Спорт
Миовски ќе го пропушти натпреварот со Ливерпул

Џирона, утре во Лигата на шампионите ќе го пречека лидерот Ливерпул. Натпрварт ќе го пропушти македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.
Медиумите од Каталонија објавија дека Миовски се повредил на последниот тренинг. Според овие извори станува збор за повреда на глуждот.
Од клубот не објавија колку ќе отсуствува Миовски.
Македонскиот репрезентативец во летниот преоден рок пристигна во Џирона од Абердин за осум милиони евра. Од почетокот на сезоната постигна четири гола, по два во Примера и Купот на Кралот.
Џирона ќе го пречека Ливерпул на „Монотливи“, во вторник од 18.45 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ го отстрани Донарума од екипата

Иднината на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен е под голем знак прашалник.
Италијанскиот голман не е вклучен во составот на „Светците“ за натпреварот во среда против Тотенхем во Европскиот Суперкуп.
Донарума имаше една од клучните улоги во освојувањето на Лигата на шампионите, но Луис Енрике и клупските челници решија да го отстранат откако тој одби да го продолжи договорот. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува наредното лето.
За 40 милиони евра, ПСЖ го донесе Лукас Шевалие од Лил, кој ќе биде прв избор, а тука се и Матвеј Сафонов и Арно Тенас.
Менаџерот на Донарума, Енцо Раиола е во контакт со гиганти како Манчестер јунајтед, Челзи и Интер, кои внимателно ја следат ситуацијата.
Минатата сезона, Донарума прими 43 гола на 47 натпревари, а во 17 од нив не прими гол.
Спорт
Селекторот на БиХ впери прстот во најдобриот играч: Нуркиќ едвај може да трча

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина влегува во завршницата на подготовките за Евробаскетот во лоша форма, со серија убедливи порази и сериозни проблеми во играта, а селекторот Адис Беќирагиќ отворено предупредува дека без агресивна одбрана нема да можат да го избегнат фијаското.
За време на подготовките БиХ забележа неколку тешки порази, а против Србија и Црна Гора прими вкупно 228 поени – 126:89 зад затворени врати против Србија и 102:90 против Црногорците.
Покрај тоа, двапати загубија од Кина, па затоа не е изненадување што се вклучуваат аларми во тренерскиот штаб.
Кипар, Италија, Шпанија, Грција и Грузија ги чекаат во групата Ц на првенството, а само четири екипи ќе продолжат понатаму. Со моменталната игра, пласманот во следната фаза изгледа како далечна мисија.
„Имаме огромен број промашени слободни фрлања и изгубени топки, што им овозможува на ривалите да постигнуваат лесни поени. Немаме свој ритам. Кога ставаме пет играчи кои играат агресивно, напаѓачкиот талент се намалува, а кога го зголемуваме офанзивниот талент, нема агресивност. Без одбрана не можеме никого да победиме. Ако тоа не го решиме, ќе примиме 155 поени“, рече Беќирагиќ.
Дополнителен проблем е што најдобрите играчи не се во форма. Состојбата на Јусуф Нуркиќ најмногу ги загрижува сите, според тренерот Нуркиќ „не може многу да трча“ и не е подготвен за интензивен ритам.
„Кастањеда штотуку почна да игра пет-на-пет, Нуркиќ е надвор од форма. Ако играме само на талентот на Муса, Нуркиќ и Кастањеда, ќе имаме проблеми. Во моментов, само Лазиќ и можеби Врабац се во оптимална состојба“, додаде селекторот.
Спорт
Кристал Палас официјално нема да игра во Лига Европа

Судот за спортска арбитража (CAS) ја отфрли жалбата на фудбалскиот клуб Кристал Палас против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го префрли од Лига Европа во Конференциската лига поради прекршувања на сопственичките правила.
Со оваа одлука на CAS, потврдени се местата на Нотингем Форест и Олимпик Лион во групната фаза од Лига Европа оваа сезона.
Со освојувањето на титулата во ФА Купот, Кристал Палас се квалификуваше директно за групната фаза во Лига Европа, но УЕФА одлучи да го префрли клубот од Лондон во Конференциската лига и да го стави Нотингем Форест на негово место во Лига Европа.
Одлуката е донесена затоа што неодамнешниот сопственик на 43 проценти од Кристал Палас, Џон Текстор, е исто така мнозински сопственик на ОлимпикЛион, кој исто така се квалификуваше за Лига Европа.
Кристал Палас го пропушти рокот во март поставен од УЕФА за решавање на проблемот, а CAS соопшти дека неговите судии одлучиле дека Текстор „бил член на одборот со одлучувачко влијание врз двата клуба во времето на проценката на УЕФА“.
Кристал Палас ја започна сезоната 2025/26 со освојување на титулата во Комјунити Шилд, откако го победи Ливерпул на пенали.
Foto/ EPA