Спорт
(Видео) Велез 11.пат во историјата е шампион на Аргентина
Велез по 11-ти пат е шампион на Аргентина. Клубот, кој ги освои Копа Либертадорес, Копа Интерамерикана, беше и светски првак во 1994 година кога го освои Интерконтиненталниот куп, по 11 години повторно е шампион.
Буенос Аирес долго го чекаше овој момент, а нереални беа сцените од трибините на преполниот стадион „Хосе Амалфитани“, со наплив на емоции при головите, а секако и по крајот на натпреварот, во кој Велез го победи Хуракан со 2:0.
Тоа беше натпревар од 27. коло, а двата гола беа постигнати во првото полувреме. Хуракан пружи отпор во првиот половина час од играта, но најпрвин Акино, а потоа Фернандез го потврди триумфот на крајот од првото полувреме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претепан играч на Рапид во центарот на Виена, има фрактура на черепот, пренесен е во болница
Гвидо Бургсталер (35), искусниот напаѓач на Рапид Виена, минатиот викенд бил жртва на физичко насилство во центарот на Виена, објави неговиот клуб на официјалните канали.
Нападот се случил пред бројни сведоци, а фудбалерот се здобил со сериозни повреди на главата. Откриено е и дека Бургсталер толку силно ја удрил главата што се здобил со фрактура на черепот.
Тој бил нападнат од непознат маж, а неговиот клуб потврдил дека е префрлен во болница во Виена каде ќе остане неколку дена. Тие изјавија и дека Бургсталер сигурно нема да може да настапува во следните неколку месеци. Рапид му посака и брзо закрепнување:
Бургсталер кариерата ја започна во Карнтен во Австрија, а играше и за Рапид, Кардиф, Нирнберг, Шалке и Сент Паули. Играше и за австриската репрезентација, за која забележа 26 настапи и постигна два гола. Во 2022 година се врати во Рапид.
Спорт
„Кикер“: Вирц го продолжил договорот со Баер
Баерн Минхен и Реал Мадрид правеа планови како наредното лето да го обезбедат потписот на Флоријан Вирц, но како што тврди „Кикер“, фудбалерот нема намера да го напушти Баер Леверкузен.
Еден од најталентираните фудбалери во светот има договор со актуелниот германски првак до 2027 година. Изминатите месеци се шпекулираше дека неколку европски великани се подготвени да плат 120 милиони евра за неговите услуги.
Сепак, како што тврди „Кикер“, Вирц ќе остане во Баер и наводно веќе го продолжил договорот на уште една година. Ова значи дека играчот за врска ќе остане во Леверкузен до 2028 година.
Според овој извот, фудбалерот донел ваква одлука бидејќи му е приврзан на клубот и бидејќи сметал дека се уште може да напредува, а дека тоа најдобро може да го направи доколку остане во Баер.
Со новиот договор, Вирц ќе стане далеку најплатениот играч на Баер, според „Кикер“ ќе добие годишна плата од околку 20 милиони евра.
Спорт
Бензема размислува да стави крај на кариерата
Од Саудиска Арабија пристигнуваат неочекувани вести, дека Карим Бензема наводно размислува да стави крај на кариерата.
Бензема осцилираше во формата откако се пресели од Реал Мадрид во Ал Итихад. Но оваа сезона игра добро, постигна десет гола во исто толку натпревари. „Релево“, тврди дека Бензема „со главата повеќе не е во фудбалот“.
Поради тоа тој размислува да стави крај на кариерата, а наводно веќе имал понуда за работа од Реал Мадрид.
Поранешниот француски репрезентативец би станал амбасадор на Реал Мадрид. Бензема играше за Реалод 2009 до 2023 година.
Кариерата ја започна во Олимпик Лион, таму помина четири години, а потоа се пресели во Реал.
За француската репрезентација одигра 97 натпревари и постигна 37 голови.