Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот, Пречистителна Станица с.Бразда, село Горно Оризари, стопански објект „Данчо Ацков“, дел од село Бразда, дел од село Мирковци, Фарма Глуво, село Глуво, Чардак. (општина Чучер Сандево);
· во периодот од 09:30 до 14:00 часот, корисниците од Дел од нас.Кисела Јабука.(општина Ѓорче Петров).
· во периодот од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Зелениково (кај м.в.Крст). (Општина Зелениково)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, претпладнево, во 11 часот и 41 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на територијата на Р. Косово, 36 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
(Видео) Законите за образованието се на штета на децата што се жртви на врсничко насилство, рече Костова
„Во изминативе денови, гледаме како ДПМНЕ и коалицијата на власт повторно ги става во функција некогашните режимски механизми на носење закони на брзи ленти, преку кршење на Деловникот на Собранието, исклучување на јавноста и стручната фела при носењето на едни од најважните закони – пакетот закони од областа на образованието“, рече Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
„Со голем дел од предложените промени сериозно се уназадени концептите за одржување социјална правда во задолжителниот образовен процес.
Со предложените промени се нарушува концептот за инклузија на деца со попреченост.
При отстранувањето на заштитните основи за дискриминација по род и сексуална ориентација, како и со кратењето на буџетот за 50% за специјализирани услуги на жртвите од насилство, се дава јасен сигнал кон агресорите за тоа кого институциите ќе штитат, а кого ќе го остават на маргините. Овие предлог-закони се на штета на децата со попреченост, на штета на децата кои се жртви на врсничко насилство, на штета на средношколците кои ќе го изгубат правото на средношколско организирање.
На овој начин, ДПМНЕ нѐ уназадуваат и ја озаконуваат дискриминацијата во образованието. Предложените решенија се спротивни на Законот за спречување и заштита од дискриминација и Уставот на Република Северна Македонија.
Во целост се игнорирани препораките на Комисијата за заштита од дискриминација. Законите се туркаат на брза лента, без претходна јавна расправа, со игнорирање и исклучување на граѓанскиот сектор.
Овие деструктивни тактики на исклучување на јавноста и стручната фела, загрижувачки потсетуваат на старите денови на режимот на Груевски.
Предлог-закони влезени во собраниска процедура оваа година, со минат филтер на Комисија и консензус меѓу пратениците постоеја, а оваа Влада ги повлече заради наводно подобрување на текстот. Наместо подобрување, без ниту дијалог ниту консензус наметнуваат еднострани решенија за најважната тема за иднината на државата.
Образованието е натпартиска и надетничка тема. Сите деца се наши деца и во нивното образование не смее да има поделби, а најмалку не на заштитени и деца оставени на маргините.
Апелираме образовните закони да се донесат со консензус, да се послушаат Комисијата за заштита од дискриминација и стручната фела. Законите не смеат да се косат со другите закони и Уставот. Вака не се гради здраво демократско општество.
Повикуваме на отворена јавна расправа и дијалог во Собранието и да дојдеме до заеднички добри решенија, бидејќи нашиот демократски капацитет го сака она што е државнички и добро за децата“, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
.
Македонија
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, се сретна со амбасадорот на ЕУ во земјата, Михалис Рокас
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, и судијата м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, се сретнаа со амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас.
На средбата, претседателот на судот, го информира амбасадорот на ЕУ за актуелностите, но и за предизвиците со кои се соочува судот во неговото работење во изминатиот период.
Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, потенцира дека императивна заложба на судот е да го чува Уставот, без разлика на какви било обиди за политизација и етнизација во неговото постапување. Заемна констатација беше дека заштитата на владеењето на правото и правната држава треба да биде врвен приоритет на сите фактори во нашето општество како единствен начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот. За таа цел, двајцата соговорници се согласија дека е неопходно да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд, како впрочем и на целиот правосуден систем, во сите аспекти.
Претседателот на Уставниот суд се заблагодари за поддршката на Уставниот суд преку проектот на ЕУ – Strengthened capacities of the Constitutional Court.
На средбата беше изразена заемна согласност за продолжување на соработката и во наредниот период.