Спорт
Пјастри во друштво на светските шампиони Шумахер, Хамилтон и Ферстапен
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, успеа да извози импресивни 1.444 кругови, колку што беше вкупниот број на програмата, на гран-при трките оваа сезона во Формула 1.
Австралиецот стана четвртиот возач во историјата кој го постигнал овој подвиг, претходно тоа им успеало на Михаел Шумахер (Ферари, 2002), Луис Хамилтон (Мерцедес, 2019) и Макс Ферстапен (Ред Бул, 2023 година).
За разлика од Пјастри, Шумахер, Хамилтон и Ферстапен во езоните кога направиле ваков подвиг успеале и да станат светски шампиони.
Пијастри оваа година освои 292 бода, што му беше доволно за да биде четврти во меѓу возачитек, додека заедно со Британецот Ландо Норис придонесе за освојување на конструкторската титула за Мекларен, прва од 1998 година. Младиот тандем тоа го постигна со „ѓаволски“ 666 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ПСЖ нема да му понуди нов договор на Донарума
Францускиот шампион Пари Сен Жермен не планира да му го продолжи договорот на првиот голман голман Џанлуиџи Донарума (25), пренесуваат француските медиуми.
Во клубот наводно не биле задоволни од неговите настапи, а тренерот Луис Енрике сезонава често му дава шанса на рускиот голман Матвеј Сафонов. И Донарума не е задоволен, не сака да му биде резерва на Сафонов.
Договорот на виткиот Италијанец со Пари Сен Жермен завршува во јуни 2026 година, а се почесто се споменува враќањето во Серија А.
Јувентус се споменува како главен фаворит за негово доведување.
Донарума дојде во ПСЖ од Милан, како слободен игра, а навивачите на италијанскиот гигант тешко го прифатија тој трансфер и го прогласија голманот за „предавник“.
Спорт
Утре ќе бидат извлечени квалификациските групи за пласман на СП 2026
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде во третиот шешир на ждрепката за СП 2026 што ќе се игра во Канада, САД и Мексико.
На овој Мундијал првпат ќе играат 48 репрезентации. Мексико и Канада ќе имаат по три града домаќини, а САД дури 12.
Пласман на Мундијалот, од европската зона, ќе обезбедат победниците од групите, додека второпласираните ќе одат во бараж со четирите најдобропласирани репрезентации од Лигата на нации кои нема да изборат пласман преку квалификациите.
Македонија е во третиот шешир заедно со: Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Финска, Грузија, Исланд, БиХ, Северна Ирска, Црна Гора и Израел. Македонија со овие репрезентации не може да се сретне во квалификациите.
Во првиот шешир се најдобрите селекции: Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.
Противниците од вториот шешир ќе ги чекаат Србија, Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Полска, Романија, Грција, Словачка, Чешка и Норвешка.
Четврти шешир: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Латвија, Фарски Острови, Литванија.
Петти шешир: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.
Ждрепката за Светското првенство во фудбал ќе се одржи утре во Цирих напладне по средноевропско време.
Спорт
Гвардиола: Најдобри сме, го сакам овој тим
Манчестер сити е во криза, која се продлабочи во Торино. Освојувачот на Лигата на шампионите од пред две години беше поразен по седми пат во последните 10 натпревари.
Јувентус победи со 2:0 со головите на Душан Влаховиќ и Вестон Мекени, а избраниците на Пеп Гвардиола имаат само осум бода по шестиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.
Актуелните шампиони во Премиер лигата се на 22. место на табелата, до крајот на првата фаза, во јануари ќе гостуваат кај ПСЖ и ќе го пречекаат Клуб Бриж.
По уште еден лош резултат Гвардиола ја коментираше играта.
„Игравме многу, многу добро. Горд сум на моите играчи. Тие го дадоа својот максимум, се обидовме да победиме. Тешко е во Европа. Игравме навистина добро. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме убедат во спротивното“, изјави тренерот на Сити и додаде: „Целта е пласман во втората фаза. Потребни ни се три бода. Пред нас се уште два натпревари. Нема да го заборавиме овој период кога ќе го оставиме зад нас“.