Контакт

Европа

Руски командант: Нема место на кое нашите ракети не може да стигнат

Објавено пред

Русија го зајакнува својот балистички арсенал со нови стратешки ракетни системи, планира да лансира ракети со максимален дострел и може, како одговор на растечките надворешни закани, да го зголеми бројот на тестови, изјави синоќа висок руски командант.

dobivaj vesti na viber

Во јасното предупредување дека Русија ќе одговори доколку почувствува дека нејзината безбедност е загрозена, командантот на руските стратешки ракетни сили, Сергеј Каракаев, рече дека се планирани пробни лансирања на ракети со максимален дострел според новиот тест систем.

„Што се однесува до дострелот, нема место до кое нашите ракети не можат да стигнат“, изјави Каракаев за весникот Краснаја звезда, а пренесува агенцијата РИА. Тој додаде дека Русија би можела да го зголеми интензитетот на напредните ракетни тестирања доколку надворешните закани продолжат да растат.

Тој, исто така, за прв пат јавно потврди дека Русија развива нов интерконтинентален балистички ракетен систем Осина и дека вклучувањето на Осина во борбените операции е приоритет. Каракаев, без да даде детали, откри дека Русија е при крај со развојот на ракетен систем сличен на Орешник, нова суперсонична балистичка ракета со среден дострел.

Русија ја нападна Украина со Орешник во ноември, како одговор на украинското истрелување американски и британски ракети кон Русија. Каракаев посочува дека новата програма за развој на оружје ќе разгледа неколку опции за развој на стратешко офанзивно оружје и ќе ги земе предвид сличните потези на САД по истекот на договорот за ограничување на нуклеарното оружје СТАРТ меѓу двете земји во 2026 година.

Европа

Речиси секој четврти вработен во Европа е мигрант

Објавено пред

Речиси секој четврти вработен во Европа сега е мигрант. Особено во земјите со високи плати, овие луѓе играат сè поголема улога, според Меѓународната организација на трудот. Така, во северниот, јужниот и во западниот дел на Европа, во периодот од 2013 до 2022 година, бројот на мигранти работници се зголемил од 22,5 на 23,3 отсто.

dobivaj vesti na viber

Мигранти се сите луѓе што работат во друга земја од нивната матична земја, го пренесува „Дојче веле“ текстот од порталот tagesschau.de.

„Работниците мигранти се неопходни за да се ублажи проблемот со недостигот на работна сила и да се придонесе за економскиот раст“, ​​рече генералниот директор на Меѓународната организација на трудот, Гилберт Ф. Хонгбо.

Организацијата ги смета за мигранти и лицата со работна виза и оние што работат во странска земја без валидна работна дозвола. Во глобална споредба, уделот на работниците мигранти во целото работоспособно население е особено висок во Европа, Северна Америка и во арапските земји.

Овие региони се од една страна интересни за мигрантите поради високите плати, а од друга страна потребата во овие региони е особено голема. Еден од факторите што го поттикнува ова е сè постарата популација во овие земји. На тој начин мигрантите доаѓаат на оние работни места кои остануваат празни откако луѓето ќе се пензионираат, а во исто време расте потребата од старатели за стари лица.

Оваа состојба се рефлектира и во бројките: речиси две третини од сите работници во европските земји, кои доаѓаат од друга земја, биле вработени во услужниот сектор. Кај домашното население овој удел изнесува околу половина од работната сила.

Во светот уделот на мигрантите во работната сила во 2022 година беше 4,7 отсто. Меѓународната организација на трудот го проценува вкупниот број работници мигранти во светот на 284,5 милиони. Речиси 255,7 милиони од нив биле постари од 15 години и со тоа биле способни за работа.

Стапката на невработеност кај мигрантите изнесува 7,2 отсто, што е малку повисока отколку кај локалното население (5,2 отсто). Според оваа организација на ОН, причините за тоа би можеле да бидат од лингвистичка природа, значи можните јазични бариери. Но, како причини се наведуваат непризнаените дипломи или уверенија, како и дискриминацијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија: Сакаа да воведат санкции за патријархот Кирил, ставивме вето

Објавено пред

Патријархот на Руската православна црква, Кирил, постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, Рускиот олимписки комитет и два фудбалски клуба не беа вклучени во 15. пакет антируски санкции на Европската Унија благодарение на напорите на Унгарија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

dobivaj vesti na viber

Според шефот на унгарската дипломатија, предлозите изнесени во врска со овој пакет-санкции не биле ништо помалку од луди. Тој тврди дека некои предложиле санкциите да ги вклучат патријархот Кирил, рускиот претставник во ОН, рускиот олимписки комитет и двајца руски прволигаши.

„Ние ставивме вето. Едноставно, рековме дека нема да поддржиме такви санкции“, им рече Сијарто на унгарските новинари. Сепак, според него, Унгарија го поддржала 15. пакет-санкции бидејќи има исклучоци за унгарската нафтена компанија МОЛ, која ќе може да продолжи да извезува нафтени деривати произведени во нејзините фабрики со руска нафта.

Вчера, Европската Унија усвои нов пакет-санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина вклучувајќи построги мерки против кинеските субјекти и повеќе бродови од таканаречената руска флота во сенка, објави денеска Европската комисија во соопштение.

Комисијата подготвува 16-ти пакет-санкции за јануари, кој би можел да вклучи пошироки мерки, како што се рускиот течен природен гас и извозните ограничувања на подружниците на компаниите од ЕУ во трети земји, изјавија извори за „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Полскиот министер: Москва треба да биде принудена на мировни преговори, а не Киев

Објавено пред

Полскиот министер за надворешни работи изјави дека Русија, а не Украина, треба да биде принудена на мировни преговори. Тој ги повика ЕУ и САД да и помогнат на Украина за да постигне подобра преговарачка позиција. „Москва, а не Киев, треба да биде принудена на мировни преговори бидејќи Кремљ е тој што не сака мир“, изјави полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, а пренесува „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Поделбата на задачите треба да биде таква што и САД и Европската Унија ѝ помагаат на Украина да постигне подобра преговарачка позиција за потенцијалните идни преговори, кои треба да бидат поттикнати и принудени од агресорот, а не од жртвата, нагласи политичарот.

Според него, Европската Унија треба да се мобилизира уште повеќе во пресрет на претстојната администрација на Доналд Трамп.

Идниот американски специјален претставник за Украина, Кит Келог, смета дека Доналд Трамп би можел да да ги покани украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и рускиот претседател, Владимир Путин, на преговори во Вашингтон по неговата инаугурација и е убеден дека е можно решение за украинско-руското прашање во следните неколку месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Терористичката организација oд Гостивар планирала напади во Македонија за новогодишните празници, соопшти МВР

Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица, од кои три од Гостивар и едно од Струга за терористичката организација по...

Македонија1 час

Инспекции го тресат Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, се истражува смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денес е во вонредна контрола на работењето на Клиниката за детски болести во Скопје...

Регион2 часа

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за...

Македонија2 часа

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје. Потресот се случи во 11.41 часот, а епицентарот е...

Македонија4 часа

Одземени пасошите на четворица осомничени за „Лотарија“, се одлучува за притвор за Груби и Бајрами

На четворица од осомничените во случајот поврзан со „Државна лотарија на РСМ“ им се одземени пасошите, а во текот на...

Македонија5 часа

ДУИ го завршува својот режим на најлош можен начин, нулта толеранција за криминалот и корупцијата, велат од „Влен“

„Полициските акции за борба против корупцијата и организираниот криминал се доказ дека борбата против криминализираните лица ќе биде безкомпромисна и...

Македонија6 часа

Спречени обиди за шверцување компјутерска опрема за рударење крипто-средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки

Во текот на минатата недела царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за шверцување разна стока, при што е запленета...

Свет6 часа

Трамп: Турција е многу паметна, изврши непријателско преземање без многу жртви

Турција ги контролира бунтовниците кои го соборија поранешниот сириски диктатор Башар ал Асад, изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за...

Европа6 часа

(Видео) Зеленски: Москва користи екстремни тактики за да го прикрие идентитетот на севернокорејските војници

Руската армија се обидува да ги прикрие загубите на севернокорејските војници кои учествуваат во војната против Украина, изјави вчера претседателот...

Европа7 часа

Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Генерал на руските вооружени сили и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва. Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите...

Свет7 часа

(Видео) Урнати згради, уништени автомобили, нарушени комуникациски врски: земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди Вануату

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди Вануату, при што беа оштетени згради и друга инфраструктура....

Регион8 часа

Црна Гора затвори три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора вчера вечер затвори три преговарачки поглавја, со што двојно го зголеми бројот на затворени поглавја во пристапните преговори...

Европа8 часа

Трамп: Ќе разговарам со Путин за крајот на војната во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави на прес-конференција во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида дека има намера да стапи во...

Свет8 часа

(Видео) Нови детали за пукањето во САД: тинејџерка уби наставник и ученик, а потоа се самоуби

Во христијанското училиште Абндант Лајф во Медисон во американската држава Висконсин дошло до пукање во кое загинаа три лица, наставник,...

Македонија18 часа

Обвинителството бара притвор за Груби и Бајрами поради проневера во Државна лотарија, двајцата не се во државата

Обвинителството бара притвор за директорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, поради проневера во Државна лотарија....

Свет21 час

Падна германската влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц, очекувано, го загуби гласањето за доверба, што го отвори патот за предвремени избори на 23 февруари....

Македонија21 час

Почина седуммесечно бебе на Детската клиника

Седуммесечно бебе почина на Клиниката за детски болести. Бебето било примено минатата недела поради сериозен синдром кој зафатил повеќе органи,...

Македонија22 часа

Уапсените за тероризам од Гостивар и Струга планирале напади по примерот на ИСИС

Три лица од Гостивар и едно лице од Струга се приведени поради тероризам. Првоосомничениот е 21-годпишен гостиварец, кој на почетокот...

Македонија22 часа

Тошковски го повика Груби да се врати во земјата поради истрагата за Лотарија, кривична и за поранешен премиер

Против осум физички лица поднесени се кривични пријави поради сомнежи за криминал во Државна лотарија. Министерот за внатрешни работи, Панче...

Македонија23 часа

Мицкоски: Имам сознанија за вмешаност и на други поранешни високи државни функционери за криминал во Државна Лотарија

Од оние информации кои располагам, знам дека постојат основани сомневања за криминал во Државна Лотарија од поедини поранешни високи владини...