Спорт
Ракометарките на Норвешка 10 пат се европски шампионки

Ракометарките на Норвешка ја одбранија титулата на Европскоот првенство. Во реприза на финалето од 2022 година, Норвежанките ја победија Данска со 31:23 (13:12). Во мечот за бронзениот медал, Унгарија ја победи против Франција со 25:24 (13:12).
Според очекувањата, финалниот меч донесе експлозивен ракомет, исклучително брза игра, многу одлични одбрани, многу убави акции. и голови. Данска имаше предност во поголемиот дел во првото полувреме, највисока од два гола, но на полувремето Норвешка водеше со 13:12.
На почетокот на вториот дел Данска удри во норвешкиот одбранбен ѕид. Од друга страна, следеше серија лесни голови од транзиција за 16:12. Тука беше јасно дека Данска не може да им парира на Норвежанките.
Кога Норвешка стигна до 21:14, јасно беше дека ќе ја одбрани титулата. Норвежанките јубилеен 10 пат станаа европски шампионки, претходно најдобри беа во 1998, 2004, 2006, 2008, 2010, 2014, 2016, 2020 и 2022 година.
Норвешка ја предводеше Ела Рајстад со осум голови. Шест постигна Емили Ходвен, а Камила Херем четири. За Данска, Мие Хојлунд и Ен Мете Хансен постигнаа по пет гола.
𝗤𝗨𝗘𝗘𝗡𝗦 𝗢𝗙 𝗘𝗨𝗥𝗢𝗣𝗘! 👑🇳🇴 Norway are #ehfeuro champions for a record 10th time! ✨ #ehfeuro2024 #catchthespirit pic.twitter.com/gfnl7ibDbt
— EHF EURO (@EHFEURO) December 15, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Челси убедлив во Шведска, Бетис со гол предност пред реваншот во Фиренца

Фудбалерите на Челзи и Бетис победија во првите полуфинални натпревари од Конференциската лига.
Челзи славеше победа од 4:1 на гостувањето кај Ѓургарден и веќе е во финалето, додека Бетис ја победи Фиорентина со 2.1
Челси по првиот дел зачекори во финалето, кога на семафорот стоеше 2:0.
Стрелец на првиот гол беше Санчо во 13-тата минута, а на вториот Мадуеке на две минути пред крајот на регуларниот дел.
Во вториот дел Џексон постигна два гола во 59-та и 65-та минута, а честа на домашниот тим ја спаси Алемењеху Мулугета во 68-та минута.
Во вториот полуфинален натпревар, Бетис ја победи Фиорентина на домашен терен со 2:1.
Значајна, но не и недостижна предност постигна шпанскиот тим, благодарение на Езалзули и Антонио.
Головите ги постигнаа во шестата и 64-та, а Раниери ја преполови предноста во 73-тата минута и ги остави „Виола“во живот пред реваншот.
Реванш натпреварите во Лондон, односно Фиренца, се закажани за една недела, на 8 мај.
Спорт
Драма во Мадрид со среќен крај за Олимпијакос – Грците се пласираа на завршниот турнир

Олимпијакос, тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Грчкиот тим ја доби серијата против Реал со 3:1. Вечерва во драматичен натпревар, Олимпијакос победи во Мадрид со 86:84.
Реал на 122 секунди до крајот на мечот имаше предност од седум поени 78:85, но малку недостигаше да избори мајсторка. Абалде промаши тројка за победа.
По деветти пат во последните 15 години, Олимпијакос ќе игра на Фајналфорот на Евролигата
Тие ќе се борат за четвртата шампионска титула во овој период, а петта во историјата на клубот, и покрај тоа што вечерва во Мадрид, нивниот најдобар играч, Саша Везенков беше под своето ниво.
Брилијантната трета четвртина, во која Олимпијакос на Реал му дозволи само четири поени во првите пет минути, практично го реши победникот. Во тие пет минути Олимпијакос постигна 16 поени и минусот од пет поени го претвори во плус седум.
Во решавачкиот период Олимпијакос ја стакна највисоката предност 67:82, но му дозволија на реал да се врати во натпреварот со серија 11:0.
Еван Фурние го предводеше Олимпијакос со 23 поени, капитенот Папаниколау постигна 12 поени, два повеќе од Најџел Вилијамс-Гос и Везенков.
На спротивната страна Марио Хезоња забележа 21 поен и шест скока, Џанан Муса постигна 12, а Серхио Љуљ 11 поени.
Во полуфиналето на завршниот турнир, Олимпијакос ќе игра со победникот од серијата меѓу Барселона и Монако. Четвртиот меч се игра во петок во Барселона, Монако има водство во серијата 2:1
Спорт
(Видео) Рапсодија на Јунајтед во Билбао, Тотенхем очекувано го победи Бодо/Глимт

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Тотенхем се на чекор до пласман во финалето, на Лига Европа.
На стадионот „Сан Мамеш“ на кој ќе се одигра финалето, Манчестер јунајтед го декласира домаќинот Атлетик Билбао со 3:0.
Трите гола, Јунајтед ги постигна во интервал од 15.минути. Касемиро погоди за водство во 30.минута, а пет минути подцна се случи клучниот момент на натпреварот. Дани Вивијан доби црен картон, а Јунајтед пенал. Бруно Фернандеш го реализира пеналот, а капитенот на „црвените ѓаволи“ во 45.минута со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Тотенехем го победи Бодо/Глимт со 3:1. На овој натпревар е постигнат најбрзиот гол во историјата на Лига Европа. Бренан Џонсон ј погоди мрежата на Норвежаните во 38.секунда.
Медисон до полувремето ја зголеми предноста на Тотенхем, а во 61.минута Соланке од пенал го постигна третиот гол за Спарс.
Надеж на гостите дека ќе можат да приредат чудо во реваншот им дава голот на Салтнес во 83.минута.
Реваншите се на програмата следниот четврток.