Македонија
СДСМ: „Новогодишната кошничка“ е нова измама од ВМРО-ДПМНЕ, зејтинот поскапе од 82 на 89 денари, а цената на кашкавалот достигна речиси 500 денари за килограм

„Новогодишната кошничка“ е уште една во низата манипулации на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Како и „есенската кошничка“, која граѓаните сами ја разобличија дека не донесе никакво намалување на цените – напротив, некои производи дури и поскапеа – така и сега, со истите празни ветувања, власта се обидува да ги прикрие своите неуспеси да го заштити стандардто на граѓаните, велат од СДСМ.
„Владата свесно остави простор на трговците да ги покачат цените на основните производи, за сега, со наводното „намалување“, граѓаните повторно да плаќаат исто или повеќе. Јајцата, кои неодамна чинеа 75 денари, сега се продаваат за 90 денари. Зејтинот поскапе од 82 на 89 денари, а цената на кашкавалот достигна речиси 500 денари за килограм – речиси 70 денари повеќе од претходно. Ова не е грижа за граѓаните, ова е свесна манипулација за заштита на интересите на трговците, додека народот едвај врзува крај со крај. Додека пензионерите, работниците и семејствата со минимални приходи се соочуваат со дилемата дали да купат храна, да платат сметки или лекови, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ уживаат во удобноста на високи плати и луксуз“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„СДСМ ја предупредува јавноста дека оваа Влада нема ниту резултати, ниту решенија за кризата. Наместо да се потпре на веќе проверени мерки кои дадоа резултати и вистински ги намалија цените на производите во време на владата на СДСМ, тие продолжуваат да ги штитат трговците“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.