Македонија
„Пајакот“ кренал 155 непрописно паркирани возила во Центар минатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.12. до 15.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од општината.
Нагласуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Вистината за Бојан Христовски излезе на виделина, лагите на СДСМ пропаднаа во вода

Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски. Тоа смета дека сертификатот за англиски јазик од Бугарија не е фалсификат. Со ова вистината излезе на виделина и сите лаги на СДС паднаа во вода, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Вистината излезе на виделина со тоа што е констатирано дека Христовски не направил лажна исправа за да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска. Дури ни судиите избрани во Зајас и Струмица не можеа да ја сокријат вистината за лагите кои со месеци СДС ги ширеше. СДС со месеци ја манипулираше јавноста и ширеше дезинформации но со денешната одлука на обвинителството сето тоа им се удри од глава. СДС е синоним за манипулации и дезинформации. СДС е фабрика за лажни вести“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ претходно денес го нарече Јавното обвинителство партиски инструмент, откако беше отфрлена пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски, за фалсификат на сертификатот на англиски јазик издаден од училиште во Бугарија.
Македонија
ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

ЛДП најави дека ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите.
„Да, премиерот беше во право денес кога во Парламентот на одговор на пратеничко прашање истакна дека ЛДП е една од ретките партии во земјата и во Собраниетo што е целосно интегрирана во европското и меѓународното политичко семејство и може да помогне.
Тој директно ја посочи ЛДП и тоа веројатно е така затоа што нема друга партија во земјата и во Парламентот што има големо влијание и е слушана од нејзините меѓународни и европски партнери.
Како одговорна партија, отсекогаш сме се залагале за заштита на националниот интерес, вклучително националниот идентитет.
За тоа и треба да се истакнат бројни резолуции донесени од страна на либералите со јасна и недвосмислена поддршка на македонскиот јазичен идентитет, култура и традиција. Но, ова не е прашање за освојување политички поени и никогаш не треба да биде. Можеби така било во минатото, можеби се направени грешки, но народот се изјасни на изборите и не сака да го гледа ова прашање како точка каде што политичките партии ќе добијат поддршка или казна. Политичките надмудрувања и кавги ќе доведат до влошување на позицијата на земјата и внатрешен пораст на национализмот и популизмот, што ќе го попречи економскиот просперитет и развој. Лекцијата дадена од народот за ЛДП е јасна и таа мора да биде научена од сите.
Оттаму, да со оглед на тоа што премиерот го оцени како позитивно и значајно влијанието на ЛДП, ќе иницираме итна средба со премиерот и неговиот тим за меѓународна соработка на највисоко ниво за да разбереме какви сѐ напори вложи и која е Стратегијата на владата во последните месеци, како што нагласи и самиот премиер, но и каква е моменталната состојба и како можеме ние искрено да помогнеме во овој процес.
Наша должност е како македонски граѓани и политичари во Македонија да бидеме во служба на народот и во интерес на граѓаните. Тие интереси се силни и праведни државни институции на земјата кои се одговорни и отчетни, просперитет и напредок што водат кон европски економски стандарди, како и еднаквост меѓу европските нации со статус на полноправни членки на Европската унија.
Ние ќе продолжиме уште посилно да работиме и лобираме врз основа на информациите што ќе ни ги дадат премиерот и неговиот тим, како и врз основа на ресурсите кои сообразно ќе бидат ставени на располагање“, велат од ЛДП.
Македонија
Од 1 јуни ќе има венчавки во „Порта Македонија“

Постигнат е договор за користење на свечената сала во објектот Порта Македонија, со цел организирање на церемонии на венчавање и вршење на соодветните услуги за запишување на брак во матичните книги.
Според договорот, Управата за водење на матични книги ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки.
Соработката помеѓу Управата и Музејот на македонската борба стапува во сила од 1 јуни 2025 година и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.
„Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје“, велат од Управата.