Спорт
Олимписката шампионка Загитова направила 544 сообраќајни прекршоци и сè уште има возачка дозвола
Алина Загитова, репрезентативка на Русија во уметничко лизгање, Олимписка шампионка од 2018 година, направила неверојатни 544 сообраќајни прекршоци.
Возачката дозвола ја добила пред пет години и оттогаш само за казни платила 4.500 евра, а се уште доаѓаат нови.
Русинката е казнета 401 пат поради пребрзо возење, 65 пати ги игнорирала сообраќајните знаци, а добила и 18 казни за непрописно паркирање и 14 казни за непрописни свртувања и возење по „жолта“ лента.
Пет пати била фатена како поминува на црвено светло. Годинава и се изречени 197 казни, но и тоа не е доволно да и се одземе возачката дозвола во Русија.
Загитова дури и јавно се фали со своите прекршоци, честопати снимајќи се како со својот „Мерцедес“, поминува на црвено светло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Севилја ги прекина сите односи со Бетис
Фудбалскиот клуб Севилја во средата објави дека ги прекинува сите врски со градскиот ривал Бетис, поради изјавите на претседателот на зелено-белите, Анхел Харо.
Претседателот на Бетис неодамна изјави, по годишниот генерален состанок на клубот, дека „Севилја ќе биде одговорна доколку дојде до зголемување на насилството меѓу навивачите“, што доведе до гореспоменатата реакција од управата на градскиот ривал и одлуката за прекин на официјалните односи со Бетис.
Во споменатата изјава, Харо алудираше на провокацијата на тројца играчи на Севилја по последното дерби меѓу двата тима во октомври и победата на Севилја од 1:0. По завршувањето на дербито, играчите на Севилја Хуанлу Санчез, Хозе Анхел Кармона и Исак Ромеро вееја знаме на кое знак за забрана бил залепен преку грбот на Бетис.
Во зелено-белиот табор овој гест беше сфатен како сериозна провокација, па оттука и зборовите на првиот човек на клубот, за кои во Севилја велат дека се непотребни, претерани и пред се одраз на незрелоста на Анхел Харо и неговиот тим.
Во соопштението за медиумите, Севилја го потсети Харо дека сите тројца играчи кои го вееја контроверзното знаме по дербито беа суспендирани на еден натпревар и потсети дека клубот никогаш не дал никакви изјави, кога улогите биле сменети.
Севилја потенцираше дека навивачите на Бетис далеку подобро од управата ги разбираат и прифаќаат ваквите „провокации“ кои, како што велат, се составен дел од ривалството меѓу двата клуба кое трае со децении.
До дополнително известување, наведуваат, нема да има официјални односи меѓу двата клуба.
Спорт
Парадокс – Осимен продаден за 70 милони, а Лил заработил 10 пати помалку
Трансферот на Виктор Осимен во Наполи е вториот најголем трансфер во историјата на фудбалскиот клуб Лил.
Нигериецот замина во Неапол за 70 милиони евра, повеќе пари клубот заработил само од трансферт на Николас Пепе во Арсенал (80 милиони евра).
Ова се податоците од трансферите, па поради тоа парадоксално звучи податокот дека од трансферот на Осимен во клубот влегле само седум милиони евра.
Ова го откри претседателот на клубот Оливие Летанг за време на гостувањето во една ТВ емисија. Како што наведе, најголем дел од парите отишле кај менаџери, на провизии итн.
„Заработивме повеќе пари од продажбата на Карлос Балеба (во Брајтон за 30 милиони евра) и Амаду Онана (Евертон, 40 милиони евра) отколку од Осимен“, рече Летанг.
Што точно се случило во тој трансфер, кој се смета за најголемото купување во историјата на Наполи, е предмет на истрага на властите во Франција и Италија.
Спорт
Барса им постави ултиматум на Де Јонг и Араухо
Барселона им постави ултиматум на своите играчи Роналдо Араухо и Френки де Јонг.
Клубот од двајцата фудбалери бара тие да потпишат нови договори до крајот на оваа сезона или и двајцата ќе завршат на трансфер листата.
Договорите на Араухо и Де Јонг истекуваат во јуни 2026 година. Клубот сака да ја забрза нивната одлука.
Разговорите со нив ги води лично првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта.
Араухо се уште нема одиграно натпревар сезонава, неодамна започна со тренинзите по повредата која ја доживеаа минатата сезона, а за Де Јонг медиумите шпекулираат дека клубот ќе се обиде да го продаде во јануарскиот преоден рок за 20 милиони евра.
Барселона моментално е лидер во Ла Лига, ист број на бодови, 38 има и Атлетико Мадрид.