Свет
Лавров му посака на Додик добро здравје, енергија и оптимизам
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по операцијата на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, му испрати поддршка во која му посака добро здравје, неисцрпна енергија и оптимизам.
„Почитуван Милорад, информиран сум за хируршката интервенција што пред неколку дена беше извршена. Се надевам на брзо закрепнување и враќање на работа во полн капацитет на позицијата претседател на пријателската Република Српска“, нагласи министерот Лавров, пренесе „Срна“.
Додик во понеделникот беше опериран во белградска клиника, се чувствува добро и, како што е најавено, викендов би можел да биде пуштен на домашно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците набавуваат моќни дронови за напади во згради
Пентагон неодамна објави нов договор за купување на мали беспилотни летала ПСИО (Precision Strike Indoor & Outdoor). Станува збор за беспилотни летала камикази способни да пронајдат и напаѓаат цели во зградите. Договорот беше потпишан со производителите на дронови „XTEND“, кои станаа познати по нивната напредна работа на беспилотни летала кои работеа во тимови во зградите во Газа.
Договорот го склучи мистериозната Канцеларија за нередовно војување на Пентагон, која развива способности за војската за потребите на асиметрични, тајни операции против цели од најголема вредност. Во минатото, ова можеби значело неутрализирање на бунтовнички водач со ракета Hellfire R9X без да се оштети зградата во која се наоѓал. Ова ново оружје може да изврши прецизни напади на места кои претходно биле надвор од дометот, пишува Форбс.
Огромен предизвик
Контролирањето на дронови во затворен простор е голем предизвик – просторите се преполни и комплицирани, а пречките се во сите правци. Извршниот директор на „XTEND“, Авив Шапира, претходно изјави за Форбс дека оперативниот систем на компанијата, XOS, ја презело тешката работа со управувањето, така што дури и почетниците пилоти на беспилотни летала можат да летаат како професионалци и лесно да влегуваат низ прозорците или други тесни простори.
Сè што треба да направи пилотот е да покаже каде треба да оди дронот, а XOS го прави останатото. Дополнително, системот „се сеќава“ на рутата што ја поминал за да може да се врати.
Доделувањето на договорот следеше по успешното ригорозно тестирање.
„Тестовите ја покажаа точноста, сигурноста и оперативната супериорност на нашето решение “, рече Шапира во изјавата.
Ова значи дека договорот е потпишан за некоја верзија на дронот Scorpio на XTEND. Веројатно има врска со квадкоптерот Scorpio 500, кој може да лета околу 15 минути и е заштитен од оштетување при удирање во ѕидови или други цврсти предмети.
Scorpio носи околу половина килограм експлозив, а има неколку опции за боеви глави. Детали не се објавени, но веројатно е дека тие вклучуваат боеви глави кои можат да се користат на човечки цели, специјално дизајнирани експлозиви за пробивање на препреки како што се вратите, како и термобарични боеви глави во случај на потреба да се урнат цели структури.
Навигацискиот систем на овој дрон не се потпира на GPS или други сателитски сигнали, кои се предмет на пречки или може да бидат недостапни во затворени простории. Досегот наводно е подолг од 5 километри, со максимална брзина од 25 километри на час.
Сепак, покрај паметниот софтвер, можеби најимпресивната карактеристика на овој дрон е неговата комуникација. Мрежата дозволува три беспилотни летала да работат заедно, и да бидат контролирани од само еден пилот. Вообичаено, два дрона би биле позиционирани да ги „чуваат“ влезовите, додека третиот ја истражува внатрешноста на зградата.
Беспилотните летала докажани во битка
Иако XTEND е најпознат по соработката со ИДФ, каде што неговите беспилотни летала се докажаа на дело, беспилотните летала за Пентагон ќе бидат изградени во САД, а испораките се очекува да започнат во првиот квартал од оваа година.
Ова не е прв проект за беспилотни летала на Канцеларијата за нередовно војување на Пентагон. Нивната подгрупа за тактичка офанзивна поддршка, задолжена за испорака на „уникатна тактичка офанзивна опрема“, неодамна набави приспособена верзија на авионот Херо-30. Станува збор за уште едно беспилотно летало создадено во Израел, иако во овој случај хардверот го испорачува американската Mistral Inc. Подобрената верзија понуди подолго време на лет, подобра боева глава и зголемена веројатност за успешно погодување на целта.
Американската војска веќе поседува неколку беспилотни летала камикази. Еден од нив е Rogue-1 на американските маринци, всушност поелегантна (и поскапа) верзија на беспилотните летала FPV од Украина. Сепак, тоа е оружје што може да се користи само на отворено. Нано беспилотното летало Black Hornet, кое се користи во мал број во Украина, може да влезе во згради, но тоа е само извидувачки авион, премногу мал за да носи боева глава.
ПСИО може да пријде на зграда од поголеми растојанија, да влезе во неа и да „пронајде и неутрализира“ цели, а истовремено да снима видео доказ за својата мисија.
Засега вакви дронови веројатно ќе бидат достапни само за одредени единици. Поверојатно е да се видат во конкретни операции отколку на боишта. Како и со другите типови на мали беспилотни летала, овој дрон може брзо да се рашири меѓу пријателските и непријателските војски, иако реплицирањето софтвер за паметна вештачка интелигенција е многу покомплицирано од копирањето на хардверот.
Свет
(Видео) Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета: „Лета 12 пати побрзо од звукот“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше успешното тестирање на новата суперсонична балистичка ракета со среден дострел, објави државната новинска агенција КЦНА, која сподели и видео од тестот.
Ракетата прелета околу 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од брзината на звукот и достигна максимална височина од речиси 100 километри пред да слета токму на својата цел долж источниот брег, се вели во соопштението.
Footage aired by North Korean broadcaster KRT shows what the country says is a successful launch of a new intermediate-range hypersonic ballistic missile (IRBM) test. It comes just days before the US President-elect Donald Trump returns to office.#NorthKorea #US #Trump pic.twitter.com/vVwdOfGdlL
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) January 7, 2025
Во моторот на ракетата се користени нови композитни материјали од јаглеродни влакна, а проектилот може „ефикасно да навлезе во секоја густа одбранбена бариера и да му нанесе сериозен воен удар на непријателот“, нагласи КЦНА.
Свет
Чуварка имала односи со затвореник, судот и’ изрече затворска казна
Затворскa чуварка во Обединетото Кралство е осудена на 15 месеци затвор откако имал интимни односи со затвореник во ќелија, објави денеска германската новинска агенција „ДПА“.
Триесетгодишната Линда Де Соуса Абреу од Фулам, југозападен Лондон, беше обвинета откако видео од нејзиниот чин беше споделено на социјалните мрежи.
Откако полицајците биле известени за видеото снимено во затворот Вандсворт во јужен Лондон, била отворена полициска истрага.
Таа доби 15 месеци затвор.
Де Соуса Абреу, мајка на едно дете, беше уапсена и се изјасни за виновна за прекршување на службената должност.
Таа овој понеделник се појави пред истиот суд во сив костум и бела кошула, каде што беше осудена на 15 месеци затвор.
„Сте се впуштиле во сексуална активност со затвореник. Ова ја загрози вашата улога како службеничка и претставува прекршување на службената должност што ја поткопува дисциплината во затворот и го зголемува ризикот за вашите колеги“, ѝ рекол судијата Мартин Едмундс.
„Знаевте дека таквото однесување е забрането и со добра причина“, додаде тој.