Свет
Лукашенко нареди „Орешник“ да се постави во Белорусија
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија, Павел Муравејко, изјави дека претседателот на таа земја, Александар Лукашенко, наредил распоредување на рускиот ракетен систем „Орешник“ на територијата на Белорусија и планира негово користење.
„Има само една инструкција – да се обезбеди распоредување на ‘Орешник’ на наша територија и да се планира неговото користење“, изјави Муравејко по состанокот на Советот за безбедност на Белорусија, пренесе „Белта“.
Тој додаде дека само рускиот претседател Владимир Путин го знае точниот број на системи што ќе ѝ бидат испорачани на Белорусија.
Минатата недела Лукашенко побара од Путин да постави „Орешник“ во Белорусија, а рускиот претседател одговори дека е можно овој ракетен систем да биде распореден во втората половина на 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Потребно е да се стави крај на војната во Газа
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека сака крај на војната во Појасот Газа и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го знае тоа.
Трамп за магазинот „Тајм“ рече дека го информирал Нетанјаху за неговата позиција во телефонски разговори за време на кампањата за претседателските избори во САД на 5 ноември.
Американски магазин во октомври објави дека Трамп му рекол на Нетанјаху за време на состанокот во јули во Флорида дека сака војната да заврши додека тој се врати во Белата куќа. Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари.
Израел претходно ги отфрли ваквите јавни повици на светските лидери, тврдејќи дека притисокот е неправедно насочен кон таа земја наместо кон палестинскиот Хамас, против кој води војна во Појасот Газа.
На почетокот на овој месец Трамп предупреди дека ќе биде платена „пеколна цена“ доколку заложниците држени во Газа не бидат ослободени до 20 јануари, јавуваат израелските медиуми. Трамп, сепак, тогаш не ги спомна Хамас или Израел.
Нетанјаху досега одбиваше да ја заврши војната во Газа во замена за ослободување на заложниците, тврдејќи дека тоа ќе му овозможи на Хамас да се прегрупира.
Дополнително, Нетанјаху има обврска кон неговите екстремно десничарски партнери во владејачката коалиција, кои се заканија дека ќе ја соборат владата доколку тој се согласи на таква размена.
Израелскиот одбранбен естаблишмент претпочита да се согласи со договорот бидејќи верува дека Израел може да ги врати војниците во Газа доколку е потребно дури и по повлекувањето, и предупредува дека многу од заложниците нема да бидат живи ако долго се чека да се постигне договор.
Неименуван арапски дипломат, запознаен со текот на преговорите, за израелските медиуми изјави дека двете страни покажале подготвеност за компромис за условите за повлекување на Израел од Газа. Спорно прашање за кое нема договор е дали прекинот на огнот би бил траен или привремен.
Посредниците се залагаат за договор во три фази, сличен на оној предложен од Израел во мај и поддржан од американскиот претседател Џозеф Бајден.
Израел е фокусиран на првата фаза од договорот од 40 до 60 дена, а Хамас стравува дека земјата ќе продолжи да се бори откако Трамп ќе стане претседател.
На прашањето дали му верува на Нетанјаху, сега кога му се приближува вториот мандат, Трамп по кратко размислување рече дека „не му верува на никого“.
Свет
Доналд Трамп е личност на годината на магазинот „Тајм“
Доналд Трамп е личност на годината на магазинот „Тајм“.
„Неговата втора изборна победа е историска на повеќе начини“, објави Тајм при претставувањето на потесниот круг, во кој беа вклучени и Илон Маск и Кејт Мидлтон.
„Трамп ќе биде најстариот претседател во историјата на САД, кој по вторпат ќе ја преземе функцијата на возраст од 78 години и седум месеци. Кога Џо Бајден го започна својот мандат во 2021 година, тој имаше 78 години и два месеци. Трамп исто така ќе биде првиот осуденик избран за претседател“, објави „Тајм“, осврнувајќи се на неговата пресуда за фалсификување деловни документи за изборна измама.
Donald Trump is TIME’s Person of the Year https://t.co/IjP5W2otV5 pic.twitter.com/CVHX9o0DB3
— TIME (@TIME) December 12, 2024
Магазинот по вторпат го избра Доналд Трамп за личност на годината, откако првпат беше прогласен за личност на годината во 2016 година, кога ја победи Хилари Клинтон на претседателските избори и стана претседател на Соединетите Американски Држави.
Свет
Туск: Нема планови за испраќање полски војници во Украина во случај на прекин на огнот
Полска не планира да испраќа војници во соседна Украина, изјави премиерот Доналд Туск поради шпекулациите дека западните сили би можеле да испратат свои сили таму доколку се постигне договор за прекин на огнот со Русија.
Туск го изјави ова по разговорите во Варшава со францускиот претседател Емануел Макрон, како дел од дипломатските напори на европските сили да му покажат на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп дека сакаат да преземат дел од товарот за завршување на речиси тригодишниот војна во Украина.
„Со цел да се стави крај на шпекулациите за потенцијалното присуство на оваа или онаа земја во Украина по постигнувањето на примирјето… затоа, одлуките во врска со Полска ќе се носат во Варшава и само во Варшава. Во моментов не планираме такви акции“, рече Туск.
Макрон рече дека Украина треба да одлучи какви отстапки сака да направи за да се постигне мир, но нагласи дека е важно Европејците да преземат одговорност за безбедноста на континентот, бидејќи таа сега е во фокусот на претстојното враќање на Трамп во Белата куќа.
На прес-конференцијата со Туск, Макрон истакна дека „нема безбедност во Европа без Европејци“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц не присуствуваше на разговорите во Варшава, но денеска во Берлин изјави дека е во постојан контакт со Туск и Макрон.
Извор од германската влада рече дека тој смета дека дискусијата за копнените воени сили како дел од безбедносните гаранции за Украина е „малку како петтиот чекор пред вториот“.