Контакт

Македонија

Засилени мерки пред празниците, Тошковски најави казни за употребата на пиротехнички средства

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи интензивира активности за подобрување на јавната безбедност пред новогодишните празници. Превентивните мерки вклучуваат намалување на користењето пиротехнички средства, засилено присуство во трговските центри и други места со зголемена фреквенција на луѓе, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

dobivaj vesti na viber

Тошковски, кој го посети пунктот на полицијата пред Сити мол, информираше дека минатата недела во Скопје биле запленети меѓу 30.000 и 40.000 пиротехнички средства. Спроведени се слични акции и во Валандово, Свети Николе и други градови, при што се поднесени соодветни пријави.

„Нашите активности се насочени кон спречување на користењето пиротехника, но и кон откривање каков било криминалитет, од имотни деликти до разбојништва. Полицијата комуницира со граѓаните и ги следи состојбите на терен“, изјави министерот.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска информираше за инциденти во населбата Капиштец, каде што малолетници палеле петарди. Во врска со ова, Тошковски нагласи дека вакви случаи се забележани и претходно.

„Регистрирани се три вакви настани во последниот период, а во најголем дел од нив учествуваат малолетници. Преземаме соодветни постапки против одговорните, но и повикуваме на внимание од страна на родителите. Ќе продолжиме со превентивни активности, но ќе бидеме подготвени и за репресивни мерки ако е потребно“, порача Тошковски.

Министерството ги повикува граѓаните на соработка и свесност за да се избегнат несакани последици од користење пиротехника.

Македонија

Вреди: ДУИ создава конфликти за да ги прикрие своите корупциски скандали

Објавено пред

Коалицијата Вреди најостро ја осудува реториката на ДУИ која, според нив, продолжува да предизвикува етничка поларизација и тензија со цел да ги прикрие сериозните корупциски скандали на високите функционери на оваа партија. Во соопштението кое беше објавено денеска, Вреди ја критикува политичката реторика на ДУИ, која според нив, е насочена кон радикализација и создавање на конфликти во општеството.

dobivaj vesti na viber

„Повиците за радикализација кои ги упатуваат лидерите на ДУИ, почнувајќи од нивниот лидер до најобичните активисти, не се ништо повеќе од очајни обиди да се прикријат големите корупциски скандали кои ја потресуваат оваа партија“, се вели во соопштението од Вреди.

Тие ги критикуваат објавите и сценаријата што, како што тврдат, се полни со етничка омраза и антагонистичка содржина.

„Таканаречената ‘стража за јазикот’, која се покажа како непостоечка кауза, е само еден пример за нивните обиди да манипулираат со јавноста“, додаваат од коалицијата.

Во соопштението, Вреди исто така ја поврзува оваа реторика со омилениот политичар на ДУИ, Никола Груевски, кој во минатото користел слични тактики на закани и на радикализација.

„Денес ДУИ е претворена во параполитичка организација која создава конфликти, непочитување на институциите и кршење на законите. Прашањето што се поставува е кое е вистинското лице на ДУИ? Дали е тоа партијата која ја промовираше толеранцијата и европската интеграција, или ова денешно лице, полно со закани и етничка нетрпеливост?“, прашуваат од Вреди.

Од коалицијата исто така ги повикуваат граѓаните да не паднат во замката на политичките манипулации на ДУИ. Според нив, најголемиот страв на функционерите на ДУИ лежи во откривањето на нивните корупциски афери, кои беа потврдени од американската црна листа, која јавноста ја поврза со Никола Груевски и Артан Груби. Вреди предупредува дека одговорноста ќе следи во скоро време.

„Часот на одговорноста наближува, и сите оние кои се вмешани во коруптивни практики ќе мора да одговараат“, се заклучува во соопштението од Вреди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитриевски најави Платформа за македонско национално единство на роденденот на ЗНАМ

Објавено пред

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ветената Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални интереси, од утре ќе ја понуди на парламентарните партии, рече претседателот на Движењето, Максим Димитриевски на одбележувањето на првиот роденден на партијата.

dobivaj vesti na viber

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска со Свечена Академија ја одбележа првата година од основањето.

Претседателот на партијата, Максим Димитриевски поздравувајќи ги присутните рече дека глетката пред него покажува дека се на вистинскиот пат.

„Изградени на темелите на Илинден и АСНОМ, со своја автохтона, сопствена идеологија, денеска го славиме првиот роденден. За нас Крушевскиот Манифест, Декларацијата на АСНОМ, биле и секогаш ќе останат светост. Од тоа откажување нема“, рече лидерот на ЗНАМ.

Осврнувајќи се на она што е направено од основањето на Движењето досега Димитриевски рече:

„Направивме нешто што досега никому не успеало. Во краток период на крилата на десетина граѓански здруженија, чиј никулец беше во Куманово успеавме да создадеме партија, чии корења се шират низ цела Македонија. Успеавме да креираме политики, да создадеме програмска платформа, да понудиме конкретни решенија, да излеземе пред граѓаните на претседателските и на парламентарните избори, да ја добиеме соодветната поддршка и да освоиме шест пратенички места во Собранието на Република Македонија“.

Тој додаде дека Македонија веќе не е црно-бел свет,а е различна и дека покажале дека знаат како, со кого и што им е потребно на граѓаните и на државата.

Димитриевски потенцира дека се Владата врз база на нивната Програма која е дел од Владината Програма.

„Ние не сме во Владата за неколку фотелји. Ние сме во Владата да преземеме одговорност, да бидеме фактор на стабилност, да креираме свои политики, да го подобриме животниот стандард на граѓаните, да изградиме законска и безбедна држава, да изградиме вистински соживот, да обезбедиме правда, да направиме реформи и да обезбедиме идните поколенија да останат тука, на оваа грутка земја, затоа што без нашите деца Македонија ја нема. За нас зборот е збор, а испорачаниот резултат е императив“, вели Димитриевски.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Димитриевски додаде дека се најбрзорастечката сила на политичката сцена во државата, а кај нив членуваат граѓани од различна политичка провинциенција и идеологија, од различна етничка и верска припадност, но со јасна определба за Македонија како слободна и демократска држава во која има место за сите кои сакаат да дадат свој придонес за развојот на Македонија.

„Нашето членство, рече тој, – е доказ дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која обединува и која е отворена за сите. Би сакал да ги реафирмирам нашите пет главни столба, кои беа и основните принципи, но и нашата визија за влез на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Владата на Република Македонија.

1. Интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

2. Република Македонија како современа, демократска, модерна, европска држава, втемелена на илинденските и на асномските вредности.

3. Република Македонија како самоодржлива држава.

4. Република Македонија како држава што испорачува правда за сите граѓани, која промовира нулта толеранција кон политичкиот криминал, корупцијата и ефикасна борба против организираниот криминал.

5. Стабилни меѓуетнички односи како столб на македонската држава“.

Димитриевски потенцира дека овие ставови јасно ја определуваат Македонија како национална држава на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во неа, припадници на различни етнички заедници. Меѓутоа, како што рече, потребно е секој граѓанин на Република Македонија, да ги почитува симболите на државата – знамето, химната, грбот, јазикот и да работи за доброто на државата и на сите нас заедно.

„Не може и не смее да се дозволи во Република Македонија, Македонците, како народ кој ја основал оваа држава, во неа да се чувствуваат како граѓани од втор ред. Ние ја подаваме раката кон сите што живеат во Македонија, зашто само заедно и обединети можеме да одиме напред“, додаде тој.

Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски се задржа и на определбата на Движењето за членство во Европската унија.

„Движење ЗНАМ – За наша Македонија е јасно определено дека членството во Европската унија е единствената алтернатива за која се залагаме. Тоа е единствената опција. Но, ние, како македонски народ ниту можеме, ниту пак смееме да се откажеме од македонските национални интереси. На патот кон Европа мораме да го зачуваме достоинството и самобитноста. Таму сакаме да влеземе со високо крената глава, како и сите други, согласно копенхашките принципи и критериуми. Ние од ЗНАМ први го промовиравме ставот дека Уставни промени може да има, но со одложено дејство. Или, да преведам, гаранции за нашиот иднетитет, јазик, историја, култура, мора да има“, вели претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски додаде дека на тој пат кон Унијата потребно е да си го завршиме нашиот дел од обврските, да си го средиме сопствениот двор, да ги изградиме столбовите на нашата куќа, и продолжи:

„Само така, како средена, стабилна и модерна држава, со силен економски развој, со многу капитални инвестиции и држава во која институциите уживаат доверба кај граѓаните, со правично судство и обвинителство кои работат согласно законите, со почитување на човековите права, со здравството кое е достапно за сите, со образование кое создава едуцирани кадри да одговорат на сите предизвици и напредок во сите други области, нашиот пат кон Европската унија е сигурен и безбеден“.

Претседателот на ЗНАМ, се задржа и на членството на Република Македонија во НАТО, кое е гаранција на територијалниот и безбедносен интегритет на државата.

„Тука би сакал, да ги потенцирам односите со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави. Тие помогнаа во формирањето на македонската држава и покажаа дека, како наши пријатели во многу критични моменти за нашата држава можевме да сметаме на нивната помош во решавањето на проблемите со кои се соочуваме, особено во меѓуетничките и меѓународните односи. Тие за нас беа тука кога се пишуваше и Охридскиот рамковен договор. Во оваа прилика би сакал да истакнам дека за нас од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Охридскиот рамковен договор е целосно реализиран, исполнет и исцрпен. Се надевам дека соработката со нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави ќе продолжи со зголемен интензитет, ќе се надоградува, ќе се продлабочува и ќе придонесе нашите односи да бидат на највисоко ниво меѓу двата пријателски народа“, рече Димитриевски.

На крајот од обраќањето претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски рече дека тоа што го ветиле секогаш го исполнуваат, со политики кои се транспарентни, одговорни, но најважно од се, отчетни.

„На овој голем ден, на нашиот прв роденден, би сакал да испорачам едно од нашите најголеми ветувања на претседателските и парламентарните избори. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија официјално од утре, до сите парламентарни партии ќе понуди Национална Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските црвени линии. Целта на оваа Платформа е да ги обедини сите политички фактори, да изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Република Македонија за остварување на нашата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија. Време е Македонија да ја вратиме на Крушевските принципи. ЗНАМ нуди Платформа за национално обединување, за заедничко градење на силна, моќна, слободна и европска Македонија, во која сите граѓани се еднакви во правата и одговорностите кон идните генерации. За мир, слобода и вистински соживот. Земја која на секој граѓанин му обезбедува спокој, можност за развој и чувство на достоинство. Ве повикувам да се сплотиме околу заедничките вредности. Доста се поделби, раздор и непочитување“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на Свечената Академија по повод одбележувањето на првиот роденден на партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Најмногу дожд падна во Дебар, а најмногу снег наврна на Попова Шапка

Објавено пред

Температурата утрово во Македонија варираше од 1 степен на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе до 7 степени во Гевгелија. Во Маврови Анови беше измерена температура од 0,1 степен, а во Тетово 2, Прилеп, Битола, Охрид имаа 3 степени, додека во Скопје и повеќе градови во Македонија температурата беше од 3 до 5 степени Целзиусови.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Дебар – 53 литри на метар квадратен, следуваа Охрид со 38 литри и Маврови Анови со 32 литри. На Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, исто така, паднале значителни количини на дожд, додека во Тетово, Скопје и други места врнежите биле помалку интензивни.

За време на утрото беше измерена височина на снежната покривка од 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 на Маврови Анови и 7 сантиметри во Крушево.

Во текот на денот, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и во повисоките места ќе има и снег. Умерен северен ветер ќе дува, особено вдолж Повардарието, а кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Максималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и снег во повисоките делови на котлината. Максималната температура во главниот град ќе достигне 6 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вреди: ДУИ создава конфликти за да ги прикрие своите корупциски скандали

Коалицијата Вреди најостро ја осудува реториката на ДУИ која, според нив, продолжува да предизвикува етничка поларизација и тензија со цел...

Свет3 часа

(Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков како одговор на утринскиот напад...

Економија3 часа

Инспекторите влегоа во маркетите, производите се намалени за 10%

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) започна контроли низ ланците на маркети низ целата земја, со фокус на производите од „Новогодишната кошница“,...

Топ4 часа

Терористичка група откриена во Македонија, приведени четворица по акција на полицијата и меѓународните партнери

Во координирана полициска акција спроведена утрово во Струга и Гостивар, приведени се четири лица под сомнение дека се дел од...

Македонија5 часа

Засилени мерки пред празниците, Тошковски најави казни за употребата на пиротехнички средства

Министерството за внатрешни работи интензивира активности за подобрување на јавната безбедност пред новогодишните празници. Превентивните мерки вклучуваат намалување на користењето...

Економија6 часа

Костова: Власта ја остави кошничката на граѓаните празна, трговците се збогатуваат

Во време кога животниот стандард на граѓаните е сериозно загрозен, а трошоците за живот се зголемуваат, СДСМ ја обвини Владата...

Македонија7 часа

ДУИ обвинува дека владејачката коалиција сака да го поништи Охридскиот договор

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја изрази својата загриженост за, како што велат, малигната агенда на актуелната влада за...

Македонија8 часа

ЦУК: Шест скијачи се загубиле на Попова Шапка поради маглата, успешно се спасени

Шест лица кои се изгубиле на Попова Шапка, поради густата магла и новиот снег, беа пронајдени и успешно евакуирани благодарение...

Свет8 часа

(Видео) Севернокорејските војници се дел од нападите на Курск

Русија по прв пат започна да ги користи севернокорејските војници во значителен број за да изврши напади врз украинските сили...

Македонија9 часа

Вреди: Студентите не заслужуваат да учат од личност како Груби

Новиот извештај на американскиот Стејт департмент, кој го објави Артан Груби како личност вмешана во корупција во контекст на спасувањето...

Економија11 часа

Над 900 производи со пониски цени до 15 јануари

Со стартот на акцијата „Новогодишна кошница“, граѓаните ќе имаат можност да купат повеќе од 900 производи по намалени цени од...

Македонија22 часа

Муцунски го обвини Фрчкоски за финансиски злоупотреби, тој возврати со предизвик за докази

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, обвини дека поранешниот амбасадор во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, направил значителни финансиски...

Свет1 ден

Трагедија на фестивал во Тајланд: Три жртви и десетици повредени од експлозивна направа

Најмалку три лица го загубија животот, а десетина се повредени откако експлозивна направа била фрлена меѓу посетителите на фестивал организиран...

Македонија1 ден

Пријавени злоупотреби при исплата на К-15 или регрес за годишен одмор

Во текот на вчерашниот ден пристигнале пријави за злоупотреба на исплатата на К-15 или регресот за годишен одмор во реалниот...

Топ1 ден

Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини

Во СВР Охрид, на 13 декември 2024 година, 53-годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена за сума од 300.000...

Македонија1 ден

МНР најавува реформи: Повеќе професионални дипломати на чело на амбасадите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска најави значителни измени на Законот за надворешни работи, со кои...

Топ1 ден

Труење од таблети доби 3-годишно дете во Куманово, испило поголема количина

Тригодишно дете се затруло од таблети. Случајот во полицијата го пријавиле лекарите од кумановската Општа болница, соопшти денеска СВР Куманово....

Македонија1 ден

Премиерот Христијан Мицкоски најави 600 нови вработувања во МВР

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе биде објавен оглас за нови 600 вработувања во Министерството за внатрешни работи...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат

Артан Груби, вицепремиерот на Македонија, се најде на црната листа на САД поради обвиненија за криминални и корупциски дејствија, а...

Економија2 дена

Светската банка препорача зголемување на границата на пензионирање и на стапката на ДДВ

Северна Македонија има пензиски дефицит и без реформа, тој уште повеќе би се зголемил, оценува Светската банка во новиот извештај...