Спорт
(Видео) Ужасен пад во полна брзина на Домен Превц

Словенечкиот ски скокач Домен Превц доживеа страшен пад во Титсе-Нојштад со полна брзина.
На натпреварувањето во Германија, преку квалификациите избори пласман во првиот круг, забележа скока од 129,5 метри, но наместо да биде на врвот на табелата, лошо слета и ужасно падна.
Ова не му е прв пад сезонава, бидејќи на стартот на сезоната во Лилехамер успеа да се спаси од тешка повреда.
Првата информација по страшната сцена беше дека Превц е добро, и дека можеби ќе биде во конкуренција за утрешниот натпревар.
Погледнете што точно се случи со Превц:
Пиус Пашке ја потврди одличната форма и повторно победи, овојпат со скокови од 144 и 138 метри беше убедливо прв. Второто место го зазеде Грегор Дешванден, а трет беше второпласираниот во генералниот пласман Даниел Чофенинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска лига во Хрватска: Данило Божовиќ освои петто место

Светската Карате 1 Младинска лига од 26 до 29 јуни се одржува во хрватскиот град Пореч, а меѓу учесниците се и членови на клубот „Макпетрол“. На овој глобален турнир настапуваат 3,225 каратисти со 3,326 натпреварувачки влезови од 78 држави. Претставникот на скопската екипа, Данило Божовиќ (+84 кг.), не успеа да победи во борбата за бронзен медал, односно го освои петтото место.
Во елиминацискиот дел Божовиќ имаше една победа и еден пораз, подоцна успеа да влезе во репасажните борби и со уште две последователни победи влезе во директен натпревар за бронзен медал. Имаше предност, но загуби од турскиот репрезентативец. До мечот за бронзен медал тој ги оствари следниве резултати во борбите против: Алексенко Артем (Украина) 5-1, Секот Никола (Германија) 0-3, Рисцилиони Јонатан (Италија) 1-0, Рами Наитхам (Франција) 3-2 и Ај Ајберк (Турција) 2-5.
Втората каратистка која настапи во највозрасната младинска категорија на У21, забележа една победа и еден пораз. Во категоријата под 61 килограм, Јована Мицовска со Сара Шријал (Австрија) оствари резултат 0-0, додека беше поразена со 5-1 од Ника Бешлија (Хрватска) 1-5. Каратистите на „Макпетрол“ ги предводеше тренерот Петар Заборски
„Бевме многу блиску до освојување бронзен медал. Данило во репасажниот дел имаше три тешки и неизвесни борби, со само три минути борбите одеа една по друга. Иако имаше бодовна предност во одлучувачката борба за бронзениот медал не издржа до крај со претставникот на Турција, Ај Ајберг и загуби со резултат 2-5. Оваа светска лига е големо искуство за овој млад и талентиран спортист кој оствари навистина висок пласман“, рече тренерот Заборски.
Спорт
Поради платата никој не го сака Санчо

Џејдон Санчо дефинитивно нема да остане во Манчестер јунајтед, но сепак, тој е во големи проблеми да најде нов клуб.
Имено, интерес постои од бројни клубови, но речиси сите се откажаа од преговорите поради неговата голема плата.
Санчо ја помина претходната сезона на позајмица во Челзи и играше неконзистентно. Се врати во Манчестер, но јасно е дека нема да се задржи на „Олд Трафорд“.
Фенербахче отвори преговори со Санчо, но брзо ги затвори. Причината е превисоката плата што ја бара поранешниот англиски репрезентативец. Ова не е првиот клуб што го одби Санчо поради мегаломанските барања.
Во својата кариера, англискиот репрезентативец играше за Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед и Челзи.
Спорт
Мал е интересот за натпреварите на клупскиот Мундијал

Групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА ја обележа малата посетеност на стадионите низ САД. Капацитетите на стадионите, на ки се играат натпреварите (вкупно 48 во фазата по групи) биле исполнети 56,7 проценти.
На некои натпревари, како оние во Орландо, присуствуваа само 3.412 и 6.730 гледачи, а сличен случај беше и со Синсинати (5.282 и 8.239 гледачи).
Според податоците од ФИФА, вкупната посетеност била 1,67 милиони, од можни 2,95 милиони, што дава просек од 34.759 гледачи по натпревар.
Стадионот во „Ист Радерфорд“ во Њу Џерси, каде што ќе се игра финалето на Светското првенство следната година, беше полн само 44,9 проценти, додека половично бил исполнет капацитетот на стадионот во Пасадена, Калифорнија, кој беше домаќин на финалето на Светското првенство во 1994 година.
ФИФА во соопштението наведува дека голем број навивачи од 168 земји купиле билети, „што јасно зборува за глобалната важност на настанот“.
Нокаут фазата на Светското клупско првенство започнува вечерва во 18 часот, кога бразилските екипи Палмеирас и Ботафого ќе се сретнат на стадионот во Филаделфија.
Девет екипи од Европа се квалификуваа за осминафиналето, четири од Бразил и по еден од МЛС (Американска професионална лига), Мексико и Саудиска Арабија.