Свет
Путин: Русија мора да стане светски лидер во опсегот на примена на вештачка интелигенција
Русија треба да стане светски лидер во однос на опсегот на примена на вештачката интелигенција во сите сфери на животот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Русија мора да стане светски лидер не само во создавањето, туку и во однос на опсегот на примена и навлегувањето на вештачката интелигенција во сите сфери на нашиот живот без исклучок“, рече рускиот лидер на пленарната сесија на меѓународната конференција АИ „Патување во светот на вештачката интелигенција“ во седиштето на Сбербанк во Москва.
Како што истакна, ограничувањата наметнати на руската економија ги поттикнуваат домашните компании да најдат нови решенија и „тоа го прават“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вооружени напаѓачи убија судија пред зградата на судот во Акапулко
Вооружени напаѓачи убија државен судија пред зградата на судот во мексиканското летувалиште Акапулко.
Обвинителството во јужната држава Гереро соопшти дека ги прегледува снимките од безбедносните камери за да се обиде да ги идентификува убијците, пренесува АП.
Судијата Едмундо Роман Пинзон беше убиен два дена откако вооружени лица во државата Веракруз убија федерален конгресмен од владејачката партија Морено.
Европа
Зеленски: Се надеваме дека Орбан нема да му се јави на Асад во Москва
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски влегоа во дебата на социјалната мрежа Икс.
Да потсетиме дека Орбан вчера објави дека му се јавил на рускиот претседател Владимир Путин и разговарал со него.
„Зборував со претседателот Путин еден час: ова се најопасните недели од руско-украинската војна. Го преземаме секој можен дипломатски чекор со цел прекин на огнот и мировни преговори“, напиша Орбан.
И Кремљ потврди дека двајцата лидери разговарале телефонски, додавајќи дека повикот бил инициран од канцеларијата на Орбан.
Зеленски брзо реагираше на информациите за разговорот на Орбан со Путин.
„Сите се надеваме дека Орбан барем нема да му се јави на Асад во Москва за да го слуша неговото едночасовно предавање. Апсолутно е јасно дека за постигнување вистински мир и загарантирана безбедност потребна е американска одлучност, европско единство и непоколеблива посветеност на сите партнери на целите и принципите на Повелбата на ОН“, рече Зеленски.
„Никој не треба да го зајакнува својот личен имиџ на сметка на единството. Сите треба да се фокусираат на заедничкиот успех. Единството во Европа отсекогаш било клучно за постигнување успех. Без Украина не може да има дискусија за војната што Русија ја води против Украина. Благодарен сум на Трамп и на многу европски лидери со кои веќе работиме на изнаоѓање вистински и силни решенија за вистински мир“, додаде тој.
Потоа Орбан повторно одговори. „На крајот од унгарското претседавање со Европската унија, направивме нови напори за мир. Предложивме божиќен прекин на огнот и голема размена на затвореници. Жално е што претседателот јасно го одби и го исклучи овој предлог. Направивме се што можевме“, нагласи унгарскиот премиер.
Свет
Трамп размислува да го номинира Ричард Гренел за специјален пратеник за Иран, соопштија извори за Ројтерс
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи поранешниот специјален пратеник за Западен Балкан Ричард Гренел за специјален пратеник за Иран, изјавија два добро информирани извори за Ројтерс.
„Тој дефинитивно е во игра“, рекол неименуваниот извор.
Изворите наведоа и дека Трамп се уште нема донесено конечна одлука за назначувањето функционери во неговата нова администрација, како и за американската стратегија за Иран, односно дали ќе бидат воведени нови санкции кон Техеран или дали ќе продолжи со дипломатските напори да спречи Иран да ја прошири својата нуклеарна програма на производство на нуклеарно оружје.