – Постигна рекордни 56 поени, Денвер загубија од најлошиот тим во НБА
Никола Јокиќ во Вашингтон постигна рекордни во кариерата 56 поени, но неговите Денвер Нагест загубија од најлошиот тим во лигата, Визардс со 122:113.
Трикратниот освојувач на МВП наградата зад своето име запиша и 16 скокови и осум асистенции.
Јокиќ не доби апсолутно никаква помош од соиграчите. Мајкл Портер постигна 11 поени, Расел Вестбрук забележа седум поени, 12 скокови и 10 асистенции. Визардс ја забележаа првата победа од 31.октомври, вкупно трета во сезоната. До неа ги предводеше Џордан Пул со 39 поени.
По натпреварот Јокиќ го прашаа што треба да се случи во следниот период за да им дојде паментот на неговите соиграчи.
„Реакција. Во мојата земја, од каде што сум јас, по ваква серија би добиле плата што е малку помала од она што вредиш. Па можеби тоа е она што треба да го направиме. Можеби тоа е мотивација“, рече Јокиќ. .
Впечаток е дека Јокиќ мислеше конкретно на соиграчите во првата петорка.
“Како се вели? Некој треба да биде закован на клупата? Да биде испратен на клупата, мислам дека тоа е прилично добра мотивација”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Се повреди Педри, ќе отсуствува неколку недели
По поразот од Реал Мадрид, пристигнаа нови лоши вести за Барселона, повреда на мускулот заработил најдобриот играч, Педри.
Каталонските медиуми денес потврдија дека Педри ќе биде отсутен од тимот неколку недели.
Инаку, Педри доби црвен картон во судиското продолжение во Ел Класико, па дефинитивно ќе го припуштеше дуелот со Елче, но поради повредата нема да игра и против Клуб Бриж и Селта на гости, а по репрезентативната пауза, домашниот меч со Атлетик Билбао и гостувањето кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Се очекува главната цел на Педри да биде враќање за дербито со Атлетико Мадрид, кој гостува кај Барселона на 2 декември.
Ова дефинитивно е најлошата можна вест во најлошото можно време, бидејќи Рафиња, Дани Олмо, Роберт Левандовски, Гави и Џоан извесно време се отсутни поради повреди.
Во отсуство на Педри и Гави, се очекува Марк Касадо да го заземе стартното место покрај Френки де Јонг.
Спорт
Сон доаѓа во Барселона
Хјеонг Мин Сон, играч на Лос Анџелес, наскоро би можел да пристигне на позајмица во Барселона.
Славниот Кореец, легендата на Тотенхем, ќе ја користи познатата клаузула воведена од Дејвид Бекам.
Тоа правило им овозможува на ѕвездите од МЛС да се преселат во друг клуб за време на паузата во лигата без да им биде раскинат договорот.
На овој начин, фудбалерите можат да ја одржат формата. Бекам беше на позајмица во Милан додека играше за Лос Анџелес.
Спорт
Барселона ќе игра во Перу во декември
Барселона ги финализира плановите за пријателски натпревар во Перу во декември за да ја надомести финансиската загуба поради откажувањето на натпреварот во Мајами против Виљареал.
„Барселона се надева дека ќе заработи седум до осум милиони евра од потенцијален пријателски натпревар во Перу, што би било значајно за клубот бидејќи се бори да ги стабилизира приходите“, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот клуб имаше намера да игра натпревар од лигата против Виљареал на 20 декември на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, доби дозвола од лигата, но плановите беа откажани по бројните критики од клубовите, играчите и навивачите и самиот организатор.
Како што објавија медиумите, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, им се обратил на играчите, тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко во тренинг центарот и ја потврдил подготвеноста на клубот да ја прифати понудата од Перу.
За време на состанокот, тој ја нагласил финансиската важност на натпреварот, особено имајќи го предвид намалувањето на комерцијалните приходи оваа сезона.
Пријателскиот натпревар би се одржал по последниот натпревар на Барселона во годината во шпанската лига, а пред почетокот на божиќната пауза. Клубот се консултира со Шпанската асоцијација на фудбалери за да се осигури дека датумот се совпаѓа со колективниот договор на играчите во врска со официјалниот почеток на празничниот период.
Јужноамериканскиот пазар, особено Перу, претставува голема комерцијална можност за глобалната стратегија на брендот и напорите на Лапорта да ги зајакне врските низ цела Латинска Америка. Барселона одби пет милиони евра за да одигра пријателски натпревар во Либија на почетокот на октомври од безбедносни причини.

