Свет
Трамп рече дека ќе ја назначи новинарката Кари Лејк за директорка на „Гласот на Америка“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја назначи новинарката Кари Лејк за директор на Гласот на Америка, финансиран од американската влада.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека Лејк ќе се погрижи американските вредности и слободи да се шират низ целиот свет, како што наведе, „праведно и точно“, за разлика од лагите што ги шират другите медиуми.
Лејк беше водител на Фокс 10 во Феникс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фицо: Украина ќе изгуби третина од територијата, ќе се подели како Чехословачка
Украина ќе изгуби третина од својата територија во конфликтот со Русија и нема да чека САД и нивните сојузници да ја поканат во НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесува ТАСС.
Според него, Западот ќе ја жртвува Украина по нејзиниот неуспех, а тие би можеле да ја поделат земјата како Чехословачка во 1938 година.
„Мислам дека Украина ќе изгуби една третина од својата територија, но ќе ѝ бидат понудени безбедносни гаранции, на пример, присуство на странски војници“, рече Фицо во интервју за бразилскиот весник „Фолха де Сао Пауло“.
Како што истакнал, решението на конфликтот во Украина може да биде само прекин на огнот и почнување на преговарачкиот процес.
„Украина дозволи да биде вовлечена во таква приказна која не може да заврши добро за земјата. Ќе ја изгуби својата територија и нема да биде поканета во НАТО“, изјави Фицо и додаде дека секој што е барем малку реален треба да признае дека Русија никогаш нема да се повлече од Крим, ДНР и ЛНР.
Рече дека никогаш нема да го поддржи влезот на Украина во НАТО додека тој е премиер, според медиумот.
Свет
(Видео) Си-ен-ен го сними моментот кога маж беше ослободен од сириски затвор: „О боже, светлина“
Екипа на Си-ен-ен, предводена од репортерката Клариса Вард, влезе во таен затвор на режимот на Асад во Сирија и пронашла затвореник што бил затворен со месеци.
Тамошните новинари трагаа по американскиот новинар Остин Тајс, кој беше затворен во Сирија во последните 12 години, а неговото семејство се надеваше дека ќе го најде по падот на режимот на Башар ал-Асад. Се верува дека бил фатен во близина на Дамаск во август 2012 година додека известувал за сириската граѓанска војна.
Тимот посети скриени места на притвор, каде што голем број цивили биле мачени и претепани до смрт. Тие наишле на ќелиите и забележале дека едната е сè уште заклучена.
Тие пронашле затвореник што бил затворен четири дена без вода, храна и дневна светлина. „Тој дури и не знаеше што се случува во остатокот од земјата. Сè е во ред, сè е во ред. Ние сме новинари, јас сум цивил“, му рекла новинарката.
Затвореникот му рекол на војникот што бил со новинарската екипа дека последните три месеци бил ставен во ќелија. „Фала му на Бога што си спасен. Сега си безбеден, не плаши се, слободен си“, одговорил војникот.
По три месеци затвор без прозорци, поранешниот затвореник, конечно, можел да го види небото. „О Боже мој, светлина, има светлина. Се тресам, ми се тресе лицето“, рекол тој и побарал од толпата да остане со него. Кога му кажале дека Сирија е слободна, тој го бакнал војникот.
Регион
Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во тешка состојба
Повредените при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, пациентот Ц. В. (18) и пациентката М. Т. (24), сè уште се на интензивна нега во Клиничкиот центар во Војводина и се во тешка, но стабилна здравствена состојба, соопштија денеска од КЦВ.
„Тие се свесни и дишат спонтано. Мултидисциплинарен консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции и психолошка поддршка, која е постојано присутна“, се вели во соопштението.
Во несреќа на 1 ноември загинаа 15 лица кога врз нив се урна армирано-бетонски натстрешник од неодамна реновираната зграда на железничката станица во Нови Сад, објави „Нова.рс“.