Свет
Европскиот комесар за одбрана го дочека утрото во засолниште во Киев поради руските напади
Новиот европски комесар за одбрана, Андриус Кубилиус, утрото го поминал во засолниште во Киев поради руските ракетни напади, објави „Укринформ“.
Амбасадорката на ЕУ во Украина, Катарина Матернова, преку социјалните мрежи ја информира јавноста дека Кубилиус бил во засолниште за време на нападот.
Матернова додаде дека денес Русија лансирала 93 балистички и крстосувачки ракети, како и повеќе од 200 беспилотни летала, насочени кон критичната инфраструктура на Украина, вклучително и енергетската мрежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинка осудена на 14 години затвор за велепредавство поради писмо до рускиот амбасадор во ОН
Украинскиот суд осуди жена обвинета за велепредавство на 14 години затвор затоа што напишала писмо до рускиот амбасадор во Обединетите Нации во кое ја оправдува руската инвазија на Украина, соопшти украинското обвинителство.
„Жителката на Киев, која напиша писмо до рускиот амбасадор во ОН за нејзината поддршка за (руската) „специјална операција“ е осудена на 14 години затвор за велепредавство“, објави обвинителството на Телеграм.
Рускиот амбасадор Василиј Небезија го спомна писмото во говорот на 28 февруари 2022 година, за да ја оправда руската инвазија на Украина која почна четири дена претходно.
Според обвинителството, обвинетата, поттикнатта од руското разузнавање, „напишала дека украинскиот народ ја поддржува таканаречената специјална операција на Руската Федерација во Украина, дека во Украина почнале грабежи, убиства и силувања и дека политичарите официјално повикуваат на „убиства на Руси“.
На почетокот на инвазијата, Русија тврдеше дека сака да ги заштити граѓаните што зборуваат руски во Украина и да ја демилитаризира и денацизира земјата.
Од почетокот на руската инвазија, Киев обвини стотици луѓе за соработка со Русија, првенствено оние кои предавале воени информации до руската армија и службеници од окупираните територии кои отишле да работат за властите инсталирани од Москва.
Свет
Пелоси се повреди на службено патување во Луксембург, хоспитализирана е
Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше повредена и хоспитализирана за време на нејзиното патување во Луксембург, изјави нејзиниот портпарол Иан Крагер.
Во соопштението, Крагер рече дека Пелоси заработила повреда за време на службената должност и била примен во болница за понатамошна евалуација.
Демократката од Калифорнија, според нејзиниот портпарол, добива одлична медицинска нега од лекарите и медицинскиот персонал и продолжува да работи и жали што не може да учествува во преостанатите ангажмани.
Пелоси се повлече од функцијата демократски лидер на Претставничкиот дом во 2023 година, откако републиканците ја вратија контролата врз Домот, но таа продолжува да има големо влијание во партијата. Таа двапати беше претседател на Претставничкиот дом и нашироко се смета за една од најефикасните поединци на таа позиција во модерната историја на Конгресот.
Регион
Милановиќ: Косово треба да го признаат сите членки на ЕУ кои се’ уште не го сториле тоа
Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, денеска во разговор со косовскиот премиер, Албин Курти, изјави дека се исполнети сите услови за целосно меѓународно признавање на Косово.
„Сите услови за државност и целосно меѓународно признавање на Косово се исполнети, а особено Косово треба да го признаат сите членки на Европската унија кои се уште не го сториле тоа“, повтори Милановиќ, објави прес-службата на хрватскиот претседател.
Тој потврди дека Косово има целосна и цврста поддршка од Хрватска на неговиот пат кон членство во сите меѓународни асоцијации.
Претседателот на Хрватска оцени дека е неопходно нормализација на односите меѓу Косово и Србија, бидејќи тоа би значело поголема стабилност во Југоисточна Европа, што, како што се наведува, е и во хрватскиот национален интерес.
Косовскиот премиер денеска е во официјална посета на Хрватска, при што разговараше и со премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Собранието Гордан Јандорковиќ.
По разговорот со Пленковиќ, Курти изјави дека Приштина сака добрососедски односи со Србија, но дека за тоа и’ е потребна нормална Србија, која според него во моментов не е демократска.
Пленковиќ оцени дека за стабилноста на Југоисточна Европа е важно односите меѓу државите што произлегоа од распадот на Југославија да се регулираат на структуриран, ефективен начин, со меѓусебно почитување, без конфликти и со фокус на соработката и Процесот на европска интеграција.
Тој рече дека Хрватска сака процесот на дијалогот во Брисел да доведе до нормализација на односите меѓу Косово и Србија и меѓусебно признавање, нагласувајќи дека Косово е „реалност како меѓународно призната држава“ и дека не гледа сценарио во кое таа реалност би се промена.
Во рамките на посетата на косовската делегација, во Загреб се одржа хрватско-косовски економски форум, а беа потпишани повеќе договори, меѓу кои и за меѓусебно признавање на возачките дозволи и взаемна помош во случај на природни катастрофи.