Спорт
Заврши годината за Мората и Лофтус-Чик

Кристијан Пулишиќ се повреди пред седум дена, а во средата навечер против Црвена звезда, Милан остана без уште двајца важни играчи.
Во дуелот од шестото коло во Лигата на шампионите, во кој Милан се мачеше да го совлада српскиот шампион со 2:1, тренерот Пауло Фонсека уште во првото полувреме остана без Алваро Мората и Рубен Лофтус-Чик.
Според италијанските медиуми Мората и Лофтус-Чик нема да играат до крајот на годината, со напомена дека постојат мали шанси капитенот на шпанската репрезентација да биде во протоколот за натпреварот против Рома на 29.декември.
Лофтус-Чик можеби ги одигра последните минути во дресот на „росонерите“ на мечот против Црвена звезда, бидејќи се шпекулира дека во јануари би можел да замине во Саудиска Арабија.
Милан до крајот на годината ќе одигра уште три натпревари во Серија А, а пред споменатиот меч против Рома за два дена ќе гостува во Џенова, а потоа на 20 декември патува во Верона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Селекторот на БиХ впери прстот во најдобриот играч: Нуркиќ едвај може да трча

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина влегува во завршницата на подготовките за Евробаскетот во лоша форма, со серија убедливи порази и сериозни проблеми во играта, а селекторот Адис Беќирагиќ отворено предупредува дека без агресивна одбрана нема да можат да го избегнат фијаското.
За време на подготовките БиХ забележа неколку тешки порази, а против Србија и Црна Гора прими вкупно 228 поени – 126:89 зад затворени врати против Србија и 102:90 против Црногорците.
Покрај тоа, двапати загубија од Кина, па затоа не е изненадување што се вклучуваат аларми во тренерскиот штаб.
Кипар, Италија, Шпанија, Грција и Грузија ги чекаат во групата Ц на првенството, а само четири екипи ќе продолжат понатаму. Со моменталната игра, пласманот во следната фаза изгледа како далечна мисија.
„Имаме огромен број промашени слободни фрлања и изгубени топки, што им овозможува на ривалите да постигнуваат лесни поени. Немаме свој ритам. Кога ставаме пет играчи кои играат агресивно, напаѓачкиот талент се намалува, а кога го зголемуваме офанзивниот талент, нема агресивност. Без одбрана не можеме никого да победиме. Ако тоа не го решиме, ќе примиме 155 поени“, рече Беќирагиќ.
Дополнителен проблем е што најдобрите играчи не се во форма. Состојбата на Јусуф Нуркиќ најмногу ги загрижува сите, според тренерот Нуркиќ „не може многу да трча“ и не е подготвен за интензивен ритам.
„Кастањеда штотуку почна да игра пет-на-пет, Нуркиќ е надвор од форма. Ако играме само на талентот на Муса, Нуркиќ и Кастањеда, ќе имаме проблеми. Во моментов, само Лазиќ и можеби Врабац се во оптимална состојба“, додаде селекторот.
Спорт
Кристал Палас официјално нема да игра во Лига Европа

Судот за спортска арбитража (CAS) ја отфрли жалбата на фудбалскиот клуб Кристал Палас против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го префрли од Лига Европа во Конференциската лига поради прекршувања на сопственичките правила.
Со оваа одлука на CAS, потврдени се местата на Нотингем Форест и Олимпик Лион во групната фаза од Лига Европа оваа сезона.
Со освојувањето на титулата во ФА Купот, Кристал Палас се квалификуваше директно за групната фаза во Лига Европа, но УЕФА одлучи да го префрли клубот од Лондон во Конференциската лига и да го стави Нотингем Форест на негово место во Лига Европа.
Одлуката е донесена затоа што неодамнешниот сопственик на 43 проценти од Кристал Палас, Џон Текстор, е исто така мнозински сопственик на ОлимпикЛион, кој исто така се квалификуваше за Лига Европа.
Кристал Палас го пропушти рокот во март поставен од УЕФА за решавање на проблемот, а CAS соопшти дека неговите судии одлучиле дека Текстор „бил член на одборот со одлучувачко влијание врз двата клуба во времето на проценката на УЕФА“.
Кристал Палас ја започна сезоната 2025/26 со освојување на титулата во Комјунити Шилд, откако го победи Ливерпул на пенали.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Жестока тепачка на фудбалерки во Мексико

Фудбалерките Миа Зуазуа (26) и Нативидад Мартинез (24) ја одбележаа средбата помеѓу Хуарез и Ксолос во петтото коло од Мексиканската женска лига, во која Хуарез победи со 2:0.
Зуазуа и Мартинез се степаа во 22-та минута на средината на теренот по еден дуел.
Тие се туркаа, влечеа и удираа додека нивните колешки се обидуваа да ги разделат. Двете добија директен црвен картон и беа исклучени од играта.
Terrible lo que acaba de pasar entre Miah Zuazua y Natividad Martínez. 🐎🆚🐕 pic.twitter.com/GGMNErhTXC
— Bruno Hernández 🎙️ (@bruhdz8) August 9, 2025
По натпреварот, Зуазуа побара прошка од тренерот на Хуарез, Оскар Фернандез, што го остави тимот со играч помалку.
Засега не е познато дали, освен црвениот картон, ќе добијат и дополнителни казни, бидејќи ниту лигата ниту клубовите сè уште не се огласиле.