Спорт
Џон Браун ја засили Црвена звезда

Американскиот кошаркар Џон Браун е новото засилување на Црвена звезда.
Поранешниот член на тимот на Монако, во петокот пристигна во Белград, викендов имаше лекарски прегледи, а денеска потпиша договор со Црвена звезда. Браун потпиша договор со крајот на сезоната, а доколку двете страни бидат задоволни тој ќе биде продолжен на уште една сезона.
Џон Браун, роден во Џексонвил (Флорида), е висок 203 сантиметри, а неговата игра се карактеризира со огромна енергија, борбеност и врвна дефанзива.
Во претходните сезони се здоби со статус на еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа: Тој беше најдобар „крадец на топки“ на Евролигата 2022, италијанската лига 2020. година и ВТБ лигата во 2021 година.
Тој минатата сезона (2024) беше прогласен за најдобар дефанзивец во францускиот шампионат, а покрај тоа со Монако освои и две шампионски титули на таа земја, како и Купот на Франција.
Амерички крилни центар Џон Браун III ново је појачање КК Црвена звезда Меридианбет!
Welcome to Red&White Family, John! 🔴⚪️
Детаљније: https://t.co/BJo4g6LTgi#kkcz #WeAreTheTeam pic.twitter.com/E9d3ACHilx
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) December 9, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Општа тепачка во Сплит – „Врие“ пред дуелот меѓу Хајдук и Динамо

Околу 9 часот утрово, во сплитската населба Пујанке избувна масовна тепачка пред најголемото хрватско фудбалско дерби помеѓу Хајдук и Динамо, кое се игра на стадионот „Пољуд“.
Поголема група маскирани „Бед Блу Бојс“, навивачи на Динамо, упаднаа во Сплит и се судрија со членови на „Торцида“, а наводно станува збор за договорена тепачка, 200 на 200.
Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, по што настанала целосна турканица, а очевидците останале во шок:
„Во шок сум. Замислете да бев со детето. Поминав таму секунда порано, кога одеднаш се случи стампедо“, изјави денес една жена од Сплит за порталот „Далмација“.
Закупецот на блиската зграда сè гледаше од прозорецот:
„Сè уште се освестувам, се слушнаа завивања, викања, вресоци. Одеднаш, околу стотина луѓе се распрснаа по улицата.“
Полицијата ја информираше јавноста дека уапсила голем број хулигани, а потрагата по другите сè уште е во тек.
Дербито ќе започне во 16 часот.
03.05.2025🇭🇷Torcida (Hajduk) vs BBB (Dinamo Zagreb) in Split, click here for more: https://t.co/kPe05Rjzpg pic.twitter.com/2FVKABoaoH
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 3, 2025
03.05.2025🇭🇷Torcida (Hajduk) vs BBB (Dinamo Zagreb) in Split, click here for more: https://t.co/kPe05Rjzpg pic.twitter.com/v9mqiokqtP
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 3, 2025
Спорт
Клубот на најбогатиот Европеец влезе во Лига 1

По 46 години, фудбалскиот клуб Париз се врати во Лига 1, елитниот ранг на францускиот фудбал.
На коло до крајот на сезоната, Парижаните го потврдија второто место, зад Лориен, со нерешен резултат со Мартиго на гости (1:1), и со тоа овие два клуба обезбедија директен премин во Лига 1.
Клубот, кој е мнозински контролиран од семејството Арно, кој е управуван од најбогатиот Европеец во светот (Бернард Арно), сигурно нема да застане тука.
Со буџетот што го има на располагање, амбициите се големи, најголеми.
За потсетување, Париз е клуб кој е основан по одвојувањето од Пари Сен Жермен во 1972 година, последен пат играше во Лига 1 во 1978 година и оттогаш игра во пониските лиги.
Во последните години, тој играше четири пати во плејофот за пласман во Лига 1 и секој пат беше елиминиран. Тоа беше време кога семејството Арно не го водеше клубот.
Семејството Арно владее со ФК Париз од ноември 2024 година.
Спорт
Газдата на ПАО удри по судиите и челнците на Евролигата: Ако имате м***ња, добредојдовте во џунглата

Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно го привлече вниманието на јавноста по поразот на неговиот тим од Анадолу Ефес во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата (85:82).
Со овој триумф, Ефес се избори за мајсторка што ќе се игра во Атина во вторник, но наместо да зборува само за кошарка, пораките на Јанакопулос на „Инстаграм“ привлекоа внимание.
Во низа објави на оваа социјална мрежа, сопственикот на „зелените“ не штедеше на зборови, отворено ги прозва судиите и челниците на Евролигата.
„Евролигата е мафија“, рече Јанакопулос, јасно ставајќи до знаење што мисли за настаните на теренот во Истанбул.
Тој особено се осврна на триото судии познати од терените во регионалната АБА лига.
„Јаворе, Радовиќ, Пукл, ако имате м***ња, добредојдовте во џунглата“, со „хаштагот“ „ова е ОАКА“.
Dimitris Giannakopoulos announced Game 5 of the playoff series between Panathinaikos and Anadolu Efes in his own unique way 👀🍀#EuroLeague #paobc #paobcaktor pic.twitter.com/0Hc8KapETy
— Basketball Sphere (@BSphere_) May 2, 2025
Тој не ги заобиколи ниту водечките луѓе на Евролигата.
„Даниел и Дејан, дојдете на петтиот натпревар. Претпоставувам дека е важен, нели?“.
Јасно е дека Јанакопулос не е задоволен, а неговиот гнев дополнително ја зголемува тензијата пред решавачкиот натпревар.