Спорт
Хамилтон: Фетел е најдобриот светски шампион што го познавам
Луис Хамилтон, во неделата последен пат во кариерата го возеше болидот на Мерцедес. Трката во Абу Даби, Хамилтон ја заврши на четвртото место. Кариерата Луис ќче ја продолжи во Ферари.
Британецот со Мерцедес освои шест титули, а неодамна зборуваше кој од возачите, неговите ривали, му оставил најдобар впечаток.
„Фетел е најдобриот светски шампион, бидејќи е повеќе од возач. Има голема страст, а од друга страна се грижи за луѓето. Мислам дека тој е единствениот, покрај мене кој ја искористи својата популарност за да направи нешто добро надвор од Формула 1“, изјави Хамилтон.
На почетокот на нивното ривалство, Фетел беше поуспешен. Ја освои титулата по голема борба во 2010 година, а одлуката падна на последната трка во Абу Даби.
Хамилтон му се врати во 2017 и 2018 година кога го спречи Германецот да ја освои титулата во Ферари.
„Имавме одлични трки, но и поминавме квалитетно време надвор од патеката“, заклучи Хамилтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Капело: Гвардиола е одличен тренер, но премногу арогантен
Манчестер сити се наоѓа во длабока криза. Тимот на Пеп Гвардиола има само една победа во последните десет натпревари, два пати одигра нерешено и доживеа седум порази.
Синоќа, Јувентус со головите на Влаховиќ и Мекени го победи Манчестер сити со 2:0 во Лигата на шампионите. „Граѓните“ со осум бода, по шест кола се наоѓаат на 22.место во Лигата на шампионите.
По натпреварот во Торино, работата на Гвардиола ја критикуваше легендарнуот италијански тренер, сега пензионер, Фабио Капело.
„Гвардиола е одличен тренер. Сепак, тој е премногу арогантен и полн со себе”, вели 78-годишникот и продолжува:
„Понекогаш губеше трофеи затоа што сакаше да докаже дека тој победува, а не играчите, па ги изоставуваше клучните играчи во важните натпревари. Со оваа тактика, според мене, беше обид да насочи вниманието на друга странам заслугите да ги има тој, а не неговиот тим“, заклучи Капело.
Спорт
Ѓуретановиќ на СП во Будимпешта го урна националниот рекорд на 400 метри
Никола Ѓуретановиќ (17), настапи во квалификациите на 400 метри на Светското првенство во мали базени, кое се одржува во Будимпешта.
Ѓуретановиќ исплива извонредено, успеа да го подобри досегашниот национален рекорд. Патеката ја исплива за 3:53,05 минути, овој резултат е за речиси три ипол секунди подобар резултат од досегашниот рекорд на Марко Блажевски (3:56,32).
Ѓуретановиќ квалификациите на 400 метри ги заврши на 40.место во конкуренција на 49.пливачи.
Спорт
Борусија загуби од Барселона и остана без Шлотербек
Борусија Дортмунд, синоќа загуби од Барселона (2:3) и остана без централниот дефанзивец Нико Шлотербек. Претходниот викенд се повреди и Никлас Силе, што значи дека Борусија остана без централни дефанзивци.
Германскиот репрезентативец беше изнесен од теренот буквално во последните секунди од натпреварот против Барселона.
Станува збор за повреда на зглобот. Шлотербек незгодно се приземји откако се обиде со глава да го загрози голот на противникот.
„Ја чекаме официјалната дијагноза, но според она што го видовме, воопшто не изгледа добро“, изјави Нури Шахин, тренерот на Борусија.
Уште порано се повреди Никлас Силе кој ќе биде надвор од терените неколку месеци. Сахин не може да смета ниту на Антон, кој летото пристигна од Штутгарт, па е принуден да го стави Емре Џан во централниот дел од одбраната.
Дортмунд во недела од 17:30 часот одигра натпревар од Бундес лигата против Хофенхајм.