Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не се дистанцира од милионскиот криминал во РЕК „Битола“ на чело со Васко Ковачевски, кој донесе поскапа струја за граѓаните
СДС се синоним за криминал и корупција. СДС се синоним за уништување на институциите на системот. ВМРО-ДПМНЕ долго време зборуваше за криминалот кој што СДС го правеа во енергетскиот сектор, богатејќи се на грбот на обичниот македонски граѓанин. За задоволување на нивните криминални амбиции за стекнување милионски богатства, граѓаните беа принудени да плаќаат повисока цена за електрична енергија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Деновиве македонската јавност беше сведок на испливување на површина на криминално корупциските шеми на СДС во енергетскиот сектор. Надлежните институции открија криминал вреден 6.5 милиони евра во македонските енергетските комбинати под водство на кадрите на СДС, како што Васко Ковачевски. Седум години енергетскиот комбинат РЕК Битола, под водство на СДС и на Васко Ковачевски беше пустошен. Матните тендери во РЕК Битола, преку кои се испумпуваа милиони, резултираа со поскапа струја за народот. Но од ваквите криминални лица и дејанија СДС не се оградува. Освен бледото соопштение на СДС за последниот случај на криминал во РЕК Битола, не видовме дистанцирање на партијата од нивните некогашни челници во енергетскиот сектор“, велат од партијата и додаваат:
„Со неоткажувањето од некогашните челници во енергетскиот сектор, како Васко Ковачевски, кои се товарат за сторен криминал во вредност од 6.5 милиони евра, СДС не се откажува ниту од криминалот во РЕК Битола. Со неоткажувањето и недистанцирањето од директните учесници во милионските криминални шеми и милионски грабеж во РЕК Битола, СДС само потврдува дека е соучесник и дека украдените милиони ги делеле на братски начин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди и студено, на планините снег
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

