Контакт

Македонија

Димитриевски најави Платформа за македонско национално единство на роденденот на ЗНАМ

Објавено пред

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ветената Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални интереси, од утре ќе ја понуди на парламентарните партии, рече претседателот на Движењето, Максим Димитриевски на одбележувањето на првиот роденден на партијата.

dobivaj vesti na viber

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска со Свечена Академија ја одбележа првата година од основањето.

Претседателот на партијата, Максим Димитриевски поздравувајќи ги присутните рече дека глетката пред него покажува дека се на вистинскиот пат.

„Изградени на темелите на Илинден и АСНОМ, со своја автохтона, сопствена идеологија, денеска го славиме првиот роденден. За нас Крушевскиот Манифест, Декларацијата на АСНОМ, биле и секогаш ќе останат светост. Од тоа откажување нема“, рече лидерот на ЗНАМ.

Осврнувајќи се на она што е направено од основањето на Движењето досега Димитриевски рече:

„Направивме нешто што досега никому не успеало. Во краток период на крилата на десетина граѓански здруженија, чиј никулец беше во Куманово успеавме да создадеме партија, чии корења се шират низ цела Македонија. Успеавме да креираме политики, да создадеме програмска платформа, да понудиме конкретни решенија, да излеземе пред граѓаните на претседателските и на парламентарните избори, да ја добиеме соодветната поддршка и да освоиме шест пратенички места во Собранието на Република Македонија“.

Тој додаде дека Македонија веќе не е црно-бел свет,а е различна и дека покажале дека знаат како, со кого и што им е потребно на граѓаните и на државата.

Димитриевски потенцира дека се Владата врз база на нивната Програма која е дел од Владината Програма.

„Ние не сме во Владата за неколку фотелји. Ние сме во Владата да преземеме одговорност, да бидеме фактор на стабилност, да креираме свои политики, да го подобриме животниот стандард на граѓаните, да изградиме законска и безбедна држава, да изградиме вистински соживот, да обезбедиме правда, да направиме реформи и да обезбедиме идните поколенија да останат тука, на оваа грутка земја, затоа што без нашите деца Македонија ја нема. За нас зборот е збор, а испорачаниот резултат е императив“, вели Димитриевски.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Димитриевски додаде дека се најбрзорастечката сила на политичката сцена во државата, а кај нив членуваат граѓани од различна политичка провинциенција и идеологија, од различна етничка и верска припадност, но со јасна определба за Македонија како слободна и демократска држава во која има место за сите кои сакаат да дадат свој придонес за развојот на Македонија.

„Нашето членство, рече тој, – е доказ дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која обединува и која е отворена за сите. Би сакал да ги реафирмирам нашите пет главни столба, кои беа и основните принципи, но и нашата визија за влез на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Владата на Република Македонија.

1. Интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

2. Република Македонија како современа, демократска, модерна, европска држава, втемелена на илинденските и на асномските вредности.

3. Република Македонија како самоодржлива држава.

4. Република Македонија како држава што испорачува правда за сите граѓани, која промовира нулта толеранција кон политичкиот криминал, корупцијата и ефикасна борба против организираниот криминал.

5. Стабилни меѓуетнички односи како столб на македонската држава“.

Димитриевски потенцира дека овие ставови јасно ја определуваат Македонија како национална држава на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во неа, припадници на различни етнички заедници. Меѓутоа, како што рече, потребно е секој граѓанин на Република Македонија, да ги почитува симболите на државата – знамето, химната, грбот, јазикот и да работи за доброто на државата и на сите нас заедно.

„Не може и не смее да се дозволи во Република Македонија, Македонците, како народ кој ја основал оваа држава, во неа да се чувствуваат како граѓани од втор ред. Ние ја подаваме раката кон сите што живеат во Македонија, зашто само заедно и обединети можеме да одиме напред“, додаде тој.

Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски се задржа и на определбата на Движењето за членство во Европската унија.

„Движење ЗНАМ – За наша Македонија е јасно определено дека членството во Европската унија е единствената алтернатива за која се залагаме. Тоа е единствената опција. Но, ние, како македонски народ ниту можеме, ниту пак смееме да се откажеме од македонските национални интереси. На патот кон Европа мораме да го зачуваме достоинството и самобитноста. Таму сакаме да влеземе со високо крената глава, како и сите други, согласно копенхашките принципи и критериуми. Ние од ЗНАМ први го промовиравме ставот дека Уставни промени може да има, но со одложено дејство. Или, да преведам, гаранции за нашиот иднетитет, јазик, историја, култура, мора да има“, вели претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски додаде дека на тој пат кон Унијата потребно е да си го завршиме нашиот дел од обврските, да си го средиме сопствениот двор, да ги изградиме столбовите на нашата куќа, и продолжи:

„Само така, како средена, стабилна и модерна држава, со силен економски развој, со многу капитални инвестиции и држава во која институциите уживаат доверба кај граѓаните, со правично судство и обвинителство кои работат согласно законите, со почитување на човековите права, со здравството кое е достапно за сите, со образование кое создава едуцирани кадри да одговорат на сите предизвици и напредок во сите други области, нашиот пат кон Европската унија е сигурен и безбеден“.

Претседателот на ЗНАМ, се задржа и на членството на Република Македонија во НАТО, кое е гаранција на територијалниот и безбедносен интегритет на државата.

„Тука би сакал, да ги потенцирам односите со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави. Тие помогнаа во формирањето на македонската држава и покажаа дека, како наши пријатели во многу критични моменти за нашата држава можевме да сметаме на нивната помош во решавањето на проблемите со кои се соочуваме, особено во меѓуетничките и меѓународните односи. Тие за нас беа тука кога се пишуваше и Охридскиот рамковен договор. Во оваа прилика би сакал да истакнам дека за нас од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Охридскиот рамковен договор е целосно реализиран, исполнет и исцрпен. Се надевам дека соработката со нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави ќе продолжи со зголемен интензитет, ќе се надоградува, ќе се продлабочува и ќе придонесе нашите односи да бидат на највисоко ниво меѓу двата пријателски народа“, рече Димитриевски.

На крајот од обраќањето претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски рече дека тоа што го ветиле секогаш го исполнуваат, со политики кои се транспарентни, одговорни, но најважно од се, отчетни.

„На овој голем ден, на нашиот прв роденден, би сакал да испорачам едно од нашите најголеми ветувања на претседателските и парламентарните избори. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија официјално од утре, до сите парламентарни партии ќе понуди Национална Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските црвени линии. Целта на оваа Платформа е да ги обедини сите политички фактори, да изгради државен став со кој ќе се обезбеди и гарантира достоинствен пат на Република Македонија за остварување на нашата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија. Време е Македонија да ја вратиме на Крушевските принципи. ЗНАМ нуди Платформа за национално обединување, за заедничко градење на силна, моќна, слободна и европска Македонија, во која сите граѓани се еднакви во правата и одговорностите кон идните генерации. За мир, слобода и вистински соживот. Земја која на секој граѓанин му обезбедува спокој, можност за развој и чувство на достоинство. Ве повикувам да се сплотиме околу заедничките вредности. Доста се поделби, раздор и непочитување“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на Свечената Академија по повод одбележувањето на првиот роденден на партијата.

Македонија

Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

Објавено пред

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.

dobivaj vesti na viber

Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.

Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.

Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно и студено време со повремен снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.

dobivaj vesti na viber

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.

Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Објавено пред

Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.

„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија14 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија15 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија16 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ17 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија18 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет19 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет20 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ21 час

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија21 час

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет22 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа22 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет22 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија2 дена

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија2 дена

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ2 дена

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет2 дена

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...