Свет
Блинкен доаѓа во Турција

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, на 7 и 10 декември имаше телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за последните случувања во Сирија, јавува Анадолија.
Според информациите добиени од официјални извори, американскиот државен секретар ќе престојува во Турција во петок на 13 декември.
Повеќе детали за посетата на шефот на американската дипломатија се уште не се познати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јапонија: Признавањето на Палестина е само прашање на време

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба во ОН изјави дека признавањето на палестинската држава од страна на Јапонија е „само прашање на време“, изразувајќи огорченост од ставовите на израелските власти кои ја отфрлаат идејата за решение со две држави.
Тој нагласи дека „континуираните еднострани акции на Израел се неприфатливи“ и предупреди дека Токио ќе преземе мерки ако процесот за две држави биде попречен.
Најмалку 150 од 193 земји членки на ОН веќе ја признале Палестина.
Свет
Британска министерка: Израел ја влошува хуманитарната криза во Газа

Британската министерка за надворешни работи Јвет Купер во ОН изјави дека израелската влада ја влошува „веќе катастрофалната“ ситуација во Газа со новите воени операции и рушењето на домови.
Таа оцени дека акциите се „нехумани и неоправдани“ и предупреди дека ќе ја отежнат и судбината на израелските заложници.
Во меѓувреме, илјадници луѓе бегаат од градот Газа додека израелската армија ја засилува копнената офанзива. Нов извештај на ОН ја обвинува Израел за намерно уништување на инфраструктура и присилно раселување на Палестинци со цел трајна контрола врз територијата.
Свет
(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Бангкок

Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри, широка 30 метри и длабока 50 метри. За среќа, никој не е повреден, објави „Бангкок тајмс“.
Soil rushing into an underground subway tunnel, possibly triggered by a burst water pipe, is being investigated as the cause of a massive road collapse on Samsen Road in Bangkok's Dusit district, which forced the evacuation of Vajira Hospital for safety.
The collapse created a… pic.twitter.com/dM1W3uPjIb
— Thai Enquirer (@ThaiEnquirer) September 24, 2025
Сообраќајот во областа беше затворен од безбедносни причини. Службите за брза помош во државната болница беа прекинати, а околу 3.500 пациенти беа евакуирани од блиските згради.
Првичните извештаи покажаа дека болничките згради не се оштетени.
На жителите на околните станови им беше наредено да се евакуираат. Два електрични столба и едно полициско возило паднаа во дупката по уривањето.
Властите не соопштија што го предизвикало уривањето. Гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, и тим службеници го прегледаа местото на настанот.
Ситипунт подоцна изјави дека уривањето се случило над подземна железничка станица, поточно на раскрсницата помеѓу тунелот и станицата. „Земјата завршила во тунелот, предизвикувајќи уривање на околните структури и пукање на голема водоводна цевка“, рече гувернерот.
фото: принтскрин