Спорт
Мареска: Ова е над моите очекувања
По спектакуларната победа во градското дерби против Тотенхем (3:4), Челзи се осами на второто место во Премиер лигата, што малкумина го очекуваа пред почетокот на сезоната. Вакво нешто не очекувала ниту менаџерот на тимот, Енцо Мареска.
Тимот кој минатата сезона успеа да го избори пласман во Конференциската лига само благодарение на одличниот финиш, а потоа го смени тренерот, оваа сезона не се најде во најтесниот круг на фаворити. Челси не го вбројуваа ниту меѓу фаворите за едно од првите четири места кои сигурно водат во Лигата на шампионите.
Но, по 15 кола во Премиер лигата, само Ливерпул е пред „сините“. Ниту разликата не е голема, само четири бода („рвените“ имаат натпревар помалку). Тренерот на Челси, Енцо Мареска дефинитивно може да биде задоволен.
„Ова е над моите очекувања. Кога станува збор за играта со топка и без неа и кога станува збор за резултатите“, изјави Мареска.
Сепак, тој одбива да го промовира Челзи во претендент за шампионската титула.
„Арсенал, Сити и Ливерпул веројатно не прават грешки какова што направи Кукуреља. Да бидеме сериозни, не сме подготвени. Ние сме далеку од овие тимови, но фокусирани сме да работиме секој ден напорно за да се подобриме“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

