Спорт
(Фото+Видео) Навас го одигра последниот меч на „Писхуан“ – Севилја ја победи Селта
Хесус Навас ги одигра последните 70 минути во кариерата на „Рамон Санчез Писхуан“. Соиграчите го почестија со триумф над Селта 1:0. Голот за победа го постигна Хави Буено во 65.минута. Буено, прв пат беше стартер оваа сезона во Примера, а го одигра дветтиот меч за сениорскиот тим.
Натпреварот во Севилја имаше емотивен почеток и крај. Хесус Навас реши да стави крај на кариерата. Официјално во пензија ќе замине наредниот викенд кога Севилја ќе му гостува на Реал.
Вечерва Навас го одигра последниот меч во кариерата пред домашната публика.
Пред почетокот на натпреварот Навас, придружуван од синовите, излезе на теренот, фудбалерите на двата тима му направија шпалир.
На центарот го чекаа сите трофеи што ги освои со Севиља за време на 18-те години во првиот тим (од 2013 до 2017 година играше за Манчестер сити). Навас со Севилај освои четири трофеи во Лига Европа, два трофеи во Копа дел Реј, еден Суперкуп на Шпанија и еден Суперкуп на Европа. Тој е најтрофејниот фудбалер на клубот од Андалузија.
Во кариерата со Шпанија два пати бил европски и еднаш светски првак.
Навас теренот во солзи го напушти во 70.минута, а не можеше да ги задржи емоциите и по завршувањето на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) ПСЖ го освои Суперкупот на Франција
ПСЖ славеше во борбата за трофејот во Суперкупот на Франција, против Монако, Натпреварот се одигра на стадионот „974“ во Диха.
Од 2013 година, ПСЖ има освоено 11 трофеи во Суперкупот на Франција, вклучувајќи го денешниот, освоен против Монако, во финишот на натпреварот.
„Светците“ не дозволија мечот да биде решен во пенал-рулетот. Во втората минута од судиското надополнување на времето, Дембеле ја искористи перфектната асистенција на Руиз.
ПСЖ беше подобриот противник во текот на целиот натпревар, но во голот на Монако блескаше швајцарскиот голман Филип Кон. Тој ги одбрани првите девет удари кои одеа кон неговиот гол.
Инаку, од 2009 година, финалето на Суперкупот речиси редовно се игра надвор од Франција. Од 2009 до вечерва, Суперкупот не се играше двапати, во 2020 и 2023 година.
Домаќин на турнирот првпат беше Катар, а претходно се играше во Канада (два пати), Тунис, Мароко (двапати), САД, Габон, Кина (три пати), Австрија и Израел (два пати).
Спорт
(Видео) Ливерпул и Јунајтед ремизираа на „Енфилд“
Фудбалерите на Ливерпул ремизираа со Манчестер Јунајтед 2-2 во дербито од 20. коло во Премиер лигата одиграно на „Енфилд“.
Головите ги постигнаа Лисандро Мартинез и Амад Диало за Јунајтед и Коди Гакпо и Мохамед Салах за Ливерпул.
Во првото полувреме екипите беа изедначени. По воведните десет минути, домаќините ја презедоа контролата и се заканија преку Коди Гакпо и Алексис Мек Алистер, кои пропуштија добри шанси.
Во преостанатиот дел од првото полувреме Јунајтед беше рамноправен ривал и имаше две шанси за гол. Првата ја промаши Амад Диало по центаршутот на Диого Далот, а потоа кон крајот на полувремето пред Алисон излезе Расмус Хојлунд, но шутираше директно во Бразилецот.
Првиот гол беше постигнат во 52.минута, кога Лисандро Мартинез погоди на асистенција на Бруно Фернандеш.
Неколку минути подоцна Гакпо погоди за 1:1 по одличен дриблинг по левата страна додека во 70. минута Мо Салах погоди од белата точка.
Амад Диало го постави конечниот резултат по додавањето од Гарначо. Во финишот Хари Мегваер промаши чиста шанса за победа на Јунајтед,
По овој натпревар, Ливерпул остана прв со шест бода предност и натпревар помалку во однос на второпласираниот Арсенал, додека Манчестер Јунајтед е на 13. место.
Спорт
Слот: Реал секогаш го добива она што го сака? Познавам еден кој ги одбил
Последните информации од Англија велат дека Ливерпул му упатил на одличното десно крило понуда „земи или остави“. „Црвените“ наводно се подготвени да платат 78 милиони фунти за Трент да остане на „Енфилд“ во следните пет сезони. Тренерот Арно Слот има многу пофални зборови за Александар.
Холандскиот стручњак проговори и за интересот на Мадрид за англискиот репрезентативец. „Реал секогаш го добива она што го сака? Искрено не сум убеден во тоа.
Познавам еден играч кој ги одби. Вие го знаете подобро од мене“, рече Слот и додаде: „Што се однесува до Трент, разговорите се во тек, немам ништо ново да додадам на оваа тема“.
Слот алудираше на Стивен Џерард, поранешниот капитен на Ливерпул, кој своевремено не сакаше да го носи дресот на Кралскиот клуб.