Македонија
Костовски: Со завршување на изградбата на коритото на реката Серава и трим патеката, граѓаните на Бутел добиваат место за рекреирање

Проблемот не е надминат со ЈП Комунална хигиена Скопје кое е под надлежност на Град Скопје. Станува збор за сите главни улици кои припаѓаат на градот Скопје и сите контејнери кои се поставени на главните улици каде евидентно граѓаните забележуваат дека воопшто на време не се реагира од страна на комунална хигиен и депонии на самите главни улици, истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски на денешната трибина на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“.
Костовски продолжи и додаде:
„Еден од првите проекти кои почнав да ги работам како градоначалник, првиот зафат беше чистење на коритото на реката „Серава“, но она што е многу важно да го посочам е дека имаме право како општина да ја чистиме реката само во оној дел каде што не е под ГУП, таму е наша надлежност, а секаде каде што има ГУП надлежност има Градот Скопје и во тој дел не е пипната реката да се чисти“, рече Костовски.
Костовски посочи дека конечно граѓаните на Бутел ќе добијат вистинско место за рекреирање и додаде:
„Во делот каде имавме ние надлежност уште во првиот месец кога станав градоначалник почнавме да ја чистиме реката „Серава“, тоа беше во пределот на Радишани но, не сакав сето тоа да застане таму само да ја исчистиме, туку имав идеја да реализираме еден проект кој беше 30 години наназад ветуван од било кој градоначалник а, тоа е изградба на ново убаво корито на реката „Серава“ и регулирање во пределот на Радишани. Веднаш потоа откако ќе се изгради тоа корито да почнеме да градиме и трим патека и да ја реализираме таа трим патека, станува збор некаде за површина 8,000 м2 во пределот Радишани каде се гради коритото. Овие две работи се реалност, коритото е во финална фаза, веќе се привршува, со проектите од Владата, последниот конкурс кој го имаше кон општините добивме проекти за изградба на трим патека, така да ќе финализираме и со коритото и со трим патеката некаде на пролет“, дециден е Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Буџетот на Чаир, Бујар би го потрошил за една недела, државниот ревизор му ги извади валканите алишта на виделина

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, денеска реагираше на начинот на кој поранешниот министер Бујар Османи ги менаџирал јавните пари, предупредувајќи дека злоупотребите и вештачки надуените цени во тендерите се директна опасност за секоја институција и за буџетот на граѓаните.
„Ако само замислиме дека со вакви цени, со вакви рекетирања, Бујар ќе ја косеше тревата во Чаир исто како во салата ‘Борис Трајковски’, тогаш е јасно дека буџетот на општината ќе се проголта за една недела. Со таков начин на лошо менаџирање, наставниците ќе останеа без плати, а граѓаните без основни услуги“, изјави Меџити.
Тој се повика на последниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој како што оцени, констатирал сериозни злоупотреби при организацијата на дводневен самит, за кој биле потрошени околу два милиони евра државни пари.
„Овде не станува збор за мои зборови или политички обвинувања. Овде зборуваат фактите, документите и официјалните извештаи. А кога еден министер троши два милиони евра за дводневен самит, додека граѓаните се мачат со инфраструктура, образование и основни услови, тоа е непростливо“, нагласи Меџити.
Тој потсети и на времето кога Османи беше министер за здравство, споменувајќи дека во Гинеколошката болница во Чаир тогаш добил прекар „пациентот“ – што според него е симболичен показател за неуспешното раководење со институциите.
Меџити кој денес оствари посета на ОУ “Васил Главинов” порача дека Чаир заслужува транспарентно управување, реални инвестиции и грижа за граѓаните, а не злоупотреби и тендери со рекетирање.
„Граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари. Моја обврска како иден градоначалник е да ја вратам довербата и да го заштитам буџетот на Чаир од вакви злоупотреби“, заклучи тој.
Македонија
На Табановце се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Градот Скопје известуваат дека утре (петок), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.